Спорт
Англија е лидер на фудбалскиот трансфер-пазар
Англија ја засили својата доминација на машкиот фудбалски трансфер пазар ова лето, остана убедливо на врвот и во исто време од Германија ја презеде првата позација според остварените приходи, објави Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).
Од 1 јуни до 1 септември клубовите во светот потрошиле 1,69 милијарди долари (1,52 милијарди евра) за 526 меѓународни регрутации. Тоа е нешто помалку отколку во летото 2023 година (1,98 милијарди долари).
Англиските клубови го соборија рекордот според остварени приходи поставен од германските тимови пред една година, акумулирајќи вкупно 1,25 милијарди долари (1,13 милијарди евра) благодарение на меѓународните трансфери на 523 играчи.
Франција е на второ место (756 милиони долари), пред Шпанија, Португалија, Германија и Италија. Водечки неевропски продавач, Бразил, се наоѓа на осмото место (278 милиони долари).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тројца косовски фудбалери исфрлени од репрезентацијата
Репрезентацијата на Косово, пред два дена во еден тензичен меч загуби во Приштина од Романија (0:3), во Лигата на нации. Ден по натпреварот, селекторот на Косово избркал тројца играчи. Косово утре, во второто коло гостува на Кипар.
Поради нарушување на дисциплината, селекторот на репрезентацијата Франко Фода ги исфрли од тимот голманот Аријанет Муриќи, и играчите Едон Жегрова и Флорен Муслија.
Првите двајца беа стартери на мечот со Романија, додека Муслија тој меч го започна од клупата за резерви, влезе во игра во 66. минута.
Според медиумите, причина за ваквата одлука на селекторот и Фудбалската федерација е што тројцата споменати играчи по мечот со Романија биле снимени во еден ноќен клуб во Приштина.
Спорт
Се разделија Репсол и Хонда
Во неделата официјално беше објавено дека Репсол, една од водечките светски компании во секторот за нафта и гас, повеќе нема да соработува со тимот на Хонда во Мото ГП шампионатот. Партнерството меѓу Репсол и Хонда траеше речиси три децении. .
Репсол и Хонда станаа партнери во 1995 година и ја освоија титулата во првата класа веќе во премиерната калса.
Тие заедно успеаја да освојат дури 15 титули, уште десет во екипна конкуренција.
Нивниот рекорд е 183 победи и дури 455 подиуми.
Последната титула, Репсол Хонда ја освои во 2019 година со Марк Маркез.
Пред него шампиони беа Кејси Стонер, Валентино Роси, Мик Дуан, Ники Хејден…
Спорт
Мареј од Денвер доби 206 милиони долари
Американскиот професионален НБА кошаркарски тим Денвер Нагетс го продолжи договорот со својот дефанзивец Џамал Мареј (27) на уште четири години и за максимални 208 милиони долари. Минатата сезона Мареј имаше просек од 21,2 поени по натпревар со 6,5 асистенции и 42,5 отсто шут за три поени, што се негови најдобри просеци во досегашната кариера.
Мареј ја помина целата своја професионална кариера во Нагетс, кои го избраа како седми пик на драфтот во 2016 година. 26,1 поен со 7,1 асистенции и 5,7 скока.