Спорт
Аргентински фудбалер спие на клупи во Грција по пропаѓањето на трансферот
Аргентинскиот фудбалер од средниот ред, Максимилијано Форнари, тврди дека е заглавен во Грција и дека спие на клупите во Лариса по пропаѓањето на неговиот трансфер во третолигашот Аполон Лариса.
26-годишниот Форнари минатата сезона играл во Аргентина – во Сармиенто и Гуемес, но летово добил понуда од Аполон Лариса и откога пристигнал во Грција, клубот го оставил без договор и тој вели дека нема пари за повратен билет за Аргентина.
„Работите беа комплицирани и не знам што се случи. Тие што ме донесоа тука, ме оставија. Го напуштив тимот во кој играв бидејќи добив официјална понуда, но не го потпишав договорот“, вели Форнари.
Грчкиот клуб се брани дека Форнари паднал на медицинскиот тест и затоа не можеле да му дадат договор. Покрај тоа, Панајотис Манзано, претседателот на клубот, вели дека фудбалерот сега е во Барселона, што значи дека не му биле потребни пари и дека лажел.
„На 15 јуни, еден месец пред летниот камп, фудбалерот пристигна во Лариса и помина медицински тестови. Резултатите не беа очекувани и се откажавме од трансферот. Додека беше тука, јас му дадов пари нему и дадов дополнителни пари за неговиот агент. Ни беше кажано дека ќе оди во друг тим во Грција. Сега читам дека спиел на клупи, а неговиот агент вели дека е во Барселона“, вели Манзано.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Навивачите на Челси бараат клубот да го отпушти Покетино
Лошата сезона на Челзи кулминација доживеа синоќа на „Емирати“. Челси беше прегазен со 5:0 од градскиот ривал Арсенал.
Медиумите, а по нив и навивачите, за дебаклот го обвинија менаџерот Маурисио Покетино.
Револтираните навивачи на „сините“, како што пренесува „Фудбал инсајдер“, бараат аргентинскиот стручњак под итно да добие отказ.
Челси, досега има 13 победи, односно победи во една третина од натпреварите во Премиер лигата, премалку со оглед на вложувањата пред стартот на првенството.
Спорт
Судот одлучува за фантомскиот гол на Јамал? Лапорта ќе поднесе тужба против РФЕФ
Барселона ќе ја тужи Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) поради, како што смета, неправдата на Ел Класико.
Ова значи дека судот треба да пресуди дали топката по ударот на Ламине Јамал ја минала гол-линијата.
Барселона, во неделата, доживеа пораз во Мадрид од Реал (3:2).
Фантомскиот гол на Ламине Јамал се уште е тема на шпанските медиуми, но и ситуација од која не се откажуваат во канцелариите на „Камп Ноу“.
Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта фи побара од РЕФЕ снимките од ВАР собата (видео и аудио комуникацијата). п
Федерацијата го одби барањето и соопшти дека нема да направи исклучок за Барселона. Сега Барселона сака да добие дозвола видео-записот да му го предаде судот. Лапорта побара и да се повтори Ел Класико.
Во шпанскиот шампионат нема гол-технологија, а ВАР сметаше дека топката не ја минала линијата со полн волумен.
Спорт
Капитенот реши да си замине од Атлетик Билбао
Икер Муниаин реши да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната.
Легендарниот офанзивец по освојувањето на Купот на кралот сфати дека тоа е најдобриот момент да се збогува со својот сакан клуб, по цели 20 години.
Муниаин е секако дете на клубот, а во академијата на Атлетико пристигна како 11-годишник и ќе замине втор на листата на одиграни натпревари, досега 557, но нема да го престигне недопирливиот Ќоп Ирибара, кој одигра 614.
Но, Муниан реши да си замине во вистински момент, има 31 година, конечно го освои Копа дел Реј, претходно Суперкупот на Шпанија во 2015 и 2021 година.
Нема намера да остане во Шпанија, голема е веројатноста да ја напушти и Европа, иако се уште нема донесено конечна одлука за тоа.
Својата одлука Муниаин веќе им ја соопштил на соиграчите и раководството на клубот, за до крајот на сезоната достојно да се збогуваат од навивачите и од „Сан Мамеш“.
Инаку, Муниан дебитираше за првиот тим уште на 30 јули 2009 година против Јанг Бојс и постигна 75 гола за Атлетик.
Погледнете го неговото емотивно видео кое го најавува неговото заминување од Атлетик Билбао…