Спорт
Абрамович не доби понуда од 3 милијарди фунти

Роман Абрамович добил повеќе понуди за купување на Челси, но ниту една од нив не ги достигнува посакуваите 3 милијарди фунти, тврдат извори на ЕСПН.
Потенцијалните купувачи имаат краен рок до 15 март да дадат понуди до банката од Њујорк, „Рејн груп“, која е задолжена да ја организира продажбата на клубот. Друга причина е што се очекува тогаш да стапи во сила Економскиот криминален закон, со кој ќе се таргетираат бизниси и личности со блиски врски со рускиот претседател Владимир Путин.
Според ЕСПН, понуди стигнале од конзорциумот предводен од швајцарскиот милијардер Хансјорг Вис и од делумниот сопственик на Л.А. Лејкерс, Тод Бели, кој во 2019 година нудеше 2,2 милијарди фунти за клубот. Турскиот бизнисмен Мухсин Бајрак тврдеше дека дал понуда под 2,5 милијарди фунти и останува во преговори, но не се појавија најавените инвеститори од Блискиот Исток.
Ниту една од понудите не достигнала до посакуваната сума на Абрамович најмногу поради проблемите што ги имаше Челси со планираниот редизајн на стадионот „Стемфорд Бриџ“ во еден од најскапите делови на Лондон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Партизан остана без трофеи, но и без тренер
Партизан вечерва го загуби и вториот трофеј во битката со Црвена Звезда откако е поразен со 2:1 во финалето на Купот на Србија. По ова, тренерот Александар Станојевиќ си поднесе оставка.
„Им кажав на луѓето кои го водат клубот дека ако не освоиме трофеј, нема да бидам тренер следната година. Ги известив играчите во соблекувалната дека повеќе не сум тренер на Партизан“, изјави Станојевиќ на прес-конференција по финалето на Купот на Србија.
Партизан има многу поплаки за загубениот шампионски пехар, смета дека Црвена Звезда била фаворизирана во првенството на Србија.
Спорт
Дембеле ја напушта Барселона и се сели во Париз
Фудбалерот на Барселона, Осман Дембеле, одлучил да замине од „Камп Ноу“ и ќе ја прифати понудата на Пари Сен Жермен да се пресели во Париз како слободен агент, открива „АС“.
Францускиот интернационалец кажа „не“ и за најновата понуда за нов договор со Барселона и планира да си замине на истекот од јуни. Речиси сигурно негов следен клуб ќе биде ПСЖ.
Дембеле треба да му се придружи на својот соиграч од француската репрезентација, Килијан Мбапе, а заедно со Лионел Меси да формираат ново напаѓачко трио.
Спорт
Навивачите на Црвена Звезда се откажаа од Пикси: „Никогаш не си бил наш…Сајонара“

Црвена звезда го победи Партизан со 2:1 во финалето на Купот на Србија, а најинтересно беше на трибините на стадионот „Рајко Митиќ“. За време на натпреварот, популарните „Делије“, навивачите на Звезда, му испратија порака на српскиот селектор, легендарниот Драган Стојковиќ Пикси, и се откажаа од него.
„Никогаш не беше твоја, никогаш не беше наш. Секој звездаш се сеќава на деценискиот потоп после тебе. Сајонара“, пишуваше на транспарентот на северната трибина, каде се сместени најверните фанови на Црвена Звезда.
Ова дополнително го продлабочи конфликтот меѓу Црвена Звезда и Пикси.
Стојковиќ првпат дојде на „Маракана“ откако стана прв човек на репрезентацијата во декември 2020 година. Тој дојде во друштво на Стеван Стојановиќ, капитенот на генерацијата на „црвено-белите“ која ја освои титулата европски и светски првак во 1991 година и во која беа и Дарко Панчев и Илија Најдоски.
Во ложата беше и генералниот директор на Црвена Звезда, Звездан Терзиќ, кој често во јавноста зборуваше против Пикси.