Контакт

Спорт

Агуеро за малку пари ќе игра за Барселона

Објавено пред

Серхио Кун Агуеро од наредната сезона ќе биде играч на Барселона. Каталонските медиуми ги објавија условите од договорот што треба да биде потпишан по завршувањето на финалето во Лигата на шампионите.

Агуеро се согласил да игра за Барселона за значително помала плата од онаа што ја има во Манчестер сити. Аргентинецот за двегодишниот договор ќе добие 10 милиони евра. За споредба, во Манчестер сити тој на годишно ниво заработувал 12 милиони евра.

Агуеро десет години е играч на Манчестер сити, во овој период тој стана најдобар клупски стрелец. Одиграл 388 натпревари, постигнал 258 голови.

Инаку, Кун Агуеро, по десет години се враќа во Ла Лига, каде што во минатото го носеше дресот на Атлетико Марид.

Спорт

Еден натпревар суспензија за Арнаутовиќ

Објавено пред

Марко Арнаутовиќ доби суспензија од УЕФА за навредите кои ги упати кон македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски. УЕФА му одерди суспензија од еден натпревар, што значи дека Арнаутовиќ нема да биде во составот на Австрија против Холандија.

По завршувањето на натпреварот од Фудбалската федерација на Македонија побараа Арнаутовиќ да биде казнет.

Арнаутовиќ во 89.минута го постигна третиот гол за Австрија, а потоа на упати пцости кон Алиоски. Австриецот со српски корени, на етничка основа, го навреди Алиоски.

Поради инцидентот, Арнаутовиќ, упати извинување со зборивите дека „не е расист“.

 

Прикажи повеќе...

Спорт

Гринпис се извинија инцидентот во Минхен – УЕФА потегот го нарече непромислен и опасен

Објавено пред

Меѓународната еколошка организација Гринпис, се извини за инцидентот што го предизвика нивниот активист, пред почетокот на натпреварот помеѓу Франција и Германија во Минхен.

Активистот на Гринпис со мал падобран и натпис „Kick out Oil“, се појави над тревникот на „Алијанц арена“. Портпаролот на Гринпис, Бенџамин Стефен, рекол дека тоа не била нивната намера.

„Целта беше тој да го прелета стадионот и да пушти топка на која беше напишана пораката“, рекол Стефен.

Тој дополнил, дека активистот имал проблем при летот, поради што морал да слета на стадионот. Активистот при падот удрил во кабелот на висечката камера. Неколку луѓе морале да побараат лекарска помош.

УЕФА оваа акција ја нарече „непромислена и опасна“, со надеж дека ќе бидат спроведени неопходните правни мерки.

Прикажи повеќе...

Спорт

Суарез: Со Меси на теренот не сум пријател

Објавено пред

Аргентина и Уругвај, во сабота од 2 часот по македонско време, ќе се сретнат во второто коло на Копа Америка. Ова ќе биде првиот натпревар за Уругвај на Копа Америка, додека Аргентина во првата рунда одигра 1:1 со Чиле.

Дуелот на традиционалните ривали, ќе го обележат големите пријатели Лионел Меси и Луис Суарез, кои минатата сезона беа соперници Ла Лига. Суарез на Атлетико им ја донесе шампионската титула во Ла Лига, додека Меси со Барселона заврши на третото место.

Не е тајна дека Суарез и Меси се големи пријатели, зад себе имаа неколку брилијантни сезони како соиграчи во Барселона.

„Пријателството ќе престане кога ќе почне натпреварот. ие 90 минути нема да бидам пријател со Меси. Исто е и кога Атлетико игра против Барселона. Сакам мојот тим да победи, се ќе направам тоа и да се случи. Откако ќе поминат тие 90 минути повторно се ќе биде по старо“, рекол Суарез.

Искусниот напаѓач смета дека Уругвај има свои шанси, иако потенцира дека Аргентина е фаворит.

„Имаат одличен тим. Особено во нападот. Многу се опасни. Но, како и секоја екипа имаат и свои лоши страни. Ние треба тоа да го искористиме и да се обидеме со победа да го отвориме првенството“, истакнал Суарез.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Заев: Изгубен е Мицкоски, ако некој го најде, нека го врати во ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот Зоран Заев реагира на обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека македонскиот идентитет е изгубен и дека утре...

Македонија1 час

Регистрирани 15 нови случаи на Ковид-19, нема починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.802 тестирања, а регистрирани се 15 нови случаи на...

Македонија2 часа

Отфрлена пријавата за Џафери и за пратениците што се појавија во Собрание заболени од коронавирус

Основното јавно обвинителство Скопје ги отфрли кривичните пријави поднесени од ВМРО-ДПМНЕ и Левицата против претседателот на Собранието, Талат Џафери, и...

Свет2 часа

(Видео) Путин пристигна во Женева, портпаролот откри во какво расположение е рускиот лидер пред состанокот

Денеска, во Женева се одржува историска средба меѓу рускиот претседател, Владимир Путин, и американскиот претседател, Џо Бајден. Портпаролот на Кремљ,...

Македонија4 часа

ЕУ ја стави Македонија на листата безбедни земји за патување

Европската Унија одлучи да ја стави Република Северна Македонија на списокот на земји што се безбедни за патување, пренесуват европските...

Свет6 часа

Борел: Три принципи во новата стратегија на ЕУ кон Русија

Новата надворешнополитичка стратегија на ЕУ кон Русија ќе се заснова на три принципи: одбивање, воздржаност и соработка, изјави високиот претставник...

Регион6 часа

Нови мерки во Србија – дозволени се матурски прослави, угостителите може да работат и на затворено

Поради постабилната епидемиолошка состојба во Србија, од денес во сила се нови мерки, од кои повеќето се однесуваат на угостителските...

Македонија6 часа

Од денеска нема полициски час, дозволени се веселби и настани на отворено

Од ноќеска на полноќ престана да важи одлуката за полициски час, а се укина и ограничувањето на работното време на...

Свет7 часа

Средбата Путин – Бајден во Женева под строго засилени мерки

Денеска, во Женева, американскиот претседател, Џо Бајден, ќе се сретне со рускиот претседател, Владимир Путин, и тоа ќе биде нивна...

Економија7 часа

Денеска се затвора јавниот повик за ваучери за одмор на работници со ниски приходи

Министерството за економија ги известува граѓаните дека заклучно со денешниот ден, 16 јуни (среда), се затвора јавниот повик за издавање...

Свет8 часа

(Видео) Израел бомбардира позиции на Хамас, прекршено примирјето во Појасот Газа

Израел синоќа ги бомбардира позициите на Хамас, со тоа беше прекршено примирјето во Појасот Газа, јавуваат светските агенции. Израелската страна...

Топ23 часа

Пронајдени 1.243 стебла марихуана во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид

Полицијата пронајде 1.243 стебла марихуана во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Според информациите на МВР, приведени се две...

Македонија1 ден

28 новозаразени од коронавирус, нема починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, а регистрирани се 28 нови случаи на...

Македонија1 ден

Актерката Силвија Стојановска доби три и пол години затвор поради учество во шверц на кокаин

Затворска казна од 3,6 години доби актерката Силвија Стојановска за транспортот на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија. Нејзиниот...

Македонија1 ден

Филипче ја прими грчката донација од 20.000 дози вакцини од „Астра зенека“

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека денеска пристигнала донацијата од 20.000 дози вакцини на „Астра зенека“...

Свет1 ден

„Политико“: Има пет работи поради кои Бајден ја сака Европа, една од нив е Балканот

Малкумина американски претседатели стапиле на таа функција со толку многу поминати километри во меѓународни патувања како што е Бајден, пишува...

Македонија1 ден

Вчера се аплицирани 4.840 вакцини, прва доза примиле 3.222 граѓани

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 259.935 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.222 граѓани,...

Македонија1 ден

Кацарска: Ниту еден политичар не може да ми влијае за некој предмет

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, тврди дека врз неа не може да влијае ниту еден политичар ниту, пак, да...

Свет1 ден

Израел ги укина маските во затворено

Министерството за здравство на Израел објави дека од денеска веќе не важи обврската за носење заштитни маски во затворен простор....

Македонија1 ден

Владата ќе одлучува за укинување на полицискиот час

На седница што ќе почне денеска во 13 часот, според соопштение од владините служби, на дневен ред пред министрите за...

Досие