Спорт
Англичаните веќе подготвиле награден фонд доколку го освојат СП

Фудбалската асоцијација (ФА) на Англија одлучи да го награди секој репрезентативец со 400.000 фунти доколку националниот тим победи на Светското првенство во Катар.
Англија го освои првото место во групата Б со седум бода, откако ги совлада Иран (6:2) и Велс (0:3), а одигра без голови со селекцијата на САД.
Англија вечерва од 20 часот ќе игра во осминафиналето против Сенегал.
Фудбалската репрезентација на Англија беше светски шампион во 1966 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Арсенал за Каиседо подготви 85 милиони евра

Англискиот премиерлигаш Арсенал подготвува понуда од 85 милиони евра со цел до крајот на овој месец да го доведе играчот за врска Моисес Каиседо од Брајтон. Претходно англиските медиуми пишуваа дека Арсенал испратил прва понуда која била одбиена, но сега очигледно решиле да се обидат и со нова, зголемена сума.
Брајтон одолева на „нападите“ за Каиседо, со оглед дека за него интерес појавуваат и Челси и Тотенхем, но прашање е дали ќе биде така и со новата понуда на „топчиите“.
Претходно Арсенал успеа да го доведе и Леандро Тросар од редовите на Брајтон.
Спорт
Евертон ќе го именува Шон Дајш за нов менаџер

Англискиот стручњак Шон Дајш ќе биде новиот менаџер на Евертон, кому му претстои тешка битка за опстанок во Премиерлигата. Откако му се заблагодарија на Френк Лампард за соработката, челниците на Евертон почнаа да бараат негов наследник.
Нивниот прв избор беше Марсело Биелса, но според островските медиуми не постигнале договор со поранешниот тренер на Лидс, па се насочиле кон други решенија.
Одлуката е донесена, Дајш до крајот на денот треба да биде именуван на клупата на славниот англиски клуб.
Дајш го водеше Барнли од клупата во изминатите десет години, а беше и на кормилото на Вотфорд.
Спорт
Калин Ивановски се пласира во полуфинале на турнирот во Тунис

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски продолжува со одлични игри на ИТФ фјучерс турнирот во Монастир (Тунис), кој има награден фонд од 15.000 американски долари.
Ивановски во четврт-финалето го совлада Австриецот Себастијан Соргер со 2:0 во сетови (6:3, 6:4).
Во полуфиналето македонскиот тенисер за ривал ќе го има Стефанос Сакеларидис од Грција.