Контакт

Спорт

Агуеро стигна до својот 400. гол и ги врати Сити на победите (видео)

Објавено пред

Англискиот шампион Манчестер сити се созеде од драматичното реми (2:2) со Тотенхем во минатото коло, за да стигне до релативно едноставна 3:1 победа на гостувањето во Бурнемаут.

„Граѓаните“ ја преземаа контролата на играта од стартот, и Серхио Агуеро повторно беше човек на одлука, откако уште во 15. минута ги донесе Сити во водство, пред во 43. минута, Рахим Стерлинг да го зголеми водството на 0:2. Сепак, надеж за позитивен резултат кај навивачите на „Вајталити“ остана откако младиот Хери Вилсон постигна магичен гол од слободен удар во судското продолжение за второто полувреме да се почне со достижни 1:2.

Но, „машината“ на Гвардиола не дозволи вакво сценарио, откако во 64. минута по една акција на Давид Силва и Агуеро, одбраната на Бурнемаут несфатливо му дозволи на Агуеро да се дошета во шестнаесетикот и да го постигне вториот гол на мечот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Зијеш: Фудбалот е реално шоу, луѓето се кловнови

Објавено пред

Играчот на Ајакс, Хаким Зијеш призна дека не им верува на луѓето поврзани со фудбалот кој, според него, станал едно големо реално шоу.

Последните недели се шпекулираше со заминување на Зијеш, но засега до тоа не дојде.

„Не сакам луѓе кои се преправаат. Имам сензор на основа на која можам да препознаам кој е искрен, а кој не. Тоа ми е многу важно. Ако некому му верувам, тоа го правам слепо. Во спротивно мислењето на тој не ми е важно. Во фудбалот има многу лажни луѓе, така им верувам само на неколкумина. Се е оба големо реално шоу и станува се полошо. Тоа се кловнови, луѓе кои сакаат да изведат трик. Многумина ме учат што да правам, но јас ќе останам доследен на себе. Не сум загриѓен. Сега сум сконцентриран само на Ајакс, уживам во Амстердам“ – вели 26-годишниот фудбалер.

Прикажи повеќе...

Спорт

Роденденско ветување од Пеп: 100% останувам во Сити и следната сезона!

Објавено пред

Како и да заврши оваа сезона, а изгледа како невозможна мисија Сити да ја одбрани титулата во Премиерлигата, Пеп Гаврдиола ќе остане на клупата на „граѓаните“ и следната сезона. Ова го тврди самиот менаџер на Сити кој минатото лето „го селеа“ најмногу во Јувентус.

„Освен ако од клубот не ме сменат, останувам во Сити 100%. Не зборувам затоа што ги добивме последните два натпревари, туку и ако биде лошо до крајот на сезоната, сигурно никаде нема да одам. Нема таков тренер кој ги добил сите мечеви во кариерата. Уживам да работам со овие момци“ – вели Гвардиола.

Шпанскиот стратег денеска полни 49 години, многу постигна во кариерата, некои го нарекуваат и револуционерен тренер, но години тренерска работа се уште се пред него.

Тренерот на Кристал палас, Рој Хоџсон е 23 години постар од Гвардиола.

„Ако сте на тренинг на 72 години, значи дека ви е многу досадно дома. Нашата работа е убава, работиме со млади луѓе, спортисти, се натпреваруваме. Секој меч е различен. Можеби тоа е причината што Рој и останатите менаџери остануваат тука. Јас нема да се пензионирам утре, ниту следната година, но мислам дека нема да траам толку долго како некои“ – вели Шпанецот.

Прикажи повеќе...

Спорт

Енди Руиз добил милионска понуда за борба со Дилијан Вајт

Објавено пред

Енди Руиз се врати на тренинзите откако неодамна загуби во реваншот од Ентони Џошуа во Саудијска Арабија и во исто време остана без сите титули во тешка категорија кои ги освои токму против истиот противник во Њујорк.

Не е познато кога Руиз ќе се врати во рингот, но Еди Херн, моментно најголемиот боксерски промотор во светот, има идеја.

Херн реле дека на Руиз му е помудена седмоцифрена сума пари за да се бори против Дилијан Вајт, боксер кој има само еден пораз во кариерата.

„Ризичен е тоа меч за двајцата. Ако Дилијан загуби, тогаш неговите соништа за титулата се разбиени. Од друга страна, ако загуби Руиз тоа ќе е негов втор врзан пораз, а тоа не изгледа добро“ – смета Херн.

Вајт се натпреваруваше на истата приредба на која Руиз загуби од Џошуа. Тој до 27-от триумф во кариерата стигна по победата над Мариуш Вах.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија36 минути

Заев: Остануваме отворени за соработка на изборите со сите, освен со ВМРО-ДПМНЕ

Во однос на прашањето за евентуални изборни коалиции, претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска истакна дека СДСМ е политички субјект...

Свет1 час

(Видео) Макрон евакуиран од театарот во Париз, демонстранти се обидоа да влезат во зградата

Француските безбедносни сили го евакуираа претседателот на земјата, Емануел Макрон од театарот Ле Буфе ду Норд во Париз поради напад...

Топ1 час

Разбојниците по кражбата во НЛБ банка го запалиле возилото

Три вооружени лица најверојатно го извршиле грабежот во еокспозитурата на НЛБ банка во Ѓорче Петров.Тие го извршиле грабежот со „опел...

Македонија2 часа

По 20 часа распит, Обвинителството бара притвор за Емил Јакимовски

По речиси 20 часовен распит во полициска станица, Oбвинителството бара притвор за Емил Јакимовски, поранешен член на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен...

Економија3 часа

(Видео) Aнгеловска: Буџетот е во добра кондиција, платите и пензиите ќе бидат исплатени навреме

„Буџетот е во добра кондиција, финансиите се стабилни. Минатата година имавме добра динамика на наплата со реализација на проекцијата за...

Свет3 часа

Седум планинари исчезнаа во лавина во Непал

Најмалку четворица јужнокорејци и тројца непалски водичи исчезнаа во лавина на популарната патека за планинарење во Непал, соопштија властите.         ...

Култура4 часа

Џејми Ли Кертис за „Медена земја“ твитна: Колку совршен филм, воодушевена сум

Македонскиот документарец номиниран за два оскари, „Медена земја“ ги освои симпатиите и на познатите холивудски актерски имиња. What a perfect...

Економија5 часа

Луксембург – земја со најголема минимална плата во ЕУ

Минималната месечна плата во Луксембург се зголеми на 1 јануари и сега изнесува 2,14 илјади евра. Дури и пред ова...

Економија6 часа

Комората на сметководители препорачува: Канцерогените фискални ленти итно да се забранат како во ЕУ

Од 1 јануари годинава во Европската Унија, стапи на сила забраната за употреба на штетната хемиска материја Бисфенол А или...

Свет7 часа

Помпео под притисок да се појави на јавно сослушување за убиството на Сулејмани

Одборот за надворешни работи на Претставничкиот дом на Конгресот на САД испрати обврзувачки повик до државниот секретар Мајк Помпео за...

Спорт7 часа

Михајловиќ: Имав напади на паника во болница, сакав да побегнам низ прозорец!

Екс-српскиот фудбалер, а сега актуелен тренер на калчолигашот Болоња, Синиша Михајловиќ за тв емисијата „Verisimo” раскажа досега непознати детали од...

Свет7 часа

Сменет бразилски министер кој во говор го цитираше Гебелс

Бразилскиот министер за култура е сменет од позицијата, откако што цитираше делови од говор на нацистичкиот шеф на пропаганда Јозеф...

Свет20 часа

Граѓаните од ЕУ нема автоматски да бидат депортирани по брегзитот

Велика Британија нема автоматски да ги депортира граѓаните од Европската Унија кои не побарале да останат во земјата по брегзитот,...

Европа22 часа

Музејот „Лувр“ во Париз затворен поради протести

Музејот „Лувр“ во Париз денеска беше затворен кога десетици демонстранти го блокираа влезот протестирајќи против намерата на француската влада да...

Македонија24 часа

(Видео) Петровска: Погубно за Министерството и граѓаните ќе биде МВР да се претвори во партија

Впечатокот дека се случува хаос во Министерството за внатрешни работи е резултат на избрзаните телеграми од министерот Чулев, вели неговата...

Европа1 ден

Папата за првпат назначи жена на висока позиција во Ватикан

За првпат една жена ќе има висока позиција во Ватикан, бидејќи папата Франциско, поглавар на Римокатоличката црква, ја назначи Франческа...

Свет1 ден

Еден милион морски птици умреле над Тихиот Океан

Дури еден милион морски птици умреле над Пацификот за помалку од 12 месеци, а експертите велат дека е виновна топлата...

Регион1 ден

Грција идната недела ќе добие нов претседател

Грчката влада достави предлог до парламентот за избор на нов претседател на републиката, што ќе се одржи на 22 јануари,...

Топ1 ден

Две деца повредени кога „бе-ем-ве“ излетало на патот Велес – Извор

Вчера во 16:00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес – Извор, по крстосницата за селото Г.Оризари, патничко возило...

Свет1 ден

(Видео) Кралот на кокаинот доби пиво со неговиот лик и име

Мексиканскиот наркобос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман издржува доживотна казна затвор, а неговата ќерка Алехандрина се труди да ја одржи неговата...

Досие