Контакт

Спорт

Алегри го спречил трансферот на Донарума во Јувентус

Објавено пред

Масимилијано Алегри, ова лето, се врати на клупата на Јувентус. Една од првите работи што ги направил по враќањето била да го стопира трансферот на Џиџи Донарума. Голманот на италијанската репрезентација, долго време се поврзуваше со Јувентус, на крајот како слободе играч се пресели во ПСЖ.

„Газета дело Спорт“, тврди дека Алегри им замерил на челниците дека му понудиле на голманот преголема плата.

„Јувентус имаа договор со Донарума. Голманот не потпиша договор со нив бидејќи Алегри сметаше дека платата од 10 милиони евра по сезона е преголема“, пишува „Газета дело Спорт“.

Прашање е дали Алегри веќе на почетокот на сезоната жали за оваа своја одлука. Голманот Војчех Шчесни, имаше катастрофални реакции во првото и третото коло, против Удинезе односно Наполи.

Поради неговите грешки Јуве освоија само бод кај Удинезе (2:2) и доживеаја пораз од Наполи (2:1).



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Лукаку си замина од Интер за да добие двојно поголема плата

Објавено пред

Ромелу Лукаку го комплетираше трансферот од 115 милиони евра од Интер во Челси за да ја „удвои“ својата плата, тврди генералниот директор на Интер, кој вели дека „нераѕурите“ немале проблем да се разделат со Белгиецот и да го заменат со Един Џеко.

Фановите на Интер беа лути на одлуката да се продаде Лукаку, кој постигна 64 гола во 95 меча за италијанскиот шампион, но искусниот Џеко засега се покажува како виситнска замена со 7 гола оваа сезона и Марота вели дека бизнисот бил добар.

„Лукаку беше продаден за 115 милиони евра, а го донесовме Џеко на слободен трансфер. На теренот, нема голема разлика. Лукаку си замина за да добие двојно поголема плата, бидејќи во Италија такви бројки не постојат. Денеска не сме во позиција да инвестираме во засилувања и нема шанси да платиме 75 милиони евра за Лукаку. Потребно е намалување на трошците“, вели Марота во интервју за „Кориере дела сера“.

Прикажи повеќе...

Спорт

Тајсон Фјури и Олександер Усик посебни гости на СП во Белград?

Објавено пред

ВБЦ светскиот шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури може да се сретне со носителот на другите титули, Украинецот Олександер Усик во Белград, како гостин на организаторите на Светското првенство во бокс, јавува хрватскиот весник „Вечерњи лист“.

Фјури неодамна потврди дека е најдобриот во тешка категорија на денешницата, нокаутирајќи го Дионтеј Вајлдер во 11. рунда од нивиот фантастичен меч во Лас Вегас.

Светското првенство во бокс се враќа во Белград првпат од 1978 година и ќе се оддржува од 24 октомври до 6 ноември.

Прикажи повеќе...

Спорт

Кинезите го бришат Бостон селтикс поради коментарите на Кантер

Објавено пред

НБА мечевите на Бостон селтикс веќе не се достапни за гледање во Кина, откако нивниот турски кошаркар Енес Кантер во видео го нападна кинескиот лидер Ши Џинпинг за „културниот геноцид“ во Тибет.

Во порака до кинескиот претседател и неговите „полтрони“, Кантер побара „слободен Тибет“ појавувајќи се во видео со Далај Лама, предводникот на тибетантскиот будизам.

„Под бруталното владеење на киексата влада, основните човекови права и слободи за Тибетанците се непостоечки. Не им се дозволува да го учат нивниот јазик и културата и немаат слободен пристап на информации. Повеќе од 70 години, не им се дозволува да ги практикуваат своите верски обичаи. Велам, срам за кинеската влада. Кинеската диктатура го брише тибетанскиот идентитет и култура“, вели Кантер во видеото.

По ова, „Тенсент“, кинеската ТВ-мрежа која плати 1.5 милијарди долари да го продолжи договорот со НБА во 2019, ги отстрани сите соддржини во кои се Бостон селтикс, а портпаролот на министерството за надворешни работи Ванг Венбин порача дека Тибет е дел од Кина. Според истражувањата Бостон се шестиот најпопуларен НБА клуб во огромниот кинески пазар.

Ова не е првпат Кантер да се најде во центар на политички контроверзи – во неговата татковина Турција тој е персона нон-грата поради критиките кон претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Регистрирани 411 нови случаи на Ковид-19, пријавени се 4 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа биле направени 3.209 тестирањe,...

Свет19 минути

Вакцината на „Фајзер“ со ефикасност од 90,7 % кај деца на возраст меѓу 5 и 11 години

Неодамнешните истражувања покажаа дека вакцината на „Фајзер“ против коронавирус е 90,7 проценти ефикасна во спречувањето на симптоматски инфекции кај деца...

Свет3 часа

(Видео) Емотивно во Брисел на последниот самит на Меркел – канцеларката испратена со овации

Лидерите на ЕУ собрани на самитот во Брисел со внатрешна церемонија се простија од Ангела Меркел, за која ова беше...

Економија4 часа

Лидерите на ЕУ бараат итни мерки против поскапувањето на горивата и струјата

Денеска, на самит во Брисел, лидерите на Европската Унија се согласија за серија мерки што на краток рок треба да...

Македонија5 часа

260 луѓе целосно вакцинирани починале од Ковид-19 од август до сега

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид-19, во период од 6 август заклучно со...

Топ7 часа

Скопјанец фатен со 45 килограми марихуана во Прилеп

Основното јавно обвинителство Прилеп отвори истрага против едно лице од Скопје, на возраст од 31 година, за неовластено производство и...

Свет9 часа

Алек Болдвин усмрти камерманка на снимање на филм со куршум од реквизит

Актерот Алек Болдвин (68) со куршум од реквизит ја застрела камерманката Халина Хачинс (42) и го повреди режисерот Џоел Соуз...

Регион23 часа

Во Србија над 7.000 новозаболени и рекордни 59 починати

Во последните 24 часа во Србија починаа 59 лица, а потврдени се 7.327 нови случаи на коронавирус. Според локалните медиуми,...

Македонија1 ден

Во Македонија потврдени 490 нови случаи на коронавирус, починаа 11 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 490 нови случаи на коронавирус, а 11 лица починаа, информира Министерството за...

Топ1 ден

Жена загина во сообраќајна несреќа на патот Скопје – Тетово

Четириесет и петгодишна жена загина во сообраќајна несреќа што се случила утринава на патот Скопје – Тетово. Според информациите на...

Македонија1 ден

35 Авганистанци ја напуштија земјава и заминаа за Грција каде што ќе добијат траен престој

35-мина граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во Северна Македонија денеска заминаа за Грција, која им обезбеди трајно прибежиште, информираа...

Македонија1 ден

Единствениот лек против Ковид-19 ќе биде достапен и во Македонија

Министерството за здравство ја информира јавноста дека ќе го набави лекот „молнупиравир“, единствен лек против Ковид-19. Министерството стапило во контакт...

Европа1 ден

(Видео) Силно невреме ја парализира Западна Европа – 250.000 луѓе во Франција останаа без струја

Околу 250.000 француски домови останаа без струја, а поради силните ветрови сообраќајот е во прекин во делови од северна Франција,...

Македонија1 ден

Во текот на вчерашниот ден се вакцинирале над 2.000 граѓани

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.919 дози вакцини, од кои 565 се аплицирани како прва доза, 1.286...

Топ1 ден

Пресечен меѓународен транспорт на дрога од Албанија за Грција, вреден 200.000 евра

Во заедничка полициска акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје...

Свет1 ден

(Видео) Експлозија на гас уништи цел ресторан во Кина, има загинати и повредени

Најмалку тројца луѓе загинаа, а повеќе од 30 се повредени во експлозија на гас во ресторан во градот Шенџијанг во...

Свет1 ден

Трамп го возвраќа ударот – најави отворање на нова социјална мрежа

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп објави дека ќе отвори своја социјална мрежа наречена Truth Social, откако во јануари беше...

Свет1 ден

Мелбурн се подготвува да излезе од најдолгиот „локдаун“ во светот

Милиони луѓе во Мелбурн се подготвуваат да излезат од најдолгото затворање поради Ковид-19 во светот, иако бројот на случаи сè...

Економија2 дена

Биткоинот достигна досега највисока цена

Биткоинот денеска достигна рекордна цена, во моментот е над 66.000 долари. Криптовалутата се зголеми над претходниот максимум од 64.889 долари...

Свет2 дена

Ужас во Франција – пронајдено обезглавено тело на маж со извадена утроба

Тело на маж без глава и отстранета утроба е пронајдено во малиот француски град Болен. Полицијата интензивно трага по Алекс...

Досие