Контакт

Спорт

Алкараз го победи Нори, Медведев го елиминира бранителот на титулата

Објавено пред

Данил Медведев одлично го искористи заморот на Џек Дрејпер по победата против Новак Ѓоковиќ, а Карлос Алкараз го оствари посакуваниот реванш против Камерон Нори на мастерсот во Индијан Велс.

Четвртфиналето на Мастерсот во Индијан Велс заврши со триумфи на играчи кои се во победнички низи.

Алкараз е непоразен оваа година, тој ја забележа својата 16-та победа против Британецот од почетокот на сезоната – 6:3, 6:4.

Медведев има пократка низа зад себе, тој дојде во Калифорнија по титулата во Дубаи, а успехот против бранителот на титулата беше негов осми по ред – 6:1, 7:5. Тој ги доби сите овие средби со максимален резултат, па има освоено 16 сета во серијата.

Алкараз и Медведев ќе се сретнат во полуфиналето. Алкараз има предност против Медведев, води со 6:2 во меѓусебните натпревари, а двата претходни ги доби токму во Индијан Велс.

И двата пати го победи Русинот тука во финалето, во 2023 и 2024. Медведев ги освои сите Мастерс турнири на тврди подлоги освен овој.

Јаник Синер и Александар Зверев ќе се сретнат во второто полуфинале.

Foto/ depositphotos



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Загина Алекс Манингер

Објавено пред

Поранешниот голман на Ливерпул, Арсенал и Јувентус, Алекс Манингер, загина во сообраќајна несреќа во четврток.

Поранешниот голман на австриската репрезентација почина на 49-годишна возраст на необезбеден железнички премин, соопшти локалната полиција.

Неговиот автомобил бил удрен од воз на локалната железница, а ударот бил толку силен што возот го турнал возилото стотици метри по шините.

Лекарите ја прогласиле смртта на некогаш врвниот спортист набргу по пристигнувањето на местото на настанот.

Манингер беше клучна фигура во освојувањето на двојната круна за Арсенал во 1998 година, кога брилијантно го замени повредениот Дејвид Симан.

Подоцна, тој беше сигурна поддршка за Џанлуиџи Буфон во Јувентус многу години, а играше и за Салцбург, Грацер, Еспањол, Торино, Болоња, Сиена, Фиорентина, Удинезе, Аугсбург.

Ја заврши кариерата во 2017 година во Ливерпул, каде што им помагаше на младите голмани под водство на Јирген Клоп.

Тој одигра 33 натпревари за репрезентацијата, а беше учесник и на Европското првенство во 2008 година.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Фрајбург ја размонтира Селта

Објавено пред

Фудбалерите на Фрајбург ја декласираа Селта во реваншот со 3:1 и со вкупен резултат од 6:1 се пласираа во полуфиналето на Лигата на Европа.

Се очекуваше шпанскиот тим да ја одбрани својата чест по рутинскиот пораз во Германија, но и во овој натпревар играше само еден тим.

Селта беше поагресивна на почетокот, сакаше да постигне брз гол, но тоа беше прекинато од евроголот на Матановиќ.

Сузуки успеа да ја удвои предноста до крајот на првото полувреме по добра тимска акцијаг.

Јапонците во тимот на Фрајбург ја продуцираа акцијата за 0:3, а стрелец беше повторно Сузуки.

До крајот на натпреварот, Селта постигна почесен гол преку Сведберг во судиското продолжение.

Во полуфиналето, Фрајбург го чека подобриот од двата натпревари меѓу Бетис и Брага. Првиот натпревар заврши 1:1.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

Ракометарките на ЕП во група со европскиот и светскиот првак и еден од ко-домаќините

Објавено пред

Женската ракометна репрезентација на Македонија ги дозна своите сопернички на Европското првенство, кое ќе се игра во Чешка, Полска, Романија, Словачка и Турција во декември 2026 година.

Македонските ракометарки се во групата Б во Клуж против селекциите на Норвешка, Романија и Швајцарија.

Оваа група се смета за една од најсилните, бидејќи сопернички на Македонија ќе бидат домашната репрезентација на Романија, најсилната селекција во светото Норвешка, актуелен европски и светски првак и Швацарија..

Ждрепка за ЕП:

Група А: Унгарија, Црна Гора, Словенија, Исланд
Група Б: Норвешка, Романија, Швајцарија, Македонија
Група Ц: Данска, Шпанија, Турција, Грција
Група Д: Холандија, Чешка, Австрија, Хрватска
Група Е: Франција, Полска, Фарски Острови, Украина
Група Ф: Шведска, Германија, Словачка, Србија

Европското првенство прв пат во историјата ќе се игра во пет држави (Рпманија, Словачка, Турција, Чешка и Полска, а ќе се одржи од 3 до 20 декември.

Фото/ Ракометна федерација на Македонија

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 минути

Бланар: Словачка e подготвена да го блокира новиот пакет санкции на ЕУ против Русија

Словачка е подготвена да го блокира новиот пакет санкции на Европската Унија против Русија, но нема да се спротивстави на...

Свет13 минути

Захарова: Германија е главен спонзор на војната во Украина

Германија се претвори во главен спонзор на војната во Украина и има една од главните улоги во милитаризацијата на Украина,...

Свет21 минута

Фицо за ЕУ: Прекрасен проект во лоши раце

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека Европската Унија останува силен и вреден проект, но дека нејзиното сегашно управување е во...

Свет40 минути

Трамп: Имам право да не се согласувам со папата

Американскиот претседател Доналд Трамп, зборувајќи со новинарите пред Белата куќа пред да замине за Лас Вегас, рече дека прекинот на...

Свет1 час

Закана за бомба во домот на братот на папата Лав

Полицијата во Илиноис потврди дека вчера вечерта е примена закана за бомба во домот на Луис Привост, братот на папата...

Спорт1 час

Загина Алекс Манингер

Поранешниот голман на Ливерпул, Арсенал и Јувентус, Алекс Манингер, загина во сообраќајна несреќа во четврток. Поранешниот голман на австриската репрезентација...

Спорт1 час

(Видео) Фрајбург ја размонтира Селта

Фудбалерите на Фрајбург ја декласираа Селта во реваншот со 3:1 и со вкупен резултат од 6:1 се пласираа во полуфиналето...

Свет1 час

Фон дер Лајен: Го поздравувам десетдневното примирје меѓу Израел и Либан

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес го поздрави десетдневното примирје меѓу Израел и Либан, кое го објави...

Свет2 часа

Турската полиција приведе 162 лица по пукањето во училиште: ширеле паника и најавувале нови злосторства

Турските власти приведоа 162 лица под сомнение за споделување забранети видеа на интернет, ширење паника и дезинформации, величење на сторителите...