Контакт

Спорт

Ангеловски експериментира во Австрија, Пандев има температура

Објавено пред

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски вечерва од 20.45 часот на стадионот „Ернст Хапел“ во Виена ќе испрати на теренот комбиниран состав без капитенот Горан Пандев во претпоследниот меч од квалификациите за ЕУРО 2020.

Соочен со хендикеп од повредени играчи, но и суспендирани поради парни картони, Ангеловски во првата постава ќе им даде можност за деби на младите Марио Младеновски и Тихомир Костадинов.

Првпат по подол период во првиот тим ќе го нема Горан Пандев, кој, според информациите од Виена има температура.

Ова е составот на Македонија кој ќе истрча вечерва во Виена:

Столе Димитриевски, Стефан Ристовски (кај него вечерва ќе е капитенската лента), Дарко Велковски, Марио Младеновски, Кристијан Тошевски, Кире Ристевски, Тихомир Костадинов, Енис Барди, Стефан Спировски, Елиф Елмас и Александар Трајковски.

Фото: ФФМ

Спорт

Димитров: Никој не знае какви последици ќе имам од коронавирусот

Објавено пред

Бугарскиот тениски ас, Григор Димитров, признава дека уште не е целосно физички закрепнат од коронавирусот кога неговиот позитивен тест на „Адрија турнејата“ на Новак Ѓоковиќ предизвика бура реакции кај тениските љубители.

„Вирусот е вистински. Најтешкиот дел е тоа што не знаеме што се случува и таа несигурност најмногу боли. Јас бев активен целиот мој живот и одеднаш морав да бидам затворен и тоа ми беше навистина тешко. Навистина не се чувствував добро. Имав различни симптоми, не можев да го препознам вкусот на храната и не мирисав ништо. Не ми е тешко да сум сам бидејќи од мојата 12-та година живеам практично сам. Но, најмногу ме плашеше тоа што не знаеме какви долгорочни последици ќе има од болеста“, вели Димитров.

Димитров, заедно со организаторот на „Адрија турнејата“, Новак Ѓоковиќ, претрпе најмногу критики за летната турнеја на Балканот, која требаше да ги обедини луѓето. Тој додава дека е во контакт со Ѓоковиќ и дека и двајцата сакаат да мислат на тенисот.

„Зборував со Новак, секако. Бевме заедно и двајцата сме речиси вратени во форма. Двајцата тренираме и чекаме да видиме што ќе се случи следно“, објаснува бугарскиот тенисер.

Прикажи повеќе...

Спорт

Дончиќ не престанува со поставувањето рекорди во НБА

Објавено пред

Нова партија, нов рекорд. Лука Дончиќ повторно постави рекорд на НБА-лигата при победата на Далас маверикс над Сакраменто кингс во Орландо (114:110) кога првпат во кариерата имаше 20 скока, а додаде и 34 поени и 12 асистенции.

Со ова тој стана најмладиот НБА-кошаркар во историјата (21 година и 158 дена), кој постигнал 30 поени, 20 скока и 10 асистенции во еден меч по Оскар Робертсон во 1961 година (23 години и 12 дена).

Покрај тоа, словенечкото чудо е само четврти НБА-играч во историјата што имал 34 поени, 20 скока и 12 асистенции во еден натпревар по Карим Абдул-Џабар во 1976 година. Претходно тоа им успеа само на Елгин Бејлор (четири пати) и на легендарнио Вилт Чембрлен (11 пати). Дончиќ не беше задоволен.

„Ова беше еден од нашите најлоши натпревари, но сепак победивме“, изјави тој по мечот.

Прикажи повеќе...

Спорт

Бундеслигата во новата сезона само со домашни навивачи и без ПИВО!

Објавено пред

Германските бундеслигаши и Германската фудбалска лига (ДФЛ) поставија сет правила за враќање на навивачите на трибините во новата сезона во септември, но со одредени стриктни правила, како забрана на гостински навивачи, забрана на стоење на трибините и забрана за точење пиво на стадионите.

Конечната одлука за враќање на навивачите ќе ја имаат здравствените власти во Германија откако Бундеслигата беше првата лига што се врати по пандемијата на Ковид-19, без навивачи на трибините.

Пиењето пиво на трибините во Германија е долгогодишна традиција, но ДФЛ смета дека до 31 октомври треба да се забрани точењето пиво поради коронавирусот. Гостинските фанови ќе бидат отсутни од трибините барем до крајот на 2020, а трибините за стоење ќе бидат празни за да може да се почитува социјалното дистанцирање.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет21 минута

СЗО: Нема чудотворен лек за коронавирусот, вакцината би можела да штити неколку месеци

Во време кога експертите од целиот свет работат на пронаоѓање вакцина, кога некои од нив се во последната фаза на...

Македонија47 минути

Министерство за одбрана: Македонските војници во Либан се безбедни

Министерството за одбрана информира дека припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во мисијата на Обединетите нации во Либан, УНИФИЛ,...

Свет3 часа

СЗО: Ковид-19 е шест пати посмртоносен од сезонскиот грип

Според најновите процени на Светската здравствена организација, просечната смртност на заболените од Ковид-19 е 0,6 проценти. Ова го прави коронавирусот...

Свет3 часа

(Видео) Бејрут ден по експлозијата – болниците преполни, луѓето во шок бараат преживеани под урнатините

Чад сè уште се чувствува во Бејрут по вчерашните експлозии што разнесоа магацин и многубројни објекти на пристаништето. Спасувачите ги...

Македонија3 часа

СДСМ: Почнуваме сериозни разговори за формирање стабилно мнозинство

СДСМ почнува сериозни разговори за формирање стабилно мнозинство и влада што движи бргу напред по европскиот пат, патот на економијата...

Свет4 часа

(Видео) Над 100 починати и 4.000 повредени во експлозијата во Бејрут

Според последните информациите што ги пренесуваат медиумите, бројот на жртвите од експлозијата во Бејрут се искачи над 100, а повеќе...

Македонија4 часа

Најголем број од новозаболените и починатите од Ковид-19 се лица над 60 години

Најголем број од новозаболените и починатите од Ковид-19 во периодот од 27 јули до 2 август се лица над 60...

Свет4 часа

(Видео) Трамп: Бејрут е нападнат, тоа беше бомба

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека генерали на американската армија му пренеле оти експлозијата во Бејрут, во која загинаа најмалку...

Свет5 часа

(Видео) Над 2.000 тони амониумнитрат експлодирале во магацинот во Бејрут

Над 2.750 тони амониумнитрат експлодирале во магацин за пиротехника во пристаништето во главниот град на Либан, што предизвика стравотна експлозија,...

Македонија15 часа

Експретседателот на кривичниот суд, Владимир Панчевски, осуден на три ипол години затвор

Поранешниот претседател на скопскиот кривичен суд, Владимир Панчевски, е осуден на три години и шест месеци затворска казна за злоупотреби...

Свет17 часа

Вознемирувачки видеа од Бејрут, за секунда срамнети со земја огромни згради

Стравотни снимки од експлозијата што попладнево се случи во Бејрут се споделуваат во јавноста, а очевидци раскажуваат за драматични сцени...

Македонија20 часа

ДИК не го тестирала софтверот пред изборите, направила и други пропусти за заштита на личните податоци

Агенцијата за заштита на личните податоци утврди повеќе повреди на прописите за заштита на личните податоци од страна на Државната изборна...

Топ21 час

Уапсена скопјанка, членка на ИСИС

Полицијата уапси 38-годишна скопјанка која патувала во Сирија и учествувала во активности на ИСИС. Според информациите на МВР, Секторот за борба...

Македонија21 час

Мицкоски: Ќе се фокусираме на предлози што значат борба против криминалот и корупцијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека неговата партија ќе биде фокусирана да состави парламентарно мнозинство и да ја состави...

Македонија22 часа

Пронајдено телото на 16-годишното момче што се удави во Преспанското Езеро

По два дена трагање, пронајдено е телото на 16-годишното момче што се удави во Преспанското Езеро. Од МВР велат дека...

Македонија22 часа

Заев: За 10 до 15 дена ќе има исход од преговорите за влада, сите опции се отворени

Претседателот на СДСМ и пратеник во Собранието, Зоран Заев, посочи дека во деновите што следуваат ќе се разговара со сите...

Македонија22 часа

Петмина починати и 75 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи на...

Македонија23 часа

Собранието им ги верификува мандатите на сите 120 пратеници

Со 116 гласа „за“, без ниту еден воздржан ниту, пак, против, верифицирани им се мандатите на сите 120 пратеници, со...

Македонија23 часа

42-годишен маж спасен на Клиниката за кардиологија со стентирање на трауматска трансекција на торакалната аорта

Маж на возраст од 42 години е спасен од сигурна смрт кога на Клиниката за кардиологија му било извршено стентирање...

Македонија24 часа

Јагода Шахпаска избрана за претседател на Верификациската комисија на Собранието

Со интонирање на химната почна првата седница на новиот парламентарен состав, која се одржува во салата Голема купола, со засилени...

Досие