Контакт

Спорт

Анчелоти го натерал Калверт-Луин да гледа јутјуб-видеа со Пипо Инзаги

Објавено пред

Напаѓачот на Евертон, Доминик Калверт-Луин, открива дека го студирал поранешниот италијански напаѓач Филипо Инзаги откако неговиот тренер Карло Анчелоти ја споредил неговата игра со таа на Инзаги и му советувал да гледа јутјуб-видеа.

23-годишниот Калверт-Луин има постигнато неверојатни девет гола во шест меча оваа сезона вклучувајќи два хет-трика и е најдобар стрелец во Премиер лигата засега заедно со Сон Хеунг-Мин од Тотенхем по што заслужено доби прв повик од англискиот селектор Герет Саутгејт.

„Анчелоти првин мене ми кажа дека му личам на Инзаги, а потоа излезе во јавноста, така што најдов јутјуб-видео од 15 минути негови голови, кои се фантастични – честопати само со еден допир и со одлично движење. Можам многу да научам од него, а Карло имаше фантастично влијание врз мене. Мислам дека тој мислеше на тоа дека сум на вистинското место во вистинско време, а не дека сум копија на Пипо“, вели Калверт-Луин.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Де Хеа најплатен голман во Премиер лигата, Ромеро заработува повеќе од Едерсон

Објавено пред

Давид Де Хеа има најголема плата од сите голмани во Премиер лигата, покажува истражувањето на „Спотрак“. Според ова истражување првиот голман на Манчестер сити, Едерсон, неделно заработува помалку од третиот голман на Манчестер Јунајтед, Серхио Ромеро. Неверојатен е податокот дека Манчестер Јунајтед, на неделно ниво, за платите на тројцата голмани издвојува 600.000 евра.

Шпанскиот репрезентативец, Де хеа, во Манчестер Јунајтед има неделна плата од 413.000 евра. Неговата плата е за речиси 250.000 евра поголема од вториот на оваа листа, Кепа Аризабалага од Челси.

Голманот за кого Челси платија 80.000.000 евра, неделно заработува 165.000 евра. Трет на листата, на најплатени голмани во Премиер лигата е капитенот на Лестер, Каспер Шмајхел (143.000 евра неделно).

Следуваат Џордан Пикфорд од Евертон, Бернд Лено од Арсенал, Дин Хендерсон од Манчестер Јунајтед, Иго Љорис од Тотенхем и Руи Патрисои од Вулверхемптон. Овие голмани имаат неделни плати од 110.000 евра.

Според многумина најдобриот голман во Премиер лигата, Алисон Бекер од Ливерпул е деветти според платата од 99.000 евра неделно.

Неговиот колега и сонародник, Едерсон Мораеш од Манчестер сити на оваа листат се наоѓа на 12 место. Неделната плата на Едерсон изнесува 71.000 евра, што е за 6.000 евра помалку од она што го заработува третиот голман на Манчестер Јунајтед, Серхио Ромеро.

Прикажи повеќе...

Спорт

Нејмар ќе пропушти три натпревари

Објавено пред

Најскапиот фудбалер во светот, Нејмар, ќе ги пропушти наредните три натпревари на ПСЖ. Бразилецот се повреди, во средата, на натпреварот во Истанбул против Башакшехир, во Лигата на шампионите.

Нејмар теренот во истанбул го напушти во 26 минута. Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, открил дека Нејмар има проблем со мускулот.

Како стојат работите, Нејмар ќе ги пропушти натпреварите кои ќе се одиграат до репрезентативната пауза. ПСЖ ќе игра против Нант (31.октомври), Лајоциг (4.номеври) и Рен (7.ноември).

Од почетокот на сезоната, Нејмар, во Лига 1 има одиграно четири натпревари, постигна два гола и забележа три асистенции.

Прикажи повеќе...

Спорт

Гомез рекордер во Лига Европа, постигна гол од 56 метри

Објавено пред

Фудбалерот на Омонија, Хорди Гомез (35), го постигна единствениот гол за својот тим во поразот од ПСВ (1:2), во второто коло во Лига Европа.

Ветеранот од Шпанија, постигна спектакуларен гол во 29 минута од натпреварот. Топката пред да заврши во голот на ПСВ патуваше 56 метри.

Статистичарите пресметале дека Гомес постигнал гол од најголема далечина во историјата на лига Европа. Тој го урна рекордот на Кемар Рофе, кој минатата недела погоди од пола терен за триумф на Ренџерс над Стандард.

Хорди Гомез во Омонија пристигна во 2018 година, претходно шест сезони го носел дресот на Виган. Во кариерата играч и во Еспањол, Сандерленд, Блекбурн, Рајо Ваљекано и Левски од Софија.



Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

СОНК бара да се преиспита наставата со физичко присуство

СОНК бара Министерството за образование и наука да ја преиспита одлуката за настава со физичко присуство, односно да им овозможи...

Свет45 минути

Фаучи: Првите дози од вакцината ќе бидат достапни кон крајот на декември или почетокот на јануари

Ако сè оди добро, првите дози на безбедна и ефикасна вакцина против коронавирус најверојатно ќе бидат достапни кон крајот на...

Македонија53 минути

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Скандал е што наместо оставка, Шилегов го награди Караџовски

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на град Скопје реагира за доделената награда „13 Ноември“ на епидемиологот Жарко Караџовски. Тие велат дека...

Европа1 час

Научник од Оксфорд: Вакцината е подготвена, создава имунолошки одговор и може да се започне со вакцинација

Хрватскиот научник Кристијан Рамадан, професор по молекуларна медицина од Оксфорд, откри дека во првата и втората фаза се покажало дека...

Регион2 часа

Во Хрватска 2.772 новозаразени од коронавирус, 20 починати

Во Хрватска се евидентирани 2.772 нови случаја на зараза од коронавирус, така што бројот на активни случаи во Хрватска е...

Македонија2 часа

Мицкоски предлага здравствените работници еднаш месечно бесплатно да се тестираат

Во време на ковид-пандемија, во насока да ги заштитиме тие што се грижат за нашето здравје и спасуваат животи, предлагам...

Актуелно3 часа

Почина актерот Данчо Чевревски

На 69 години синоќа во Скопје почина Данчо Чевревски, македонски театарски и филмски актер и продуцент. Чевревски е роден на...

Европа3 часа

Дарманин: Франција е во војна против исламистите

Францускиот министер за внатрешни работи, Жерар Дарманин, вели дека е можно повеќе напади да се случат на територијата на Франција...

Европа4 часа

ЕУ обезбеди 220 милиони евра за прекуграничен превоз на заболени од корона

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, во четвртокот објави 220 милиони евра помош за прекуграничен транспорт на луѓе...

Европа4 часа

(Видео) Огромен метеж во Париз, луѓето повторно празнеа полици пред новото затворање

Десетици илјади парижани синоќа предизвикаа масовен сообраќаен метеж во обид да ја напуштат француската престолнина пред почетокот на новото затворање...

Свет16 часа

Автомобил удри во група луѓе во Германија – загина дете, а има и тешко повредени

Дванаесетгодишно момче загина, а тројца се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи доцна попладнево во Германија, пренесуваат...

Македонија17 часа

Во Скопје 390 новозаболени и петмина починати, најмладата жртва има 35 години

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани 390 нови случаи на Ковид-19 и петмина починати. Меѓу починатите најмладата жртва...

Македонија18 часа

Нови 862 заразени и 14 починати од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.699 тестирања, а регистрирани се 862 нови случаи на...

Свет19 часа

(Видео) Макрон се обрати на нацијата – нема да се откажеме од нашите вредности

Франција повторно беше цел на терористички напад, порача францускиот претседател, Емануел Макрон, во Ница, каде што утрово беа убиени тројца...

Македонија21 час

Кривична за Лидија Димова, се товари дека злоупотребила милиони од европски фондови

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривични пријави против директорката на...

Македонија22 часа

(Видео) За Заев е неприфатливо тоа дека македонскиот јазик извира од бугарскиот

Премиерот Зоран Заев изјави дека не се прифатливи некои од сигналите што доаѓаат од Бугарија. „Не е прифатливо“, изречно рече...

Македонија22 часа

Пендаровски: До овој момент не се размислува за полициски час каков што имавме

Претседателот Стево Пендаровски, по денешната седница на Советот на безбедност, изјави дека во овој момент не се размислува за полициски...

Македонија23 часа

Спасовски пренесен на Инфективната клиника во Скопје

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вчеравечер е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Согласно протоколите, тој со...

Економија1 ден

АЕК ќе спроведува физибилити-студија за влијанието на 5Г-мрежата врз здравјето на луѓето

Агенцијата за електронски комуникации набргу ќе распише меѓународен тендер за избор на компанија што ќе изработи физибилити-студија за влијанието на...

Македонија1 ден

Задолжителна самоизолација од закажувањето тестирање на Ковид-19, казните се 50 евра

Со новите законски измени самоизолацијата е задолжителна при тестирање на Ковид-19 од закажување на тестот или самото тестирање, па сè...

Досие