Контакт

Спорт

Англичаните можат да имаат шест клуба во Лигата на шампионите

Објавено пред

Астон Вила чекаше 44 години на европски трофеј, постот го прекина синоќа во Истанбул, со победата над Фрајбург (3:0) во финалето на Лига Европа. Победата на Астон Вила значи дека Премиер лигата може да има дури шест претставници во Лигата на шампионите следната сезона.

Тимот на Унаи Емери веќе обезбеди место во елитата, со пласманот меѓу првите пет екипи од првенството, но сега Борнмут и Брајтон имаат можност со пласман на шестото, прв пат во историјата да се пласираат во Лигата на шампионите.

Како шестото место води до Лигата на шампионите?

Клучниот услов за овој исход е Астон Вила, како победник на Лига Европа, да заврши на петтото место во домашното првенство (во моментов се четврти). Во тој случај, Вила би се квалификувала за Лигата на шампионите, преку трофејот во Лига Европа.

Дополнителното место во Лигата на шампионите, кое Премиер лигата го заработи благодарение на вкупните перформанси на своите клубови во Европа, тогаш би му припаднало на шестопласираниот тим на табелата.

Сценарија за петто и шесто место

За Вила да заврши на петтото место, треба да загуби на гостински терен од Манчестер Сити во последното коло, а во исто време Ливерпул дома треба да го победи Брентфорд.

Доколку тоа сценарио се оствари, целото внимание ќе се префрли на борбата за шестото место.

Борнмут ќе го обезбедено шестото место со кој било исход освен пораз на гостински терен кај Нотингем Форест. Шестото ќе му припадне и доколку Брајтон не успее да го победи Манчестер Јунајтед на домашен терен.

Од друга страна, Брајтон може да стигне до шестото место само ако победи, но под услов Борнмут да загуби кај Нотингем Форест.

Foto/ EPA



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

(Видео) Бразил и Мароко одиграа без победник

Објавено пред

Фудбалерите на Бразил и Мароко одиграа 1:1, на „Метлајф“ стадионот во Њу Џерси. На 21-во Светско првенство по ред, Бразил остана непоразен во првиот натпревар од (17 победи и, вклучувајќи го и овој четири нерешени резултати).

Навивачите на стадионот и милионскиот аудиториум, видоа одлично прво полувреме, во кое Мароко доминираше и помалку здодевно второ полувреме. Јасно е дека Карло Анчелоти, селекторот на Бразил, ќе мора да одговора на тешки прашања пред домашните новинари.

Стартот на натпреварот му припадна на Мароко. Мароканците беа подобар ривал во секој можен поглед. Бразил направи серија грешки, загуби многу топки, а Мароканците се обидоа од сите страни.

Стоеја високо, константно ја притискаа последната линија на ривалот. Таквиот пристап им донесе резултата во 21-та минута.

Додавање од Брахим Дијаз, чија топка ја распара одбраната на Бразил, Габриел доцнеше, поради што Саибари излезе сам пред Алисон и потоа ја префрли топката преку бразилскиот голман.

Шансите на Монако продолжија и по голот, но на крајот Бразил, од ништо, благодарение на индивидуалниот квалитет, дојде до израмнување.

Сè направи Винисиус во 32-та минута, Бруно Гимараес успеа да му ја врати топката по двојно додавање во шеснаесетникот, а Винисиус од првиот удар кон голот на Бразил му донесе израмнување на својот тим.

Бразил се разбуди по овој гол, па тимот на Карло Анчелоти успеа да се закани неколку пати до крајот на првото полувреме, но и да го отвори второто многу подобро.

Бразил ги смири своите ривали, ја презеде контролата врз топката, но трите удари што ги упатија кон голот на Мароко, беа лесен плен за Боно. Н

Мароко се разбуди од 75-та минута и успеа да направи неколку солидни напади, но тоа не беше доволно за да го загрози Алисон и да постигне уште еден гол. Немаше конкретни напади од страна на Бразил, темпото исто така се намали во споредба со првото полувреме.

Многу помалку трчање и пресинг, многу повеќе позициска игра на двете страни, како да беа задоволни со нерешениот резултат. д

Последната шанса ја имаа Мароканците, во 99-та минута. Алисон го запре ударот на Ел Алајуни, потоа се фрли како мачка пред нозете на Амајуни и спаси бод за Бразил.

Вториот натпревар во оваа група ќе го играат Хаити и Шкотска. Во второто коло, Бразил ќе игра против Хаити (20 јуни), а Мароко ќе игра против Шкотска (20 јуни).

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Катарецот Куки во 95-та минута ја шокира Швајцарија

Објавено пред

Катар и Швајцарија одиграа 1:1, во вториот натпревар од Б групата на Светското првенство. Со ист резулта, вчера заврши дуелот меѓу канда и Босна и Херцеговина. Швајцарците во 95-та минута ги шокираше голот на Куки.

Швајцарија, како апсолутен фаворит, разочара со пристапот, пропушташе шанси, а за индолентноста избраниците на селекторот Мурат Јакин беа казнети во претпоследната минута.

Малкумина очекуваа дека, против апсолутниот фаворит, Катар прв ќе се закани, и тоа во втората минута, благодарение на големата грешка на Мануел Аканџи.

Едмилсон Жуниор, од никаде, излезе сосема сам пред Грегор Кобел, кој одлично интервенираше и спречи вистински шок за својот тим уште на самиот почеток.

Од тој момент, европската селекција почна жестоко да напаѓа, а Ден Ендоје промаши три пати пред да биде постигнат водечкиот гол.

Се играше 17-та минута кога Брил Емболо со глава ја испрати топката до Фројлер, кој беше соборен од голманот Абунада, но се чинеше дека е во офсајд.

Сепак, немаше реакција од ВАР собата, беше оценето дека сè е чисто и беше досуден пенал, кој Емболо рутински го реализираше за 1:0.

Не застанаа тука Швајцарците, сакаа да постигнат и втор гол што е можно поскоро, но Абунада на голот на Катар, со неколку извонредни интервенции не дозволи да биде совладан.

Можеше да има пенал на другата страна, Едмилсон Жуниор повторно имаше добра шанса, но повторно беше спречен од Кобел.

Во продолжението, Швајцарија излезе на теренот решена што побрзо да го реши натпреварот, но Катар ги преживеа шансите на Варгас и ударот на Џака.

Времето минуваше, и покрај очигледната квалитативна разлика, на семафорот стоеше 1:0. Тука се вовлече нервоза во играта на Швајцарија.

Иако сакаа, не успеаја да го постигнат вториот гол бидејќи избраниците на Хулен Лопетеги се бранеа навистина добро и организирано.

Дури и Катарците можеа да се заканат во неколку наврати, а најконкретниот удар насочен кон голот на Кобел го упати Алеардин од околу 15 метри, но швајцарскиот голман успеа да одбрани.

Сепак, Катар успеа да ги казни сите нереализирани шанси на Швајцарците. Ал Амин центаршутираше, а Куки со глава ја испрати топката во мрежата за 1:1 и првото големо изненадување на тековното Светско првенство.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Хаос по мечот Олимпијакос-ПАО, Џонс со бокс го удри Нан

Објавено пред

Кошаркарите на Олимпијакос ја одбранија титулата во Грција, со победа над Панатинаикос 89:85 во петтиот натпревар од финалната серија.

Сепак, грчката јавност е преокупирана со она што се случи по натпреварот. Хаосот што настана е многу дури и според лудите стандарди на грчката кошарка.

Тирик Џонс го чекаше Кендрик Нан адвор од тунелот што води кон соблекувалната, му се приближи и го удри со тупаница:

Играчите на Панатинаикос се обидоа да дојдат до Џонс, но припадници на Специјалната полициска единица (МАТ) застанаа пред него за да го заштитат. Потоа настана целосен хаос, бидејќи имаше физичка пресметка меѓу кошаркарите на Панатинаикос и полицијата.

„Се чини дека за Полициската управа на Пиреја, приоритет беше да се обезбеди и отстрани Џонс од местото на инцидентот, а она што следеше е тешко да се опише со зборови“, пренесе грчкиот портал „СДНА“.

Инаку, тензиите меѓу Џонс и Нан започнаа во третата четвртина. На 3:17 до крајот на периодот, Нан направи фаул врз Везенков, а Џон потоа го фати за врат играчот на панатинаикос.

Судиите реагураа, му доделија техничка на Нан, за кого тоа петти фаул, а Џонс беше исклучен бидејќи доби техничка и неспортска лична грешка.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 минути

Моди под притисок да се соочи со Трамп по смртта на уште еден индиски морнар во Оман

Уште еден индиски државјанин почина на комерцијален брод на Блискиот Исток, што дополнително го зголеми политичкиот притисок врз индискиот премиер...

Свет7 минути

(Видео) Поранешната министерка на Трамп се изгуби во географијата за време на тв-интервју

Поранешната американска министерка за внатрешна безбедност, Кристи Ноем, направи голем географски гаф за време на интервјуто со познатата водителка Грета...

Свет15 минути

Недостиг на гориво во Русија: бензинските пумпи во Москва и Санкт Петербург воведоа рестрикции за купувачите

Водечките синџири на бензински пумпи во Москва, Санкт Петербург и неколку други руски региони воведоа официјални ограничувања за продажба на...

Соопштенија27 минути

Грин Машинс ќе го придружува Иџе на европските патеки – брендот станува спонзор на најтрофејниот македонски автомобилист

Компанијата Грин Машинс, бренд на БРАКО и еден од водечките светски производители на возила за урбана хигиена, воспостави соработка со...

Европа48 минути

ЕУ воведува строги правила во угостителството: од август се забранува еднократната пластична амбалажа

Од август годинава, гостите во рестораните, кафулињата и хотелите широм Европската Унија ги очекува голема промена. Со новата Уредба за...

Регион56 минути

Албанското обвинителство бара апсење на 20 лица и заплена на 128 милиони евра наводно поврзани со проектот на зетот на Трамп

Специјалното обвинителство за борба против корупцијата и организираниот криминал во Албанија (СПАК) издаде налози за апсење на 20 лица и...

Свет1 час

(Видео) Руски дрон соборен над свадбена фотосесија во Запорожје

Момент на свадбена радост во украинскиот град Запорожје се претвори во сцена на шок и страв, откако над местото на...

Свет2 часа

Катарските преговарачи се упатуваат кон Иран за да го финализираат договорот за завршување на војната

Преговарачки тим од Катар утрово отпатува за Техеран со цел да помогне во финализирањето на договорот за ставање крај на...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е најгласниот адвокат на бугарските барања во Македонија

Филипче и СДС не нудат решение за Македонија, туку нудат нови отстапки со кои овозможуваат нови уцени, велат од ВМРО-ДПМНЕ....