Контакт

Спорт

Алкараз се повлече од турнирот во Барселона

Објавено пред

Карлос Алкараз го заврши учеството на турнирот во Барселона, каде што го помина првото коло.

Повеќекратниот Гренд слем шампион, и втор тенисер во светот се откажа поради проблеми со зглобот.

Сè уште не е познато дали финалистот на неодамна завршениот Мастерс во Монте Карло ќе игра на следниот турнир од серијата 1000, кој исто така се игра во Шпанија, односно во Мадрид.

Алкараз беше шампион на Барселона во 2022 и 2023 година, а минатата година беше поразен во финалето од Холгер Руне.

„Повредата е малку посериозна отколку што очекував. Морам да го слушам своето тело и да се осигурам дека ова нема да остави последици во иднина“, објасни Шпанецот.

Со повлекувањето на Алкараз, Томас Мачах директно се пласираше во четвртфиналето.

Foto/ Depositphotos



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Почина големa шампионка (35), доживеа колапс на тренинг

Објавено пред

Атлетската федерација на Етиопија потврди дека прославената маратонка Јебргвал Мелесе почина на 36-годишна возраст, откако се онесвести во текот на тренингот во Адис Абеба.

Заминувањето на оваа легендарна атлетичарка на 36-годишна возраст остава голема празнина, особено затоа што се случи среде подготовките за маратонот во Отава, планиран за крајот на мај.

Мелесе тренираше во Адис Абеба кога се онесвести, суров потсетник за тоа колку се кревки границите на човечката издржливост во маратонот, дури и за најспремните.

Кариерата на Мелесе е обележана со историски резултати на три континенти. Нејзините триумфи во Хјустон и Прага, заедно со фантастичното сребро на маратонот во Чикаго во 2015 година, ја сместија меѓу најдобрите маратонки на долги патеки во светот.

Иако не успеа да ја заврши трката минатата година во Пекинг, нејзината решителност да се врати во врвна форма за настапите во 2026 година беше инспирација за многу млади спортисти во Етиопија.

Атлетската федерација на Етиопија со право ја нарече херој на нацијата.

Додека се чекаат резултатите од обдукцијата што треба да ја разјаснат причината за смртта, светот на маратонот се збогува со жената што симболизираше сила, смиреност и неверојатна работна етика.

Нејзиниот рекорд и победничките насмевки од подиумот во Шангај и Прага ќе останат траен спомен на една од најдобрите етиопски маратонци на нејзината генерација.

Прикажи повеќе...

Спорт

Барселона размислува за тужба против Флорентино Перез поради сериозни обвинувања

Објавено пред

Барселона размислува да поднесе тужба против претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, поради неговите изјави на денешната прес-конференција. Првиот човек на Реал, свика прес конференција за да се расправа со новинарите и да обвинува конкурентите.

Правниот оддел на Барселона ги анализира обвинувањата на Перез за да одлучи за понатамошните чекори.

Перез го нарече „случајот Негреира“ најголемиот корупциски скандал во историјата на шпанскиот фудбал.

„Пред три години беше откриен „случајот Негреира“, најголемиот корупциски скандал во историјата на шпанскиот фудбал. Неприфатливо е што судии од тој период сè уште судат во нашата лига. Затоа подготвивме обемно досие кое веднаш ќе го предадеме на УЕФА“, рече Перез.

Претседателот на Реал, исто така, најави испраќање обемна документација до УЕФА.

„Подготвуваме досие од 600 страници кое ќе го испратам до УЕФА. Ова е случај без преседан во светскиот фудбал. А претседателот на Судиската комисија ни кажува дека треба да го заборавиме“, додаде тој.

Перез тврди дека има поддршка од сите клупски структури и навивачи.

„Членовите на Реал се со мене во оваа војна против Негреира. Реал не е секогаш оштетен, и другите клубови се оштетени. Барселона секогаш има корист. Ќе видиме дали УЕФА ќе интервенира, и убеден сум дека ќе интервенираат.

Не можете да бидете осомничени за платена корупција дваесет години, ќе видиме што ќе се случи, казнено и спортско од страна на УЕФА. Не сум тука за судиите да се богата со парите на Барселона“, рече тој.

Тој исто така изрази неверица во целата ситуација.

„Не можевме ни да замислиме дека шефот на судиите добивал пари од Барселона две децении. Таа приказна излезе на виделина предоцна. Оттогаш подготвуваме досие и ќе одиме до крај. Тоа е најголемиот случај на корупција во историјата на фудбалот. И за доброто на фудбалот. Никој во светот не би помислил да им плаќа на судиите. Тоа е незамисливо“, рече Перез.

Конечно, тој го искажа своето мислење за резултатите во домашното првенство во последните децении.

„Не знам колку сезони сум тука, а освоив само седум Лиги на шампиони и седум првенства. А можеше да бидат 14 бидејќи ми ги украдоа. Направивме видео за 18-те бода што ни беа одземени оваа сезона“, заклучи претседателот на Реал Мадрид.

Како одговор на изјавите на Перез, Барселона објави официјално соопштение во кое се наведува дека нивниот правен оддел внимателно ја анализира ситуацијата.

„Во врска со прес-конференцијата свикана од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, ве информираме дека нашиот правен оддел внимателно ги проучува неговите изјави и обвинувања.

Изјавите моментално се анализираат и се проценуваат понатамошните чекори. Кога ќе биде соодветно, јавноста ќе биде навремено информирана за ставовите и одлуките што ќе се донесат“, се вели во соопштението за медиумите на клубот.

Прикажи повеќе...

Спорт

Познати се полуфиналните двојки на Ф4 на Лигата на шампионите

Објавено пред

Минатогодишните финалисти, бранителот на титулата Магдебург и Фуксе од Берлин, ќе се сретнат во полуфиналето на завршниот ракометен турнир од Лигата на шампионите оваа сезона, кој ќе се игра во Келн на 13 и 14 јуни.

Ова беше одлучено со ждрепка во Виена.

Минатата година, Магдебург беше поуспешен од Фуксе во финалето со 32:26 и со тоа ја освои својата петта континентална шампионска титула.

Дванаесеткратниот европски шампион Барселона и дански Олборг ќе се сретнат во второто полуфинале. Тоа ќе биде реприза на финалето од пред две години, во кое Барселона победи со 31:30.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт7 часа

Почина големa шампионка (35), доживеа колапс на тренинг

Атлетската федерација на Етиопија потврди дека прославената маратонка Јебргвал Мелесе почина на 36-годишна возраст, откако се онесвести во текот на...

Спорт8 часа

Барселона размислува за тужба против Флорентино Перез поради сериозни обвинувања

Барселона размислува да поднесе тужба против претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, поради неговите изјави на денешната прес-конференција. Првиот човек...

Спорт8 часа

Познати се полуфиналните двојки на Ф4 на Лигата на шампионите

Минатогодишните финалисти, бранителот на титулата Магдебург и Фуксе од Берлин, ќе се сретнат во полуфиналето на завршниот ракометен турнир од...

Спорт8 часа

Флорентино Перез „удри“ по новинарите: Сите сте грди

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, свика вонредна прес-конференција по катастрофалната сезона без трофеј, и наместо да ја смири ситуацијата,...

Свет8 часа

(Видео) Трамп до новинарка: Ја дуплирав големината на балската сала, глупава личност

Разговарајќи со новинарите пред да замине за Кина, американскиот претседател Доналд Трамп се осврна и на проектот за изградба на...

Спорт8 часа

Почина кошаркарот на Мемфис Брендон Кларк

Кошаркарот Брендон Кларк, крилен центар на тимот на Мемфис Гризлис, почина на 29-годишна возраст, објави неговата агенција „Прајорити Спортс“. Не...

Свет9 часа

Ројтерс: Саудиска Арабија тајно извршила напади врз Иран

Саудиска Арабија извршила серија претходно неоткриени напади врз Иран како одмазда за нападите врз Кралството за време на војната на...

Свет9 часа

Велика Британија испраќа воен брод и борбени авиони во Ормускиот теснец

Велика Британија ќе испрати опрема за автономни мини-мерки, борбени авиони „Тајфун“ и воениот брод „ХМС Драгон“ во мултинационалната одбранбена мисија...

Македонија10 часа

Петрушевски: Официјална Софија и Филипче зборуваат со ист речник – но едните ги бранат своите, а другиот нивните интереси

Венко Филипче денес се радува што Бугарија потврдила дека уставните измени биле „европско, а не билатерално прашање“, коментира пратеникот Бране...