Спорт
Стефановски „Невидена срамота е да не работи базен во 21 век“
Претставниците на пливачката и ватерполо федерацијата, како и тренери на повеќе клубови меѓу кои и Томи Стефановски денеска го изразија своето незадоволство за одлуката на менаџерите на спортскиот базен „Карпош“ за 600 насто да ги зголемат цените за користење на овој спортски објект.
Претставниците на пливачката и ватерполо федерацијата, како и тренери на повеќе клубови меѓу кои и Томи Стефановски денеска го изразија своето незадоволство за одлуката на менаџерите на спортскиот базен „Карпош“ за 600 насто да ги зголемат цените за користење на овој спортски објект.
Наместо досегашните 360 денари или пет евра по пливачка патека, без издржани аргументи менаџерите на салата „Борис Трајковски“ решиле користењето на една патека за еден пливач, за час и половина да ја зголемат за 27 евра.
На состанокот на кој било решено зголемување на цените, изјави тренерот Методија Ангелевски се открило дека салата „Борис Трајковски“ не е јавно претпријатие (ЈП) како што се кажувало во јавноста, туку тоа е Друштво со ограничена одговорност (ДОО) кое што работи на економска основа за профит. „На фактурите пишува дека е ДОО а не Јавно претпријатие„ изјави Ангелевски.
„Во изминативе 6-7 години пливачкиот спорт се соочува со вакви проблеми. Од моја страна гледано е невидена срамота да не работи базен во 21 век. И како пливач, и како тренер е срамота да имаш вакви услови. Тие што се најмногу засегнати никогаш не се прашани, а денешниот спорт овие услови не ги признава.“ изјави маратонскиот пливач Томи Стефановски.
Откако се отворил базенот по вторпат, во месец ноември минатата година, водата била непријатна за обука, затоа што оптимална температура на водата во базенот е 25-26 степени, а за деца 28 степени. Водата во базенот „Карпош“ постојано била 24 степени а дури и поладна.
Марјан Соколовски на прес – конференцијата изјави дека македонскиот пливач Игор Димовски се подготвува за препливување на каналот Ла Манш на 1 август оваа година, но сегашната состојба на базените таа цел е малку подалечна.
Соколовски додаде дека ниту една влада до сега не се обидела да пронајде решение за овој проблем, но тој е решлив ако се ангажира владата, градот, општината и по некој концесионер.
Во Белград на Ташмајдан користењето на базените го плаќа градот, во Крањ клубовите не плаќаат воопшто за користење на базените, а струјата и затоплувањето е покриено од буџетот. /крај/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.