Контакт

Спорт

Анкета на Скај Спорт: Видиќ најдобар дефанзивец во Премиер лигата

Објавено пред

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Немања Видиќ, во анктетата на „Скај Спорт“, бил избран за најдобар дефанзивец во историјата на премиер лигата.

Во анкетата гласале повеќе од 200.000 луѓе, а Видиќ на крајот завршил пред поранешниот партнер од одбраната на „црвените ѓаволи“, Рио Фердинанд и актуелниот фудбалер на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк.

Поранешниот репрезентативец на Србија, дресот на Јунајтед го носел во периодот од 2005 до 2014 година.

Видиќ со „црвените ѓаволи“, освоил по пет титули во Премиер лигата и Суперкупот на Англија, три во Лига купот, а по еднаш им се радувал и на трoфеите во Лигата на шампионите и Светското клупско првенство.

Со Манчестер Јунајтед одиграл уште две финалиња во Лигата на шампионите и во двете клубот од „Олд Трафорд“ бил поразен од Барселона.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Јуве под истрага за тестот за државјанство на Луис Суарез

Објавено пред

Италијанските власти потврдија дека ќе отворат истрага за тестот за државјанство на Луис Суарез во септември, со сомнежи дека се работи за нелегална процедура помогната од најмоќните луѓе на шампионот Јувентус.

Суарез беше на тест за италијански јазик на Универзитетот во Перуџа по шпекулациите дека Јувентус сака да го откупи од Барселона, а веќе ја има пополнето квотата на играчи надвор од ЕУ. Овој трансфер не се случи и Суарез на крајот замина во Атлетико Мадрид.

Обвинителството во Перуџа потврди дека ректорот на Универзитетот, Џулијана Греко, директорот на Универзитетот, Симоне Оливиери, и професорите Стефанија Спина и Лоренцо Рока се суспендирани на осум месеци поради објавување професионални тајни.

„Соддржината на тестот предвреме му била дадена на фудбалерот за тој да може да ги исполни условите по барањето на Јувентус за подобрување на личниот имиџ и оној на Универзитетот. На почетокот на септември менаџерскиот тим на Јувентус на највисоко ниво сакал да го забрза доделувањето државјанство на Суарез“, се вели во одлуката на Обвинителството.

Прикажи повеќе...

Спорт

Куман кон претседателските кандидати: Доста зборувате за Меси

Објавено пред

Роналд Куман им порача на претседателските кандидати, кои се подготвуваат за изборите во јануари, да престанат со коментарите за иднината на Лионел Меси по последните шпекулации кои велат дека Пари-Сен Жермен смета оти веќе го убедил Аргентинецот да се пресели во Лига 1.

Тренерот на Барса зборуваше откако преодниот претседател на клубот, Карлос Тускетс, изјави дека клубот требало да го продаде Меси во текот на летото кога легендата на клубот се обиде да издејствува трансфер со слободен премин. И кандидатите за претседател се јавија со свое мислење за 33-годишниот Меси – некои од нив со ветувања дека ќе го задржат. Куман вели дека тоа мора да сопре.

„Сите ја знаеме ситуацијата со Лео. Ако има некој нешто што треба да го каже, тоа е самиот Лео, а другите коментари се неважни и не ме интересираат. Нека си ги даваат коментарите внатре во клубот и нека нè остават да си ја завршуваме работата. Неколкупати кажав дека не се мешам во работата на претседателските кандидати и дека не знам што ќе се случи по изборите. Сега фокусот мора да е на натпреварите“, вели Куман.

Прикажи повеќе...

Спорт

Чалханоглу наредното лето се сели во Јувентус?

Објавено пред

Хакан Чалханоглу е еден од клучните играчи на Милан оваа сезона, меѓутоа неговата иднина во клубот од „Сан Сиро“ е неизвесна. Неговиот договор истекува по завршувањето на сезоната, а клупските челници не успеваа да го убедат да потпише нов.

Двете страни не можат да се договорат околу финансиските детали. Милан, на фудбалерот му нуди годишна плата од 5.000.000 евра, што е дупло повеќе од она што сега го заработува, додека менаџерот на Чалханоглу бара 2.000.000 евра повеќе.

Ваквата ситуација се обидува да ја искористи Јувентус. Во Торино се подготвени да го чекаат Чалханоглу до завршувањето на сезоната, кога тој ќе биде слободен играч.

„Тутоспорт“, пишува дека од Јувентус го воспоставиле контакт со фудбалерот и дека првите разговори биле успешни.

Овој извор тврди дека Јувентус имале желба да го откупат Чалханоглу во зимскиот преоден рок, меѓутоа од Милано ја одбиле понудата. Во клубот сметаат дека Чалханоглу е важен дел од тимот, кој оваа сезона ќе се обиде да ја освои титулата во Серија А.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија27 минути

Историската комисија заглави кај цар Самуил, спорна придавката македонски

Мешовитата македонско-бугарска историска комисија на 11. средба не постигна напредок во преговорите. Историчарите се обиделе да ги надминат разликите за...

Македонија1 час

Вакцинирањето во земјата ќе почне до март и ќе биде бесплатно

Вакцинирањето против Ковид-19 ќе почне во првите два-три месеци в година, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Ќе се примаат...

Македонија3 часа

Холандската амбасада демантира дека Холандија го поддржува ветото

Холандската амбасада попладнево ја демантира и ја оценува како лажна вест информацијата дека Холандија го поддржала бугарското вето за Северна...

Европа4 часа

„Астразенека“ и „Оксфорд“ презентираа различни тврдења за нивната вакцина

Компанијата „Астразенека“ и Универзитетот Оксфорд дадоа спротивставени тврдења за начинот на дозирање на нивната вакцина против коронавирус, што е редок...

Македонија4 часа

Нефи Усеини не е повеќе советник во Општина Охрид

Дванаесет советници на Општина Охрид гласаа „за“ прифаќање на оставката поднесена од охридскиот светник Нефи Усеини. На наредната седница Советот...

Македонија6 часа

Пензионерите бараат приоритет за вакцинирање против Ковид-19

Сојузот на здруженија на пензионери апелира приоритет при вакцинирањето против Ковид-19 да имаат пензионерите. „Во име на над 300.000 возрасни...

Топ6 часа

Разбиена криминална група која шверцувала дрога во македонски затвори

Криминалистичката полиција во соработка со СВР Скопје, поднесе кривична пријава против 27-годишниот А.М. од Дебар, поради сомнение за сторено продолжено...

Регион6 часа

(Видео) Силна експлозија во центарот на Белград, еден загинат и двајца повредени

Утрово, нешто пред 10 часот, се случи силна експлозија пред зградата на српската државна телевизија РТС во Белград. Едно лице...

Топ8 часа

Кавадарчанец со секира се обидел да ја убие сопругата, па загинал фрлајќи се во река

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со увидна екипа од МВР изврши увид во куќа во селото Шивец...

Регион8 часа

Курц: Секој што ме познава знае колку сум приврзан за Балканот

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, реагираше на критиките кон него поради изјавата дека повратниците од годишниот одмор го донеле коронавирусот во...

Македонија8 часа

Македонските и бугарските историчари и денеска ќе расправаат за средновековниот и раноосманлискиот период

Македонско-бугарската мешовита комисија за историски и образовни прашања и денеска ќе расправа за средновековниот и раноосманлискиот период, по состанокот одржан...

Македонија9 часа

(Видео) Пендаровски: Здравствените производи треба да бидат достапни за сите

Здравствените производи со сертифициран квалитет треба да бидат достапни за сите, истакна претседателот Стево Пендаровски во обраќање на специјалнатата сесија на...

Македонија9 часа

Градоначалниците на Битола и Гостивар се позитивни на коронавирус

Градоначалниците на општините Битола и Гостивар – Наташа Петровска и Арбен Таравари, преку социјалните мрежи известија дека се заразени со...

Регион9 часа

ЕУ и Грција ќе формираат нов прифатен центар на Лезбос

Европската комисија потпиша меморандум во кој се опишува деталниот план договорен меѓу грчките власти и агенциите на Европската Унија за...

Свет9 часа

„Модерна“: Околу 100 милиони вакцини против корона ќе бидат достапни на почетокот на годината

Американската фармацевтска компанија „Модерна“ објави дека очекува да може да испорача меѓу 100 и 125 милиони дози на експерименталната вакцина...

Европа23 часа

Шведска ги отфрла препораките на СЗО, тамошните експерти велат дека маски не се потребни

Сè уште нема потреба да се носат маски во Шведска, изјави денес водечкиот здравствен службеник во оваа скандинавска земја со...

Македонија24 часа

Заев: Да профитираме од извоз на сушен цвет од канабис, а дома да ја легализираме марихуаната

Ако успее парламентот до крајот на годината да го донесе законот за измени и дополнување на Законот за опојнит дроги...

Македонија1 ден

1.342 новозаразени од Ковид-19, починаа 22 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.399 тестирања, а регистрирани се 1.342 нови случаја на...

Македонија1 ден

МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА бараат во преговорите со Бугарија да не се погази достоинството на народот

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Македонската православна црква (МПЦ-ОА) и Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) истапија со...

Македонија1 ден

Се спушта возрасната граница за лична асистенција од 18 на шест години за деца со попреченост

На барање на семејствата на децата со попреченост ја намалуваме возраста кога личната асистенција станува законско право – од сегашните...

Досие