Спорт
Ансу Фати повторно повреден
Напаѓачот на Барселона, Ансу Фати доживеа нова повреда.
Момчето кое го нарекуваа „новиот Меси“, Барселона дури и му ја даде „десетката“ кога Аргентинецот замина во ПСЖ, нема среќа со повредите. Шпанските медиуми објавија дека на денешниот тренинг, Ансу Фати ја повредил тетивата. Прогнозите се дека ќе паузира еден месец.
Од друга страна, ова не е изненадување со оглед на тоа што минатата година лекарскиот тим на Барселона се обиде да го убеди Фати да оди на операцијаж за да го реши проблемот, Фати одби и реши да се лекува со алтернативни методи, токму таа повреда ја обнови на денешниот тренинг.
Се чини дека можеби на овој начин се збогуваше од Барселона, бидејќи планот на клубот е да го продаде или да го испрати на позајмица во зимскиот преоден рок.
Фати е дете на Барселона, тој експлодираше под водство на Ернесто Валверде, но сето тоа тргна во надолна линија откако тој доживеа сериозна повреда на лигаментите во ноември 2019 година.
Тој направи три операции, паузираше повеќе од една година, а кога се врати не успеа да дојде и блиску до формата во која беше.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Манчестер Сити минатата сезона оствари рекорден приход!
Фудбалскиот клуб Манчестер Сити денеска соопшти дека во сезоната 2023/24. остварил рекорден приход од 715 милиони фунти (околу 865 милиони евра).
Приходите на Сити се зголемија за 2,2 милиони фунти по рекордот од минатата сезона од 712,8 милиони фунти.
Сити дојде до оваа сума во сезона кога не успеа да го повтори историскиот резултат – „тројната круна“ (Премиер лига, ФА Куп и Лига на шампиони) од сезоната 2022/23, но го освоија четвртиот последователен англиски шампионат, заедно со трофеи на Светското клупско првенство и Суперкупот на Европа.
Од клубот изјавија дека трите главни извори на приход се – рекламирањето, приходите од денот на натпреварите и телевизиските права. Комерцијалните приходи благо се зголемија од 341,4 милиони фунти на 344,7 милиони фунти.
„На и надвор од теренот, нашата страст за следниот предизвик е поткрепена со обмислено и детално планирање и верба во културата на заедничко учење што ја изградивме. Овој организациски пристап сега е дел од нашата ДНК“, рече претседателот на Манчестер Сити, Калдун Ал. Мубарак.
Сити има профит од сезоната 2014/15, со исклучок на сезоната 2019/20, обележана со пандемијата на коронавирус.
Клубот од Манчестер е во резултатска криза, има само една победа од последните 10 натпревари, а се наоѓа на четвртото место во Премиер лигата, со осум бода помалку од лидерот Ливерпул.
Спорт
Сериозни обвинувања – „Билд“ тврди дека Мукоко нема 20 туку 24 години
Јусуфа Мукоко е 20-годишен напаѓач на Борусија Дортмунд кој моментално е на позајмица во Ница. Таму постигна два гола и забележа две асистенции на 13 настапи во сите натпреварувања оваа сезона. На 12 години беше прогласен за најголем талент во светот, а денеска германски „Билд“ објави дека тој всушност е четири години постар од неговата возраст.
Мукоко е роден во Камерун, а во Германија дошол како дете. На 12-годишна возраст првпат играл за репрезентацијата до 16 години. Уште од самиот почеток се поставуваа прашања за неговата возраст бидејќи соборуваше рекорд по рекорд.
На 50 настапи во Бундеслигата до 17 години, тој постигна 83 гола и имаше 14 асистенции, додека на 23 натпревари во Бундеслигата до 19 постигна 44 гола и имаше 10 асистенции.
Сепак, најновите информации, откриени во документарецот на телевизискиот канал „ПроЗибен“, сугерираат дека тој нема 20, туку 24 години.
Неговиот наводен татко Џозеф (73) во изјава дадена под заклетва, во која „Билд“ имал увид рекол: „Знаејќи ја кривичната одговорност за лажните изјави, под заклетва изјавувам: Јусуфа Мукоко не е мој биолошки син, не е биолошки син и на мојата сопруга Мари Мукоко. Исто така, тој не е роден на 20 ноември 2004 година во Јаунде. Му извадив лажен извод од матичната книга на родените во Јаунде. Потоа отидов во амбасадата, му извадив пасош и го однесов во Германија како да е мој син. Тој всушност е роден на 19.јули 2000 година. година. Го направивме четири години помлад, па во изводот пишува дека дека е роден на 20 ноември 2004 година.
„Мојата сопруга беше вработена во агенција која работи за „Евоник“, спонзорот на Борусија Дортмунд, а јас бев вработен директно во клубот. Така добивавме пари секој месец. Не работевме”, заклучи Џозеф Мукоко.
„Билд“, прецизира дека Џозеф Мукоко, кој бил под договор како видео аналитичар и скаут, добивал 20.000 евра месечно. Покрај тоа, германските медиуми, кои отидоа во Камерун за да се обидат да ги најдат вистинските изводи од матичната книга на родените на играчот, не најдоа ништо за раѓањето во 2004 година.
Од друга страна, германските медиуми го добија изводот од матичната книга на родените на Јусуфа Мохамаду, роден на 19 јули 2000 година, кој не е мртов, што значи дека денес има 24 години. Неговиот татко е Оусман Мохамаду (51).
„Во сиромашниот кварт Ла Брикетери во главниот град, каде што порасна Јусуфа Мукоко, вујкото на фудбалерот вели дека неговиот вистински татко живее во вила на десет километри. И неколку соседи потврдуваат дека тука живее таткото на ѕвездата на Борусија Дортмунд, која сите ја познаваат. Сепак, во вилата не живее Џозеф Мукоко, туку Оусман Мохамаду“, пишува Билд, упатувајќи сериозни обвинувања.
Германскиот весник го контактирал и Саша Флиге, директорот за комуникации на Борусија Дортмунд.
Тој изјавил: „Во случајот на Јусуфа Мукоко, биолошките родители може да се најдат врз основа на официјални лични документи и изводи од матичната книга на родените издадени од германските власти.
Овие документи остануваат во сила до ден-денес и претставуваат основа за потпишување договори со клубови, домашни и странски, и секако, за избор на асоцијативни тимови како што е германската репрезентација до 21 година“.
Спорт
Милевски: Група што носи надеж
Фото/ ffm.mk
Фудбалската репрезентација на Македонија ги дозна противниците во квалификациите за пласман на Мундијалот во 2026 година. На патот до Канада, Мексико и САД на Македонија и стојат Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн.
Македонија ќе биде фаворит во дуелите со Казахстан и Лихтенштајн, а впечатокот е дека може да игра со фаворитот Белгија и Велс.
„Извлекувањето во Цирих ни носи надеж. Добивме група со репрезентации со кои може да играме и да се надеваме на добар пласман.
Белгија е голем фаворит. Една од најсилните светски селекции и ќе биде големо изненадување доколку не успее да го освои првото место во оваа конкуренција.
Велс е одлична репрезентација, тим кој игра динамичен и брз фудбал. Се разбира дека влегуваат со свои пресметки за конечниот пласман во групата, но убеден сум дека можеме да се спротивставиме на вистински начин.
Казахстан и Лихтенштајн можеби немаат позитивни резултати во последните квалификациски циклуси, но секој нов почеток е нова надеж и за условно, помалите репрезентации во групата.
За мене е важно ние да го задржиме истиот пристап како на последните натпревари од Лига на нации, силно мотивирани да влеземе во квалификациите и да одново да се бориме за резултат кој може да ни донесе можност за евентуален пласман на големо натпреварување, изјави за интернет страницата на Фудбалската федерација на Македонија, селекторот Благоја Милевски.