Спорт
Англичаните ќе пуштат минимален број на навивачи на стадионите

Ограничен број на навивачи ќе добијат дозвола да се вратат на фудбалските стадиони следниот месец, потврди британскиот премиер Борис Џонсон.
„Локдаунот“, затварањето во Англија завршува следната недела, по што ќе се врати стариот систем на рестрикции во три фази. Таму каде што ќе има намалена бројка на новозаразени од КОВИД-19, односно во првото и второто ниво ќе бидат дозволени по 4.000, односно 2.000 гледачи на стадионите, додека таму каде што заразата е висока уште нема да биде дозволено влегување на навивачи.
Покрај ова, во неделата, Џонсон потврди план за „спас“ на спортот во Велика Британија тежок 300 милиони фунти.
Во Англија се обидуваа постепено да ги вратат навивачите на трибините во мечевите пред стартот на сезоната, но како што се зголемија бројките на заразените, овој план пропадна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Вајналдум решил да го напушти Ливерпул

Репрезентативецот на Холандија, Жоржињо Вајналдум, решил да не го продолжи договорот со Ливерпул, кој му истекува на крајот од сезоната. Вајналдум, летово ќе бара нов клуб. До до крајот на овој месец може да преговара со сите заинтересирани клубови.
Вајналдум, во Ливерпул пристигна од Њукасл, за „црвените“ има одиграно 211 натпревари на кои постигнал 21 гол.
Холанѓанецот неколку месеци се поврзува со Барселона. Вајналдум со тренерот на Барселона, Роналд Куман, имаше успешна соработка во репрезентацијата на Холандија.
Инаку, Вајналдум во Ливерпул има неделна плата од 75.000 фунти.
Спорт
„Меси сам ќе реши дали ќе игра против Атлетик“

Барселона и Атлетик Билбао, утре од 21 часот, ќе се борат за првиот трофеј во новата сезона, Суперкупот на Шпанија.
Барселона во полу-финалето, по изведувањето на пенали го победи Реал Сосиедад, додека Атлетик со 2:1 го порази Реал Мадрид.
Барса го мина Реал Сосиедад без повредениот Лионел Меси. Настапот на Аргентинецот е незивесен и за утрешниот натпревар.
„Тренираше индивидуално, ќе видиме дали ќе може да игра. Самиот ќе донесе одлука, дали ќе игра ќе знаеме утре претпладне. Јас се надевам дека ќе игра, но и доколку не настапи ние че ја играме нашата игра“, рекол на прес-конференцијата тренерот на Барселона, Роналд Куман.
Холандскиот тренер истакнал дека е важно са неговиот тим да го освои трофејот.
„Важно е да се освојуваат трофеи. Можеби не е најважниот трофеј во сезоната, но сепак е трофеј“.
Домашен
Дебакл во Каиро – Македонија на минус 19 против Египет

Македонската ракометна репрезентација доживеа уште еден тежок пораз на 27 Светско првенство. По поразот од Шведска, во четвртокот (32:20), вечерва домаќинот Египет ја декласира Македонија со 38:19 (20:6). Поразот од Египет е најтешкиот за Македонија во седмото учество на светските првенства.
Двата одиграни натпревари на Светското првенство го поставуваат прашањето дали Македонија воопшто требаше да ја прифати понудата и како прва резерва да отпатува во Египет.
Со Шведска избраниците на Данило Брестовац се држеа во првите 15 минути, со Египет се предадоа од самиот почетокот.
По 10.минути игра Египќаните водеа со 7:3, а четири минути подоцна резултатот беше 10:3. Данило Брестовац потоа побара минута одмор, по што Македонија постигна три гола и тоа беше се што го покажаа на овој натпревар.
При резултат 10:6 во 18.минута, судијките од Франција, сестрите Бонавентура, му покажаа црвен картон на Кузмановски.
Од тој момент Египет повторно се врати во ритам и до крајот на полувремето го наполни голот на македонската репрезентација.
Во 26.минута, Египет создаде двоцифрена предност 16:6, а првиот дел „фараоните“ го завршија со 14 гола повеќе од противниците (20:6).
Вториот дел наликуваше на тренинг меч, Македонија до двоцифрен број на голови дојде во 40 минута, а во истата минута Египет имаше плус од 20 голови (30:10).
Махмуд со осум гола го предводеше Египет, кај Македонија Лазаров, Марковски и Пешевски постигнаа по три гола. Единствена светла точка во редовите на македонската селекција беше голманот Томовски со осум одбрани.
Египет со оваа победа избори пласман во втората фаза.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира