Спорт
Адеми: Видов неверување на лицата на соиграчите. Победивме среде Германија
Аријан Адеми, еден од хероите во победата над Германија, за „24 сата“ раскажал што се случувало во Дисбург. Открил дека победата над Германија е една од најголемите во неговата кариера.
Македонија во првите три квалификациски натпревари забележа пораз од Романија и две победи над Лихтенштајн и Германија. Адеми беше асистент за победничкиот гол, што го постигна Елмаз во 85. минута.
„Таков е фудбалот. Поради тоа, ова е најдобрата работа во светот. Патуваш во Германија и сите ти даваат еден промил шанса, а ти се враќаш со три бода. Сепак, оваа победа ќе значи нешто, само доколку ја оствариме конечната цел. Нема да вредат овие три бода доколку не победуваме таму каде што треба да победиме“, рекол Адеми.
Македонија е тема во Европа и два дена по натпреварот во Дисбург. Поради поразот, германските медиуми бараат оставка од селекторот Јоаким Лев.
„Немојте сега да велите дека ги надигравме. Имаше Германија свои шанси, не беше лесно како што се прикажува. Тоа се топ-играчи, фаворити на секое натпреварување, но не се вонземјани“, рекол капитенот на Динамо Загреб и открил што засекогаш ќе му стане врежано во меморијата.
„Неверувањето на лицата на соиграчите кога судијата означи крај на натпреварот. Како да се прашувавме самите дали е можно дека ги победивме Германците на нивен терен. Тие беа многу коректни. Сите се врвни професионалци, кои се однесуваат како им наложува нивната репутација. Сите ни честитаа“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Куртоа се враќа до крајот на сезоната
Tренерот на Реал, Карло Анчелоти денеска изјави дека голманот Тибо Куртоа треба да се врати во тренажен процес за десет дена, пренесуваат шпанските медиуми.
На 20 март Куртоа беше опериран поради скинат менискус на десното колено. Шпанските медиуми потсетуваат дека белгискиот голман требаше да паузира до крајот на сезоната, но Анчелоти тврди дека Куртоа успешно се опоравува.
„Куртоа добро закрепнува, би можел да биде во тимот против Кадиз“, изјави Анчелоти.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Куртоа сигурно ќе го пропушти натпреварот против Реал Сосиедад во Ла Лига, како и првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Баерн.
Натпреварот од 34. коло во шпанското првенство помеѓу Реал и Кадиз ќе се одигра на четврти мај во Мадрид.
Спорт
Евролигата нема да го толерира однесувањето на Атаман
Кошаркарската Евролигата се огласи по бурната реакција и изјава на Ергин Атаман по поразот на Панатинаикос од Макаби, во Атина на стартот од четвртфиналната серија.
Во соопштението на веб-страницата на елитното натпреварување, се нагласува дека е недозволиво Атаман да ги етикетира судиите, дека таков приситсок нема да биде толериран и дека е покрената дисциплинска постапка против тренерот на Панатинаикос.
За потсетување, Атаман веднаш по натпреварот потенцираше дека судиите му доделиле шест поени на Балдивин, бидејќи досудиле два непостоечки, смешни фаули при шут за три поени, но во исто време нагласи дека ПАО продолжува понатаму, до завршниот турнир во Берлин.
Атаман на прес-конференцијата отиде чекор понатаму, велејќи дека ќе го напушти Панатинаикос доколку не избори пласман на завршниот турнир.
Макаби води во четвртфиналната серија со 1-0, вториот меч се игра вечерва повторно во Атина, а потоа следуваат два натпревари во Белград – 30 април и 2 мај, а евентуалната мајсторка ќе се игра на 8 мај во Атина.
Спорт
Гвардиола за Жоао Кансело: Ќе видиме на крајот на сезоната
Жоао Кансело е член на Манчестер Сити, а моментално е на позајмица во Барселона до крајот на сезоната. Прашање е дали Барселона сака да го отткупи неговиот договор, откако Португалецот беше означен како еден од главните виновници за елиминацијата од ПСЖ од Лигата на шампионите и поразот од Реал во Ел Класико.
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека на крајот на сезоната ќе одлучи дали Кансело ќе се врати во клубот, пренесуваат британските медиуми.
„Се уште не сме разговарале за иднината на Кансело во нашиот клуб. Ќе разговараме на крајот на сезоната“, изјави Гвардиола.
Кансело (29) е член на Манчестер Сити од 2019 година. Тој има договор со англискиот клуб до 30 јуни 2027 година.
Вториот дел од минатата сезона Кансело го мина на позајмица во Баерн, а потоа Манчестер Сити го испрати португалскиот фудбалер на едногодишна позајмица во Барселона.
Кансело оваа сезона одигра 36 натпревари за Барселона и постигна четири гола.