Спорт
Фиорентина и Арсенал со гол предност пред реваншот
Одбранбениот играч на Фиорентина Пер Кролдруп со голот во 50-та минута ја донесе посакуваната предност на гостински терен на тимот од Фиренца пред реваншот за две недели, во еден од двата денешни нокаут натпревари од Лигата на шампионите.
Одбранбениот играч на Фиорентина Пер Кролдруп со голот во 50-та минута ја донесе посакуваната предност на гостински терен на тимот од Фиренца пред реваншот за две недели, во еден од двата денешни нокаут натпревари од Лигата на шампионите.
Аријен Робен пред финишот на првото полувреме во го доведе Баерн Минхен во водство по голот од пенал, но Колдруп израмни по само пет минути од второто полувреме.
Фиорентина во 73-та минута остана без Масимо Гоби по опасниот старт врз Ариен Робен а веднаш потоа Баерн се обиде да ја искористи шансата да постигне гол откако гостите останаа со 10 играчи на теренот. Мирослав Клосе, замената за младиот Томас Милер во второто полувреме, го постигна голот за конечни 2:1 за баварскиот тим против Фиорентина.
Во вториот денешен натпревар од Лигата на шампионите, Арсенал против Порто исто така дојде до гол предност на гостински терен и до истиот резултат од 2:1 како тој во Минхен.
Голот за предност на „топџиите“ го постигна ветеранот Сол Кемпбел во 18-та минута откако само седум минути претходно голманот на Арсенал, Лукас Фабијански направи грешка и дозволи топката од Силвестре Варела да му се слизне од рацете и да ја смести во својот гол.
Радамел Фалкао подоцна во 51-та минута погоди за водство на Порто од 2:1 и тој резултат остана до самиот крај на натпреварот на Алијанц Арената во Минхен.
Следните два натпревари од нокаут осминафиналната фаза од Лигата на шампионите ќе се одиграат на 23 февруари каде Штудгарт ќе го пречека Европскиот шампион, екипата на Барселона а Олимпијакос ќе биде домаќин на Бордо./крај/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шекил: Сакам Симонс да ме научи како за 55 натпревари заработи 80 милиони долари
Изјавата на Шекил О’Нил во еден подкаст, во пресрет на почетокот на плеј-офот во НБА лигата, привлече големо внимание во САД.
Еден од најдобрите центри во историјата на кошарката, саркастично одговори на прашањето за кои играчи би платил карта да ги гледа во живо.
„Бен Симонс, затоа што сакам да научам како можеш да заработиш 80 милиони, а да одиграш само 55 натпревари. Научи ме човеку. Научи ме како можеш да одиграш 55 натпревари во три сезони и да добиеш 30 милиони, 40 милиони и уште 40 милиони само за да рекол дека го боли грбот“, рече четирикратниот шампион во НБА.
Симонс во 2016 година беше прв пик на драфтот, го избра Филалделфија, во чии редови беше до 2022 година кога се пресели во Бруклин Нетс. За Бруклин во првата сезона одигра 40 натпревари, а оваа само 15.
Спорт
Педри и Де Јонг ќе бидат подготвени за ПСЖ
Фудбалерите на Барселона, Педри и Френки де Јонг, најверојатно ќе се вратат во тимот за првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен.
„Педри и Де Јонг се повредија на почетокот на месецот на мечот против Атлетик Билбао (0:0) во шпанското првенство, но се опоравија и би можеле да бидат во тимот за дуелот во Париз“, пишува „Мундо депортиво“.
Според оовј извор, Педри веќе почнал сам да тренира, а Де Јонг се уште е на рехабилитација, но наскоро ќе почне да тренира. Лекарскиот тим на Барселона е уверен дека тој ќе биде подготвен за натпреварот против ПСЖ на 10 април.
Андреас Кристенсен и Роналд Араухо имаат проблем со ситни повреди и најверојатно поради претпазливост ќе го пропуштат претстојниот првенствен натпревар во Барселона против Лас Палмас.
Спорт
Тренер на Лестер доби отказ – бил во врска со фудбалерка од тимот
Менаџерот на женскиот фудбалски клуб Лестер сити, Вили Кирк (45) е отпуштен откако со внатрешна истрага било откриено дека го прекршил кодексот на однесување.
Британските медиуми објавија дека Кирк е под истрага за наводна врска со фудбалерка од тимот.
Кирк првично беше суспендиран, а сега е отпуштен, со што заврши неговиот двегодишен престој во клубот.
„По опсежни внатрешни дисциплински постапки и почитување на индивидуалната приватност, Вили го прекрши кодексот на однесување до степен што ја прави неговата позиција неодржлива“, велат од клубот.
Тој му се приклучи на Лестер во јули 2022 година како спортски директор и ја замени Лидија Бедфорд на клупата четири месеци подоцна. Лестер моментално е деветти на табелата во англиската лига.