Спорт
Ако не избори место во ЛШ Симеоне ќе остане без договор

Атлетико Мадрид до крајот на сезоната ќе води жестока борба за пласман во Лигата на шампионите. Во саботата, Атлетико доживеа пораз во Баскија од Алетик Билбао (2:0), но остана на четвртата позиција со три бода повеќе од Бетис и пет од Реал Сосиедад. До крајот на сезоната во Примера има уште четири кола.
Доколку се случи Атлетико да остане без пласман во Лигата на шампионите, тренерот Диего Симеоне ќе го напушти клубот. Аргентинецот, во 2021 година го продолжи договорот до 2024 година.
Новинаот на Кадена КОПЕ, Антонио Риус, тврди дека во договорот на Синеоне постои клаузула, која ги суспендира договорените обврски доколку тимот не избори пласман в Лигата на шампионите.
Доколку се случи тоа, тогаш клубот и тренерот треба повторно да седнат и да преговараат.
Инаку, според шпанските медиуми, голема е веројатноста Симеоне да го напушти клубот и доколку Атлетико избори место во Лигата на шампионите.
Во последните четири кола Атлетико игра со Реал, Елче, Севилја и реал Сосиедад, а Бетис за притивници ќе ги има Барселона, Валенсија, Гранада и Реал Мадрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Вилјареал, за крај, ја преслуша Барса на „Камп Ноу“

Вилјареал беше поуспешен од Барселона, победи со 0:2 на „Камп Ноу“ и се пласира во Конференциската лига на УЕФА. Педраза го отвори резултатот во првото полувреме, а Мои Гомез го потврди триумфот.
Рафа Мир погоди за минимален триумф (1:0) на Севилја против Атлетик Билбао.
Атлетико Мадрид славеше на гости со 1:2 против Реал Сосиедад. Родриго де Пол и Анхел Кореа беа стрелци за тимот на Диего Симеоне.
Спорт
Бадел 1862 нов кошаркарски шампион кај дамите

По две сезони, кошаркарките на Бадел 1862 го вратија шампионскиот трофеј во своите клупски витрини. Избраничките на Перо Стамески, уште еднаш предводени од извонредната репрезентативка Александра Стојановска, го запишаа третиот триумф во финалната серија над шампионот од ланската сезона, Баскет Кам 2011 овој пат со 71:77.
Александра Стојановска се закити и со признанието најкорисен играч. На овој натпревар репрезентативката запиша 27 поени и шест асистенции. Седум поени помалку за Бадел 1862 на овој натпревар постигна Матхеу. Двоцифрена со 12 поени беше уште една репрезентативка во жолто синиот дрес, Нена Трајчевска.
За таборот на Баскет Кам 2011 на денешниот натпревар, последен за оваа финална серија, Алексиќ постигна 25 поени, 18 придодаде Пуљизовиќ.
Спорт
Партизан со урагански триумф над Будуќност до финале во АБА

Кошаркарите на Партизан се првите финалисти на плеј-офот на АБА лигата. Тие вечерва во решавачкиот меч од полуфиналната серија убедливо го совладаа Будуќност со резултат 101:77 и со 2:1 во победи изборија пласман во финалето.
Тоа ќе биде прво финале на Партизан во ова натпреварување по долги девет години, а за титулата ќе се бори против подобриот од второто полуфинале, Црвена Звезда – Цедевита Олимпија, кое се игра утре.
До полувремето Партизан обезбеди 22 поени разлика (52:30) и беше јасно дека „црно-белите“ се блиску до финалето.
Кевин Пантер беше стрелец на 30 поени, а Зак Ледеј постигна 16. Во тимот на Будуќност, Диџеј Сили уфрли 17 поени.