Спорт
Арсенал се засилија со Одегар и Рајан
Фудбалскиот клуб Арсенал, до крајот на сезоната, во своите редови го донесе Мартин Одегар и голманот Мет Рајан. Одегар, незадоволен од својот статус во Реал, побарал да биде испратен на позајмица, додека голманот Рајан ќе треба да ја засили конкуренцијата на оваа позиција, иако е статистички најлошиот голман во Премиер лигата.
Мартин Одегар, по брилијантната сезона во Реал Сосиедад (7 гола, 9 асистенции). се врати во Мадрид, меѓутоа од Зинедин Зидан не ја доби вистинската шанса. Од почетокот на декември, тој одигра само пет минути и тоа против Шахтјор во Лигата на шампионите.
Самиот побарал да замине, желбата му беше да се врати во Реал Сосиедад, меѓутоа Реал не сакаше да ги испрати во редовите на конкурентот. Од ваквиот развој на настаните профитираше Арсенал.
Арсенал, го позајми Одегар, беа обврска да мора да го откупи неговиот договор. Норвежанецот по завршувањето на сезоната ќе мора да се врати во Мадрид.
Трансферот на Одегар делува логично, но на англичаните не им е јасно зошто клубот го ангажираше голманот Рајан, кој поради лошата форма остана без местото на голот во Брајтон.
Рајан е статистички најлошиот голман оваа сезона во Премиер лигата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Братот на Никола Јокиќ удрил навивач
Братот на Никола Јокиќ, Страхиња влегол во конфликт со навивач по мечот меѓу Денвер и ЛА Лејкерс.
Нагетс поведоа со 2-0 во серијата, благодарение на кошот, кој со звукот насирената го постигна Џамал Мареј (101:99), но едено видео кое се појави по натпреварот ја шокираше јавноста.
На снимката се гледа како братот на Никола, Страхиња слегува и удира навивач.
На трибините беа и вториот брат на кошаркарот на Денвер, Немања и неговата сопругата Наталија и ќерката Огњена.
Следниот натпревар помеѓу Лејкерс и Нагетс е закажан во Лос Анџелес во петок од 4 часот.
The Jokic bros fighting fans last night 😳
(Via cgallegos67 / h/t @ClutchPoints )
— NBACentral (@TheDunkCentral) April 23, 2024
Спорт
Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните
Дисциплинскиот судија во Серија А експресно ги одреди казните за играчите кои синоќа беа исклучени на натпреварот помеѓу Милан и Интер во 33. коло од Серија А. Интер славеше со 2.1 и ја обезбеди титулата на пет кола до крајот на сезоната.
Капитенот на Милан, Давиде Калабрија, доби црвен картон во 97.минута, откако го удри без топка Давиде Фратези. Тој е суспендиран на два натпревари.
Во петтата минута од судиското надополнување дојде до тепачка помеѓу играчот на Милан, Тео Ернандез и играчот на Интер, Дензел Дамфрис, по што и двајцата добија црвени картони. Тие ќе пропуштат еден натпревар.
Дисциплинскиот судија им изрече и парични казни од по 10.000 евра.
Спорт
Покетино: Лукаку е играч на Челси
Ромелу Лукаку, во целост ја оживеа кариерата во Рома. Клубот има можност да го откупи неговиот договор, но прашање е дали има пари да вложи во трансферот на Белгиецот.
Лукаку не успеа да се наметне во Челси, самиот побара да замине, а неколку пати изјави дека нема намера да се враќа во Лондон. Минатата сезона ја мина во Интер, а оваа е во Рома.
За статусот на курпулентниот Белгиец проговори и тренерот на сините, Маурисио Покетино.
„Тој е играч на Челзи, па ќе обрнеме внимание на него. Ваков став во овој момент има клубот, но се уште немаме донесено никаква одлука“, изјави Покетино.
Лукаку оваа сезона постигна 18 гола на 41 натпревар за Рома во сите натпреварувања.