Спорт
Анчелоти не заборава на своите – ги контактирал Блекбурн кои бараат тренер
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти лично контактирал со англискиот второлигаш Блекбурн за нивното слободно менаџерско место, тврдат британските медиуми, секако, не да лобира тој да ја добие работата, туку да го препорача својот поранешен помошник од Евертон, Данкан Фергусон.
Анчелоти и Фергусон работеа заедно една сезона во Евертон, откако поранешниот шкотски репрезентативец беше привремен тренер на клубот. Според „Сан“, Анчелоти сакал да го понесе Фергусон во Реал Мадрид, но дека Шкотланѓанецот останал верен на својот клуб и затоа остана да работи, прво со Рафа Бенитез, а потоа и со Френк Лампард.
Блекбурн се без менаџер по заминувањето на Тони Моубреј, откако не успеа да ги пласира во плејоф за влез во Премиерлигата.
Carlo Ancelotti phones Blackburn to tell them to consider former Everton assistant Duncan Ferguson for manager job https://t.co/EbSEE5wPRP
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) June 4, 2022
Анчелоти се плашеше од прославата на лудиот Данкан Фергусон!
Фергусон одбил да оди во Реал, сака да седне на клупата на Евертон
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Абердин ќе бара 8.000.000 фунти за Миовски
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, во летниот преоден рок ќе го напушти Абердин. Шкотските медиуми пишуваат дека интерес за Македонецот покажале великаните не само на шкотскиот туку и на европскиот фудбал, Ренџерс и Селтик. Според овие извори поголем интерес постои кај „полицајците“.
Глазгов Ренџерс подолг период внимателно го следи Миовски, кој ја игра најдобрата сезона во кариерата. Во сите натпреварувања, Миовски одигра 48 натпревари, постигна 24 гола.
Цената која треба да ја издвојат заинтересираните клубови изнесува 8.000.000 фунти.
Покрај Ренџерс и Селтик, интерес за Миовски наводно има и кај Феенорд. Актуелниот освојувач на Купот на Холандија, бара замена во нападот за Мексиканецот Хименес, кој извесно е дека ќе го напушти клубот.
Спорт
Наз Рид најдобра резерва во НБА лигата
Центарот на Минесота Тимбервулвс, Наз Рид, ја доби нагрдата за најдобар шест играч во НБА лигата.
Рид, од експертите добил 352 гласа, десет повеќе од бекот на Сакраменто Кингс, Малик Монк.
Наз Рид, во регуларниот дел од сезоната имаше просек од 13,5 поени, 5,2 скока и 1,3 асистенции во 81 одигран натпревар. На 67 натпревари тој влегуваше од клупата, како замена за Руди Гобер или Карл Ентони Таунс.
Тимбервулфс на крајот го освоија третото место во Западната конференција со скор од 56 победи и 26 порази.
Во четврток ќе биде доделена наградата „Клач играч на годината“, односно играч кој бил најдобар во клучните моменти, тука финалисти се Стеф Кари, Демар Дерозан и Шеј Гилџис-Александер.
Наградата за тренер на годината се доделува во недела, а меѓу финалистите се Мајк Дагно од Оклахома, Крис Финч од Минесота и Џамал Мозли од Орландо.
Спорт
ФА го казни Компани
Менаџерот на Барнли, Винсент Компани е казнет од челниците на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).
Причината за казната е неговото однесување на натпреварот од Премиер лигата со Челзи на „Стемфорд Бриџ“.
Компани неколку пати го нарекол судијата Дарен Ингланд „е.ен измамник“, откако претходно досуди пенал за Челзи во 40. минута.
Поради непримерното однесување Компани доби црвен картон.
Компани ќе треба да плати 10.000 фунти и нема да може да го води тимот во два натпревари.