Спорт
Алегри му порача на Роналдо: Сега очекувам многу повеќе од тебе
Старо-новиот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри, порача дека Кристијано Роналдо мора да даде блескав пример на младите фудбалери во тимот додавајќи дека очекува многу повеќе од португалската мегаѕвезда.
Роналдо во понеделникот се врати во Торино по неколку месеци шпекулации за неговата иднина во клубот и сега има уште 12 месеци од својот договор. Павел Недвед, потпретседателот на клубот, инсистира тој да остане, но Алегри предупреди дека ќе мора да биде многу подобар кога ќе почне новата сезона.
„Роналдо е голем играч и умно момче. Зборував со него вчера, како и со остатокот од тимот. Му порачав дека пред нас е важна сезона и дека сум среќен што повторно се среќавам со него, но сега има поголема одговорност. Пред три години имавме поискусен тим, сега имаме млади играчи. Очекувам многу од него во смилса на одговорност, а сигурен сум дека е фит и во добра форма“, вели Алегри.
Роналдо беше клучен во последната сезона од првиот договор на Алегри постигнувајќи 21 гол во 31 меч за да ја освојат титулата. Тој го повтори тоа и во 2019/2020 под водство на Маврицио Сари, но минатата сезона ја загубија титулата од Интер и покрај тоа што Роналдо даде 36 гола во 44 настапи за „бјанконерите“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.
Спорт
„Мундо депортиво“: Зидан се договорил со Баерн Минхен
Зинедин Зидан ќе биде новиот тренер на Баерн Минхен, пренесува каталонскиот „Мундо Депортиво“. Зидан е без работа откако го напушти Реал Мадрид пред три години.
„Дознаваме дека преговорите се при крај, дури и двете страни сметаат дека се е готово и практично завршено. Зидан само побарал да му се доведат засилувања, особено во одбраната“, тврдат овој извор.
Зидан планираше да стане селектор на Франција, но Дидие Дешамп и понатаму останува на таа позиција. Од друга страна, Баерн, кој по 11 години остана без титулата германски шампион, сакаше да го доведе германскиот селектор Јулијан Нагелсман, но тој го продолжи договорот до 2026 година.
Претходно ПСЖ и Манчестер јунајтед се обидоа да го доведат Зидан, но тој ги одби нивните понуди.
Зидан, 51-годишникот од Марсеј, освои три ЛШ со Реал Мадрид, две шампионски титули на Шпанија, по два УЕФА и шпански Суперкупа, две титули на Светското клупско првенство…