Спорт
Аргентина ја победи Панама, Меси го постигна 800. гол во кариерата
Аргентина ја победи Панама со 2:0 во пријателски натпревар, стрелци во самиот финиш на натпреварот беа Алмада и Меси. Натпреварот пред 90.000 гледачи на култниот стадион „Монументал“ помина во славеничка атмосфера.
Три часа пред почетокот на натпреварот, трибините беа преполни. Аргентинците го одиграа првиот меч по освојувањето на светската титула, во декември минатата година.
Фудбалерите на Панама немаа милост кон Меси. Во неколку наврати силно го фаулираа и покажаа дека не се пријателски расположени.
CRAZY SCENES. 🤯
THE BEST ATMOSPHERE OF ALL TIME. 🇦🇷
— All About Argentina 🛎🇦🇷 (@AlbicelesteTalk) March 23, 2023
Се играше 89. минута кога одличниот Аргентинец покажа зошто важи за најдобар играч на сите времиња. Постигна гол од слободен удар, веројатно еден од најбавите во дресот на националниот тим.
Инаку, тоа беше 800. гол во кариерата на Меси и не можеше да избере подобар начин да го постигне.
Messi's 800th career goal comes as a free kick in his first game with Argentina as World Cup champions.
Perfect.
(via @TV_Publica)pic.twitter.com/sWSREGPOBZ
— B/R Football (@brfootball) March 24, 2023
По завршувањето на натпреварот играчите од Панама трчаа да се поздрават и да се фотографираат со Меси, а еден од нив му побара и автограм.
Вистинската забава следеше по последниот судиски свиреж кога аргентинските навивачи во живо можеа да го видат трофејот наменет за победникот на светскиот куп.
The greatest. 🐐
— All About Argentina 🛎🇦🇷 (@AlbicelesteTalk) March 24, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тонали сега е на удар и на Англичаните поради обложувањето
Играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали е под истрага од Фудбалската асоцијација (ФА) поради прекршување на правилата против обложување.
Италијанецот веќе отслужува 10-месечна суспензија од Италијанскиот фудбалски сојуз поради обложување за време на неговото играње за Милан.
Новите докази покажуваат дека Тонали се обложувал и кога дошол во Њукасл. Младиот 23-годишен играч го прекршил правилото дури 50 пати од 12 август до 12 октомври 2023 година.
На Тонали му е даден рок до 5 април да одговори на обвиненијата.
„Добивме потврда дека е покрената истрага. Клубот и Тонали целосно ќе соработуваат. Тоа е се што можеме да кажеме во моментов“, се вели во соопштението за медиумите на клубот.
Тонали пристигна во Њукасл минатиот јули во трансфер вреден 60 милиони фунти од Милан.
Спорт
Најдобриот судија во БиХ поради закани одби да им суди на Железничар и Сараево
Шампионатот на Босна и Херцеговина влегува во завршна фаза, а локалниот портал „Спортспорт“, пишува дека најдобриот судија, Ирфан Пељто одбил да им суди на клубовите кои доаѓаат од главниот град Железничар и Сараево) до крајот на сезоната.
Пељто тоа го направил поради наводните закани што ги добивал тој и неговото потесно семејство, кои ги пријавил во полиција. Најдобриот судија од БиХ за својата одлука го известил Судискиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, кој ја прифатил неговата одлука.
Железничар и Сараево ќе одиграат неколку дерби натпревари до крајот на сезоната, но Пељто нема да суди на ниту еден од нив.
Тој требаше да биде главен судија викендов на дербито меѓу Железничар и Вележ, но главен судија на „Грбавица“ ќе биде Елведин Топузовиќ. .
Пељто гради завидна кариера на меѓународен план и често суди натпревари во Лигата на шампионите. Неодамна судеше на пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Португалија, а претходно го судеше и натпреварот Лајпциг- Реал Мадрид.
Речиси е сигурно дека ќе суди на ЕП.
Спорт
Интер подготвува нов договор за Инзаги
Интер е апсолутен лидер во Серија А, прашање е само кога и математички ќе ја обезбеди шампионската титула, која ќе биде прва во кариерта на Симоне Инзаги. 47-годишниот тренер досега има освојувано трофеи само во Купот и Суперкупот на Италија.
Она што Инзаги го направи оваа сезона во Серија А, ги натера клупските челници да ја сменат својата стратегија и да му понудат нов договор на тренерот.
Инзаги досега двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред да заврши сезоната, а не откако таа ќе заврши.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.