Спорт
Англичаните го загубија Александер-Арнолд, шанса за Лингард?

Бекот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд, нема да може да настапи на Европското првенство ова лето откако доби повреда на бутниот мускул, која ќе го оддалечи од фудбалот најмалку шест недели, потврдија од Англиската фудбалска федерација (ФА).
За 22-годишниот Александер-Арнолд имаше голем број шпекулации за тоа дали ќе биде во 26-члениот тим на Герет Саутгејт за Евро и откако беше потврден како дел од тимот, тој вчера се повреди при 1:0 победата над Австрија. Се верува дека тој има скинат мускул.
„Трент Александер-Арнолд нема да може да биде дел од тимот за Евро 2020 по добиената повреда во финишот на вчерашниот натпревар против Австрија во Милдзборо. Прегледите покажаа дека тој нема да може да биде подготвен. Герет Саутгејт нема да објави замена до неделниот меч против Романија“, објавија од ФА.
Главни фаворити за заземањето на неговото место во тимот се Џејмс Ворд-Прауз, но и Џеси Лингард, откако фудбалерот на Манчестер јунајтед беше втор најдобар англиски стрелец во Премиер лигата минатата сезона зад Хери Кејн како позајмен фудбалер во Вест хем.
Gutted for you, @TrentAA.
Wishing you a speedy recovery! ?
— England (@England) June 3, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ѓоковиќ го обвинуваа дека ја лажирал повредата – шефот на Австралија опен ги откри медицинските наоди

Новак Ѓоковиќ по десетти пат во кариерата го освои Австралија опен. Српскиот тенисер го победи Стефанос Циципас со 6:3, 7:6 (4), 7:6 (5) и со тоа го израмни рекордот на Рафаел Надал од 22 победи на Грен слем турнирите. Ѓоковиќ со оваа победа обезбеди враќање на првото место на АТП-листата.
Ѓоковиќ во Мелбурн допатува со сериозна повреда, со која се здоби во полуфиналето против Данил Медведев, на турнирот во Аделаида.
Повредата му правеше проблеми во првите три кола. Повредата како да исчезна кога Ѓоковиќ во лекарскиот тим ја ангажираше докторката Маријана Ковачевиќ.
Поради тоа се ојавија сомнежи дека ја лажирал повредата, па Ѓоковиќ изјавил дека е особено навреден поради тоа и дека ќе ја покаже снимката која ја потврдува неговата приказна.
На страната на Ѓоковиќ застана директорот на Австралија опен, Крег Тајли, кој за медиумите објасни дека Ѓоковиќ има пукнатина од три сантиметри во задната ложа:
„Многу предизвици се околу Новак бидејќи добива лоша репутација. Но, на крајот, мислам дека никој не може да го доведе во прашање неговиот атлетизам“, рече Тајли.
„Имаше пукнатина од три сантиметри. Апсолутно, ја видов снимката, лекарите ќе ја кажат вистината. Имаше многу шпекулации за тоа дали е вистина или не. Тешко е да се поверува дека некој може да го направи ова со таква повреда Тој е неверојатен, се справи со тоа исклучително професионално. Тој е толку фокусиран на она што го прави. Секоја минута од секој ден. Што јаде, пие, што прави и како го прави тоа. Без дефекти, ниту ментално, ниту во било што што прави. Помина низ многу нешта за да ја освои 10. титула на Австралија Опен и мислам дека тоа никогаш нема да се повтори“, заклучи тој.
Спорт
Конте заврши на операција

Тотенхем на неодреден период остана без менаџерот Антонио Конте. Италијанецот претпалднево бил хоспитализиран. Клубот објави дека лекарите препорачале операција на жолчката.
Тотенхем не објави колку време Конте ќе биде на боледување.
Тотенхем моментално е петти на табелата во Премиер лигата, во следното коло за четири дена ќе го пречека Манчестер сити. Се очекува Рајан Мејсон или Кристијан Стелини да го преземат тимот додека Конте биде отсутен.
Спорт
Стопанскиот суд во Мадрид пресуди во корист на Суперлигата

Суперлигата, идеја која постоеше само 48 часа, ја доби првата рунда во битката против УЕФА и ФИФА. Желбата, на Реал, Јувентус и Барселона, како најупорни да ја спроведат идејата наскоро би можела да стане реалност.
Стопанскиот суд во Мадрид ја прифати жалбата на „А22 Спортс“, наведувајќи дека Суперлигата има легитимитет и дека клубовите кои се дел од неа не можат да бидат санкционирани од УЕФА и ФИФА, пренесува „Тутомеркато“.
Затоа, можно е да се создаде независно и алтернативно натпреварување бидејќи „ФИФА и УЕФА не можат да ги оправдаат своите негативни ставови кон натпреварувањето како да се единствените чувари на одредени европски вредности, особено ако тоа води кон монопол што ја исклучува и инхибира иницијативата на конкуренцијата и претставува злоупотреба од субјекотот кој е во доминантна позиција“.
Пресудата на судот во Мадрид им наредува на ФИФА и УЕФА да се воздржат од преземање какви било мерки или дејствија и од издавање какви било изјави „кои директно или индиректно ја попречуваат подготовката или развојот на Суперлигата и исто така им забранува на фудбалските институции да објавуваат или да се закануваат со какви било дисциплински или казнени мерки, против клубовите, челниците и членовите на клубовите кои учествуваат во подготовките на Суперлигата“.
Инаку, официјалната веб-страница на Суперлигата се уште постои. Сè уште има список од 12 клубови (Милан, Арсенал, Атлетико, Барселона, Интер, Манчестер Сити, Челзи, Јувентус, Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Тотенхем), како и разработен систем на натпреварување…