Контакт

Спорт

Абрамович ги гледаше Челси во живо првпат од 2019

Објавено пред

Роман Абрамович беше на трибините да го гледа својот Челси во дуелот од Лигата на шампионите на гости кај Краснодар, враќајќи се во својата татковина за прв меч во живо на „сините“ по финалето на Лига Европа во 2019 година.

Рускиот милијардер од 2018 година не е вратен во Велика Британија откако земјата му ја одзеде бизнис-визата, и оттогаш живее во Израел, добивајќи државјанство. Абрамович претходно имаше „тајер-1“ британска виза која дозволуваше странци кои ќе инвестираат над 2 милиони фунти во британската економија да добијат престој од 40 месеци.

Абрамович последен пат го гледаше тимот во кој вложи стотици милиони евра во Баку, Азербејџан, кога Челси ги совлада Арсенал со 4:1 за титулата од Лига Европа.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

ЛШ: Челси и Севилја со драматични победа влегоа во осминафинале

Објавено пред

Челси на Френк Лампард го обезбеди местото во нокаут фазата на Лигата на шампионите, откако на гостувањето кај Рен стигна до 2:1 победа во четвртото коло, а во истата група и со слична драма им се прилучи и Севилја по 2:1 победата кај Краснодар.

Со три победи и еден примен гол (9:1 гол-разлика), големите инвестиции на Роман Абрамович се исплатеа во Лигата на шампионите, со можеби најлесното минување на групната фаза досега за „сините“.

Фаворитите во Франција дојдоа во водство во во 22. минута, кога во еден супер-брз напад, Калам Хадсон-Одои доби фантастична долга топка од Мејсон Маунт и ги донесе Челси во водство. Меѓутоа, Рен не се откажаа и подобрата игра во второто полувреме ја крунисаа со гол на Французинот Серху Жираси во 85. минута. Џокер на Лампард беше Оливие Жиру, напаѓачот кој најавува заминување во јануари, во една помалку комична ситуација пред голот на домаќините.

Во Русија, пак, повратникот Ракитиќ уште во четвртата минута постигна супер-гол од работ на шестнасетникот, но дебитантот во ЛШ, Краснодар успеа да израмни преку Бразилецот Вандерсон во 56. минута. Мунир Ел Хадади во 95. минута им донесе пласман и на тимот на Хулен Лопетеги.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 4.КОЛО

ГРУПА Е

Краснодар – Севилја 1:2

Рен – Челси 1:2

Табела: 1.Челси 10, 2.Севилја 10, 3.Краснодар 1, 4.Рен 1

Прикажи повеќе...

Спорт

Мурињо му купи пршут од 500 фунти на Регуилон откако го „сопре“ Марез

Објавено пред

Жозе Мурињо барем е човек кој стои на својот збор. Менаџерот на Тотенхем му купил на својот шпански играч Серхио Регуилон шпански пршут (хамон иберико) од 500 фунти, откако му го ветил тоа ако успее да го сопре Ријад Марез во дербито со Манчестер сити, кое Тотенхем го добија со 2:0.

„Ветување е ветување. Ме чинеше 500 фунти, но јас ги исполнувам моите ветувања“, напиша Мурињо на Инстаграм со фотографија од пршутот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jose Mourinho (@josemourinho)

Прикажи повеќе...

Спорт

„Нема зима“ за газдата на Ред бул – Матешиц доби дивиденда од 343 милиони евра!

Објавено пред

И покрај тоа што пандемијата на КОВИД-19 предизвика стопирање на многу бизниси и спортови, сопственикот на Ред бул, Дитрих Матешиц сигурно нема да гледа со жалење на 2020, откако доби фантастични 343 милиони евра од компанијата.

Сопственикот на двата Формула 1 тимови, Ред бул рејсинг и Алфа Таури, како и фудбалските клубови РБ Лајпциг и Ред бул Салцбург, Матешиц бил добитник на 343 милиони евра како дивиденда за успешната бизнис-година, за да ја додаде сумата на својата процената вредност од 27.5 милијарди долари.

Ред бул исто така исплатиле 211.4 милиони евра дивиденда на семејството на Чалео Јувидја, поранешниот одгледувач на патки од Тајланд, кој го измисли енергетскиот пијалок кој „ви дава крила“ и кој почина во 2012.

Матешиц, поранешен продавач на паста за заби, го откри пијалокот при едно патување во Тајланд во 1984 година, по што заедно со Јувидја ја формираа компанијата Ред бул во 1987 година. 33 години подоцна и 65 победи во Ф1, 76-годишниот Австриец има 49 отсто од акциите во Ред бул, додека 49 отсто се во сопственост на 11 наследници на Јудвија. Преостанатите 2 отсто се во рацете на најстариот син на Јувидја, Чалерм.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Регистрирани се 1039 нови случаи на Ковид-19, починаа 15 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3143 тестирања, а регистрирани се 1039 нови случаи на...

Свет3 часа

Зошто Путин досега не се вакцинирал?

Рускиот претседател Владимир Путин не може да биде меѓу доброволците кои ќе бидат вакцинирани против коронавирусот до крајот на клиничките...

Свет3 часа

(Видео) Маж со секира држеше во заложништво шест деца во Русија

Маж кој држеше шест деца како заложници во стан во Санкт Петербург, се предаде на полицијата.Во стан во предградијата на...

Македонија3 часа

Мухамед Зекири нов генерален секретар на Владата

Поранешниот пратеник Мухамед Зекири е избран за нов генерален секретар во Владата.Одлуката e донесена на последната владина седница одржана денеска....

Европа3 часа

Старските домови во Шпанија први ќе бидат вакцинирани против Ковид-19

Штитениците и персоналот на домовите за стари лица ќе бидат први вакцинирани против коронавирус во Шпанија, изјави министерот за здравство...

Свет4 часа

САД: Повеќе од 190.000 новозаразени со Ковид-19

Во САД 1.083 лица починаа како последица на Ковид-19 во изминатите 24 часа, додека регистрирани се 190.562 нови случаи на...

Спорт5 часа

Ѓоковиќ најдобар во 2020-та година

Моментно најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја завршува годинава на првата позиција на АТП листата. Тоа му појде од рака...

Топ5 часа

Приведен германски државјанин баран и од Интерпол, кај него пронајдени две исчезнати деца

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек за потрага на ул.МАНАПО во Скопје врз основа на издадена меѓународна потерница...

Македонија5 часа

Вонреден инспекциски надзор во болницата во Битола по фотографиите дека пациент прима инфузија покрај починати лица

Министерот за здравство Венко Филипче побара од ДСЗИ да испрати вонреден инспекциски надзор во болницата во Битола како би се...

Македонија6 часа

На инфективните одделенија се лекуваат 814 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 814 пациенти позитивни...

Свет7 часа

Во Шведска стапи во сила ограничувањето на јавни собири на најмногу осум луѓе

Во Шведска стапува во сила ограничувањето на јавните собири на најмногу осум лица како мерка во обид да се запре...

Европа7 часа

Германски научници докажаа дека проветрувањето е поефикасно од прочистувачите на воздухот

Кратко отворање на сите прозорци во училницата неколкупати на ден е многукратно поефикасно отколку да користите прочистувач на воздухот, според...

Свет8 часа

Кина тврди дека коронавирусот најпрвин се појавил во Европа, а не во Вухан

Кина користи нова студија за раното скриено ширење на коронавирусот во Италија за да се доведе во сомневање цврсто заснованата...

Свет11 час

СЗО: Бројот на потенцијални вакцини против коронаворусот се зголеми од 11 на 48

Десетици компании – од стартап до фармацевтски гиганти – се натпреваруваат за производство на безбедна и ефективна вакцина против коронавирусот...

Македонија11 час

„Медијапул“: Десет незгодни прашања во врска со бугарското вето

Бугарскиот портал „Медијапул“ објави прашања до бугарската влада, кои се однесуваат на блокадата за Северна Македонија, со наслов „Десет незгодни...

Македонија12 часа

Свршувачка со 30 и свадба со 90 гости – глоба за скопјани поради организирање собири

Скопското Обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица и еден угостителски објект поради организирање масовни собири за...

Македонија13 часа

За една недела, регистрирани 7.486 новозаразени, над 5.000 излекувани и 204 починати

Скопје и натаму e со најголем број нови случаи и највисока инциденца, a најзастапена возрасна група се лицата над 60...

Свет13 часа

Кина успешно лансира роботизирано летало на Месечината

Кина објави дека успешно лансирала ракета со робот за да собере примероци од камења од Месечината, со што ќе стана...

Македонија14 часа

Заев најави дека не сме далеку од договор со Бугарија, опозицијата бара со декларација да се утврдат позициите

Премиерот Зоран Заев вчера најави дека не сме далеку од договор со Бугарија. Тој рече дека не се разговара за...

Свет14 часа

Администрацијата на Трамп одобри Бајден да почне со преземање на власта

Aдминистрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, даде формално одобрување новоизбраниот претседател Џо Бајден да почне со преземањето на власта....

Досие