Контакт

Спорт

Александер-Арнолд: Го потценив Рашфорд и тој ме уништи (видео)

Објавено пред

Бекот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд вели дека најтешката индивидуална битка во Премиер лигата ја имал во 2018 година против Манчестер јунајтед, кога го „потценил“ Маркус Рашфорд и тој успеал да го надигра.

Во тој меч, Жозе Мурињо го постави Рашфорд на левата страна и тој постигна два гола во првите 24 минути за 2:1 победа на 10 март 2018 година. 21-годишниот Александер-Арнолд го имаше својот 15-ти старт во Премиер лигата и признава дека бил „уништен“ пред да биде заменет во 80-тата минута и додава дека и покрај борбите со Лионел Меси и Кристијано Роналдо, тоа му останува најтежок меч.

„Тој дуел со Јунајтед беше најтежок во смисла на директен противник и некој кој ме совлада во професионалниот фудбал. Секако, го потценив, но мислам дека научив многу. Како фудбалер на Ливерпул, меч со Јунајтед е најлошото можно време да имаш таков натпревар. Го мразев“, вели Александер-Арнолд.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Шпанија ја победи Црна Гора, лудо реми на Италија и Грција

Објавено пред

Два дерби натпревари се одиграа на ватерполо турнирот во Токио. Шпанија славеше над Црна Гора 8:6, додека Итаија и Грција одиграа нерешено 6:6.

Шпанците ја истакнаа кандидатурата за златниот медал на олимпискиот турнир. По победата над Србија (13:12) во првото коло, во второто ја победија Црна Гора со 8:6. Во пресрет на уште едно дерби, против Хрватска, Шпанците се лидери во групата.

Грција и Италија одиграа неверојатен меч во А-групата. На крајот немаше победник 6:6.

Грците, од финишот на втората четвртина ја започнаа серијата од 5:0, од 1:2 дојдоа до 6:2, при тоа не им дозволија на Италијанците да постигнат гол во третиот период.

Сепак Италија избегна пораз благодарение на кукавичката игра на Грците во решавачкиот период, во кој се решија да го браната својот гол и да играат долги напади. Италија успеа да израмни на 66 и притоа да промаши напад за победа.

Прикажи повеќе...

Спорт

Крај на 20-годишниот пост – Прво олимписко финале за Македонија

Објавено пред

Дејан Герогиевски го прекина 20 годишниот пост на Македонија на Олимписките игри. 22-годишникот од Скопје, го обезбеди сребрениот медал во таеквондо, во категоријата од над 80 килограми. Георгиевски ќе биде запишан во историјата на македонскиот спорт, тој е првиот Македонец што успеа да се пласира во едно олимписко финале.

Дејан Герогиевски со три победи и го донесе на Македонија вториот олимписки медал во историјата. Пред две децении, борачот Могамед Ибрахимов освои бронза во Сиднеј.

На патот до финалето, Георгиевски најпрвин го победи светскиот првак, Рафаел Алба Кастиљо со 11:8, потоа во второто коло со 9:4 беше поуспешен од СејдуГбане од Брегот на Слоновата коска, а за пласман во финалето убедливо со 12:6 славеше над Ин Кјо Дон од Јужна Кореја.

Ривал во финалето на Георгиевски ќе му биде најголемиот фаворит во оваа категорија, репрезентативецот на Русија, Владислав Ларин.

Финалето е на програмата од 14:45 часот.

Прикажи повеќе...

Спорт

Белоти на пат кон „Рамон Санчез Писхуан“

Објавено пред

Италијанскиот репрезентативец Андреа Белоти кариерата ќе ја продолжи во шпанската Ла Лига.

„Спорт Италија“, тврди дека Торино и Севилја го договориле неговиот трансфер.

Договорот на Белоти со Торино истекува наредното лето, што значи дека овој преоден рок е последна шанса клубот да заработи од неговиот трансфер.

Претседателот на Торино, Урбано Каиро, за напаѓачот бара 35 милиони евра. Со Севилја тој договорил размена со доплата.

Торино од трансферот на Белоти ќе заработи 15 милиони евра и од Севилја ќе го добие крилниот напаѓач Мунир ел Хадади.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Заев: 17 октомври е датумот за локалните избори

И покрај дилемите за тоа дали кампањата за локалните избори ќе се поклопи со претстојниот попис, премиерот Зоран Заев денеска...

Европа1 час

(Видео) Силна експлозија го потресе Леверкузен: Жителите добиле предупредување за екстремна опасност

Силна експлозија ги потресе куќите во германскиот град Леверкузен. Снимките од социјалните мрежи покажуваат како се крева огромен облак од...

Спорт2 часа

Крај на 20-годишниот пост – Прво олимписко финале за Македонија

Дејан Герогиевски го прекина 20 годишниот пост на Македонија на Олимписките игри. 22-годишникот од Скопје, го обезбеди сребрениот медал во...

Македонија2 часа

Само 0,02 отсто од вакцинираните со две дози во Македонија заболеле од коронавирус

Вкупно 92 лица од 330.000 кои се ревакцинирани заболеле со коронавирус, објави министерот за здравство, Венко Филипче. Ова, додаде тој,...

Европа3 часа

Во ЕУ вакцинирани 70 отсто од возрасните, две дози примиле 57 отсто

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека целта од 70 проценти вакцинирани од возрасните лица во Европската...

Спорт3 часа

Георгиевски обезбеди сребро на ОИ во Токио

Дејан Георгиевски избори пласман во финалето на олимпискиот турнир во таеквондо, во категоријата над 80 килограми. Во полу-финалето, Георгиевски го...

Македонија4 часа

Спасени планинари од Чешка на Шар Планина

Група планинари од Чешка вчера вечер се спасени од Шар Планина. Тие залутале, а околу 18 и 30 часот се...

Свет15 часа

(Видео) Песочна бура проголта град во Кина

Песочна бура висока речиси 100 метри зафати град во северозападна Кина, при што целиот град остана покриен со прашина. На...

Европа15 часа

Украинскиот напад ќе заврши со колапс, одговори Русија по изјавите за нова офанзива на Киев

Коментирајќи ја позицијата на поранешниот заменик-министер за привремено окупираните територии на Украина, Јуриј Гримчак, кој повика на подготовка на армијата...

Европа16 часа

Стапката на заразени од коронавирус во Европа се зголемува, предупредува СЗО

Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека стапката на ширење на коронавирусот е забрзана во некои европски земји, пренесуваат светските...

Европа16 часа

(Видео) Јужна Европа се бори со пожари, најлошо е во Грција и Италија

Шумските пожари, потпомогнати од горештините и силните ветрови, денеска зедоа замав во јужна Европа, а некои северни земји ги расчистуваат...

Регион18 часа

Радев: Нема да дозволиме кршење на правата на Бугарите во Северна Македонија

Бугарија е најсилниот поддржувач на проширувањето на ЕУ, но не може да дозволи кршење на правата на граѓаните на Република...

Македонија22 часа

Двајца починати и 10 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 10 нови случаи на коронавирус, две лица починаа, а 16 пациенти оздравеа,...

Економија24 часа

Поевтинуваат горивата

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 1,5 и за 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Македонија1 ден

(Видео) Јанакиески за притворот: Ова е малтретирање и изживување со човекови судбини

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, по објавувањето на пресудата за „27 април“ со која беше осуден на 6...

Македонија1 ден

Пресуда за Вељаноски, Ристовски, Јанакиески и Атанасовски – осудените плански го организирале упадот со цел да се зачува власта

Судот ги изрече пресудите за организаторите за упадот во Собранието на 27 април –  поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е...

Македонија1 ден

Трајко Вељаноски осуден на 6,5 години затвор, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески на 6 и 3 месеци, а Владимир Атанасовски на 6 години затвор

На судењето за организаторите за упадот во Собранието на 27 април, поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е осуден на...

Европа1 ден

(Видео) Големо невреме во Лондон: Поради поплави затворени осум метростаници и две болници

Силен дожд и грмотевици го погодија Лондон што предизвика поплави во некои делови на главниот град на Британија, поради што...

Македонија1 ден

Заев: Скопје никогаш нема да заборави на жртвите од земјотресот и солидарноста по него

Катастрофалниот земјотрес пред 58 години за само 20 секунди го запре животот на Скопје и им го одзеде животот на...

Свет1 ден

Фаучи: Најверојатно ќе биде потребна трета доза од вакцината

Водечкиот американски експерт за инфективни болести, Ентони Фаучи, процени дека на вакцинираните Американци чиј имунолошки систем е загрозен, може да...

Досие