Контакт

Спорт

Алушовски откри дел од плановите за „новиот“ Вардар (видео)

Објавено пред

Стевче Алушовски, тренерот на РК Вардар беше гостин на „Интервју на неделата“ на популарниот ракометен веб-сајт „Балкан хендбол“, каде што зборуваше за иднината на европскиот шампион и склопувањето на тимот за следната сезона, откако РФМ го откажа домашниот шампионат, а ЕХФ не им даде шанса да ја бранат европската титула на терен.

Алушовски го потврди враќањето на поранешниот претседател на клубот, Михајло Михајловски во „обновениот“ Вардар, кој со намален, но и „реален“ буџет ќе се обиде да го продолжи присуството на „црвено-црните“ на големите натпреварувања.

„На состанокот Михајловски ги информираше ракометарите за плановите за иднина и им кажа дека нема да има буџет како досега. Сташ Скубе веќе замина, но со другите ќе се преговара – Дисингер, Дибиров, Чупиќ. Се надевам дека ќе можеме да го донесеме голманот Никола Митревски и со еден македонско-странски тим да се остане респектабилен на европската сцена“, вели Алушовски.

Остатокот од интервјуто можете да го послушате во видеото.

Фото: РК Вардар



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Невидениот „кикс“ на Јарстеин не беше доволен за Лајпциг (видео)

Објавено пред

РБ Лајпциг пропушти да се се искачи на второто место во Бундеслигата и покрај тоа што голманот на Херта Берлин, Руне Јарстеин им даде неверојатен подарок, одигрувајќи 2:2 на домашен терен за второ реми во низа.

Марко Грујиќ им донесе неочекувано брзо водство на Херта уште во деветтата минута по еден корнер на гостите, но Ред бул се врати во игра преку Лукас Клостерман во 24. минута за на полувреме да се отиде со 1:1.

Шансите на тимот на Јулијан Нагелсман да освои три поени се намалија откако Марсел Халштенберг доби втор жолт картон во 63. минута од мечот. Сепак, само пет минути подоцна, Патрик Шик се најде во убава ситуација да шутира по асистенцијата на Тимо Вернер, но неговиот удар заврши директно во норвешкиот голман Јарстеин, кој направи несфатлива грешка и ја пушти топката да влезе во голот.

Меѓутоа, домаќините не успеаја да го заддржат водството откако во 82. минута беше досуден пенал за гостите, а Кшиштоф Пјонтек беше прецизен од белата точка.

Сега, РБ Лајпциг има 55 поени на третото место на табелата, два помалку од  Борусија Дортмунд и дури девет зад лидерите Баерн Минхен, додека Херта се на 10. место со 35 поени.

Прикажи повеќе...

Спорт

Во Лидс утврдија: Алиоски не се „смирил“ по атракцијата на тренинг (видео)

Објавено пред

Фудбалот во Англија е пред одлука за рестартирање, што очигледно му годи на македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски кој не можеше да се возддржи на тренинзите на неговите Лидс јунајтед во исчекување на рестартот и можното враќање на славниот клуб во Премиер лигата.

Со видеото кое го објави клубот на својата Фејсбук страница одеше интересна легенда: „Па, тој дефинитивно не се смири за време на карантинот“, откако по постигнат гол, тој реши возбудата да ја покаже на камерата.

Прикажи повеќе...

Спорт

Премиер лигата се рестартира на 20 јуни?

Објавено пред

Дваесетте клубови од Премиер лигата утре на видео-конференција ќе одлучуваат дали лигата ќе се рестартира на 20 јуни како последен чекор од  „Проектот рестарт“, тврди британски „Индепендент“.

Се очекува 20-те клуба да гласаат потврдно за враќањето, откако денеска беше донесена одлука за втората фаза на тренинзите, овојпат со контакти. Клубовите биле убедени од успешниот рестарт на Бундеслигата дека е возможен фудбал и во пост-корона ерата. Токму успехот на Германците ги убедило и клубовите кои претходно биле против враќањето на фудбалот.

Со старт на 20 јуни тимовите би имале доволно време физички да ги подготват фудбалерите, нешто што беше голема пречка. Можно е плановите да се синхронизираат и со втората лига, Чемпионшипот за рестарт на ист датум.

Останува да се одлучи каде ќе се оддржуваат мечевите, со можност дел од мечовите со „висок ризик“ да се одиграат на неутрални стадиони. Исто така останува да се утврди дали 92-те преостанати меча ќе се даваат на бесплатните ТВ-мрежи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Кафеаните ќе работат до 22 часот, на маса ќе можат да седат четворица само ако се од исто семејство

Со одлука на Владата од утре може да отпочнат со работа кафетериите и угостителските објекти со посетители во отворените делови...

Македонија3 часа

Продолжува да важи платеното породилно отсуство до завршувањето на времените мерки

Владата донесе Уредба за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, во која е предвидено отсуството...

Европа3 часа

Меркел: Уште сме на почетокот со пандемијата

Германската канцеларка Ангела Меркел ги оцени како позитивни досегашните постигнувања во борбата против коронавирусот, но како што рече, општеството е сè...

Европа7 часа

Европската комисија предлага 1.850 милијарди евра за заздравување на економиите

Европската комисија предложи инструмент за заздравување на економиите од корона-кризата, вреден 750 милијарди евра, и повеќегодишна финансиска рамка (ВФО) од...

Регион7 часа

Во Хрватска трет ден нема нови случаи, се укинува забраната за свадби

Трет ден по ред во Хрватска не е потврден ниту еден нов случај на коронавирус. Со ова вкупниот број на...

Македонија7 часа

Разрешен поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи

Ријасетот на Исламската верска заедница на денешната седница донел одлука да се разреши Сулејман ефенди Реџепи од позицијата реис-ул-улема, претседател...

Македонија8 часа

Тројца починати и 25 новозаболени од коронавирус

Тројца починати и 25 новозаболени се регистрирани денеска во државата. Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје...

Македонија9 часа

Бектеши: Угостителите ќе работат до 20 часот, на една маса само по четири лица

На една маса во угостителски објект може да седат до четири лица, а угостителите ќе работат до 20 часот, соопшти...

Македонија9 часа

Чулев: Владата да ја усвои уредбата со која е предвидена награда за полицајците

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, ја повика Владата да ја усвои уредбата со која е предвидена награда за полицајците....

Македонија9 часа

Чулев: Пријавите за семејно насилство за април-мај зголемени 44,6 отсто за разлика од лани

Министерството за внатрешни работи регистрира зголемен број поплаки од граѓани за извршено семејно насилство. Техничкиот министер, Наќе Чулев, рече дека...

Македонија11 час

Активистката Моника Ристеска објави дека татко ѝ сакал да ја убие, полицијата го уапси

Активистката Моника Ристеска, која минатата година беше уапсена бидејќи јавно пушеше марихуана, објави на социјалните мрежи дека вчера била натепана...

Свет11 час

ЕК ќе го објави планот за заздравување на економиите од пандемијата

Претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лаен, денеска попладне ќе го објави долгоочекуваниот план за заздравување на економијата од...

Свет12 часа

Јужна, Централна и Северна Америка се светско жариште на пандемијата на коронавирусот

Јужна, Централна и Северна Америка станаа жариште на пандемијата на коронавирусот, изјави директорката на Панамериканската здравствена организација (ПАХО), Кариса Етиен....

Македонија13 часа

Маските, дезинфекцијата и растојанието од два метра остануваат задолжителни

Граѓаните мора во целост да ги почитуваат мерките и препораките на Министерството за здравство за заштита од коронавирусот покрај олабавувањето...

Економија13 часа

Србија забрани слетување на „Монтенегро ерлајнс“ на аеродромот во Белград

На авионите на црногорската авиокомпанија „Монтенегро ерлајнс“ ќе им биде одземена дозволата за слетување на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, потврдиле...

Македонија13 часа

Од денеска нема полициски час, од утре со работа почнуваат кафулињата

По 66 дена, од денеска се укинува полицискиот час во земјата воведен поради коронавирусот. Владата вчера на седница донесе и...

Забава16 часа

Андреа Бочели: Мојата сопруга, децата и јас оздравевме од коронавирусот и дониравме плазма

Италијанскиот пејач, текстописец и продуцент Андреа Бочели (61) беше заразен со коронавирус, но оздраве, пишуваат локалните медиуми. Музичарот вели дека...

Македонија1 ден

Караџовски: Изминатите 14 дена беше намален бројот на новозаболени затоа препорачавме олеснување

Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, член на Комисијата за заразни болести ги објасни причините зошто Комисијата се одлучила...

Македонија1 ден

Филипче: Да бидеме одговорни, за да не се вратиме пак на рестриктивните мерки

Министерот за здравство, Венко Филипче по седницата на Владата за олабавување на мерките, рече дека граѓаните мора да ги почитуваат...

Македонија1 ден

Османи: И покрај пропустите, државата добро се справи со коронавирусот

Вицепремиерот Бујар Османи рече дека и покрај тоа што имало одредени пропусти, прекршувања на мерките и одредени критики, државата добро...

Досие