Контакт

Спорт

Артета: Не сум диктатор

Објавено пред

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, рекол дека не сака односот со играчите да го гради со диктаторски пристап, но дека од нив бара почит и посветеност.

Шпанецот им се правдал на новинарите за својот потег откога минатата недела го исфрли од тимот и му ја одзеде капитенската лента на Пјер-Емерик Обамејанг. Артета го повлече овој потег бидејќи Габонецот ги прекршил клупските правила.

„Не градам авторитет со диктаторско однесување. Барам од нив почит и посветеност. Тоа е минимумот. Доколку не го добијам тоа, тогаш сум подготвен да си ги спакувам куферите и да си заминам“, рекол Артета.

Арсенал во Премиер лигата се наоѓа на четвртото место со 32 бода, 12 помалку од лидерот Манчестер сити.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Холанѓаните со историски пласман во втората фаза на ЕП

Објавено пред

Холандија за првпат во својата историја влезе во втората рунда на Европските првенства во ракомет, откак ово исклучително тесен и интересен меч со 32:31 ја совладаа Португалија за да го освојат второто место во групата Б зад Исланд, кој претходно го елиминираше домаќинот Унгарија.

Холанѓаните, предводени од нивниот најдобар стрелец Кеј Смитс, имаа предност од четири гола на полувреме (17:13), но Португалците останаа во живот со борбена игра. Но, на крајот им беше потребна победа од два гола разлика за да ги поминат Холанѓаните на табелата, нешто што беше недостижно.

Во групата Д, Белорусија со 29:26 ја совлада Австрија во меч кој немаше големо значење, бидејќи од таа група Германија и Полска веќе во претходното коло обезбедија втора рунда.

ЕУРО 2022, УНГАРИЈА/СЛОВАЧКА, 3.КОЛО

ГРУПА Б

Холандија – Португалија 32:31 (17:13)

ГРУПА Д

Белорусија – Австрија 29:26 (17:13)

Прикажи повеќе...

Спорт

Нејмар: Документарецот на „Нетфликс“ ќе го смени мислењето на тие кои ме мразат

Објавено пред

Ѕвездата а Пари Сен-Жермен, Нејмар вели дека новиот документарен филм за неговиот живот на „Нетфликс“ во три продолженија „Совршен хаос“ ќе помогне на луѓето да го запознаат и да не го мразат толку многу.

Документарниот филм во решија на Дејвид Чарлс Родригез ќе биде објавен овој месец, и ќе ја разгледува кариерата на Нејмар, како и маркетинг-бизнисот на неговиот татко, Нејмар Сениор.

„Тие кои ме знаат, знаат кој сум и што ми е најважно. Тие кои не ме знаат и само зборуваат лоши работи за мене, ги ставам на страна, но се надевам дека ќе го погледнат документарецот и ќе го сменат мислењето за мене. Малкумина ме познаваат, најблиските пријатели, семејството и некои од соиграчите, и затоа мислам дека е важно да се види овој дел од мојот живот. Каков сум дома, каков сум како татко, како брат, како син. Ќе биде прикажана 100 отсто само вистината“, вели Нејмар во интервју за „ЕСПН“.

Прикажи повеќе...

Спорт

Имобиле со гол во продолженијата ги однесе Лацио до четврт-финале на Копа Италија

Објавено пред

Чиро Имобиле со гол во 106. минута успеа да ги однесе Лацио во четврт-финалето на Италијанскиот куп, за минимална 1:0 победа над Удинезе на „Олимпико“ во Рим.

Со меч со груба игра и многу жолти картони, Имобиле влезе во игра во 76. минута, за во 106. минута да упати прекрасен лоб удар за победа на тимот на Маурицио Сари. „Лацијалите“ во четврт-финалето ќе гостуваат на Милан, кои минатата недела со 3:1 ја елиминираа Џенова.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Рекордни 2.269 нови случаи на коронавирус во Македонија

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 7.038 тестови, а регистрирани се 2.269...

Македонија5 часа

Учебната година ќе заврши на 10 јуни и покрај одложеното второ полугодие

Владата најави измена на наставните програми со цел учебната година да заврши стандардно на 10 јуни, и покрај тоа што...

Македонија7 часа

(Видео) Потребно е враќање на довербата меѓу двете влади, порача Пендаровски на средбата со бугарскиот премиер

Потребно е враќање на довербата меѓу двете влади, со цел засилување на добрососедските односи и политичкиот дијалог за почувствителните прашања....

Македонија7 часа

Рот: Бугарија да го признае македонското малцинство, како што Македонија го признава бугарското

Германски пратеник во Бундестагот и поранешен министер на Германија за Европа, Михаел Рот, ја поздрави денешната посета на Македонија на...

Македонија10 часа

Гаврил Бубевски избран за нов претседател на скопското Јавно обвинителство

Некогашниот специјален јавен обвинител, Гаврил Бубевски, стана шеф на скопското Јавно обвинителство, а неговиот колега од СЈО, Стевчо Донев, е...

Македонија11 час

Бугарија го прифати краткото име Северна Македонија, кое претходно го оспоруваше

Бугарија прифатила да го користи краткото име Северна Македонија, кое претходно го оспоруваше. Премиерот Димитар Ковачевски вели дека ова е...

Европа12 часа

Европскиот парламент доби нов претседател

Европскиот парламент доби нов претседател. Роберта Мецола е избрана за наследник на Дејвид Сасоли за претседател на Европскиот парламент освојувајќи...

Македонија14 часа

Со сертификат за вакцинација или прележана болест Македонците ќе може да влезат во Бугарија

Од 20 јануари македонските државјани ќе може да влезат во Бугарија. По интензивната комуникација меѓу министерствата за надворешни работи на...

Свет14 часа

Тонга по ерупцијата и цунамито – поплавени острови, земјата и дрвјата покриени со пепел

Првите фотографии по ерупцијата на вулканот кај Тонга и цунамито што ги погоди островите во тој архипелаг ги прикажуваат земјата...

Македонија15 часа

(Видео) Зголемениот водостој на кејот на реката Вардар ги вознемири жителите на Аеродром

По телефонска дојава од страна на граѓани на 195, а и до директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, дека во општина...

Македонија1 ден

Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари

Владата на Република Северна Македонија на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот...

Македонија1 ден

Владата на првата седница ги именува замениците на Ковачевски

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа својата прва конститутивна седница, со која претседаваше премиерот Димитар Ковачевски. На седницата...

Македонија1 ден

766 нови случаи на Ковид-19 и 15 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 3.748 тестови,...

Македонија1 ден

Маричиќ: Не е на Северна Македонија да кажува каде и какво малцинство има во регионот

Новиот вицепремиер за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, изјави дека не е на Северна Македонија да кажува каде какво малцинство има во...

Македонија1 ден

Ковачевски: Задоволен сум од перформансите на министрите од ДУИ

Премиерот Димитар Ковачевски е задоволен од министрите што ДУИ ги има во Владата. Бидејќи во редовите на оваа партија немаше...

Македонија1 ден

Бугарската позиција е јасна, очекувам заедно да работиме на нов дијалог, порача Петков во честитката до Ковачевски

Бугарскиот премиер Кирил Петков му го честиташе изборот на својот македонски колега Димитар Ковачевски наведувајќи дека позицијата на Бугарија за македонската...

Економија1 ден

Поскапуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 1,00 денар/литар, а малопродажните цени на „евродизелот“ (Д-Е V)...

Свет1 ден

Десетте најбогати луѓе во светот си го удвоија богатството за време на пандемијата, а 160 милиони западнаа во сиромаштија

Богатството на 10-те најбогати луѓе во светот се удвои од почетокот на пандемијата, се наведува во извештајот објавен денеска од...

Спорт2 дена

Само вакцинираните ќе може да настапат на „Ролан Гарос“

Професионалните спортисти ќе мора да бидат вакцинирани против коронавирусот доколку сакаат да учествуваат на спортските натпревари во Франција. Ова се...

Македонија2 дена

(Видео) Ковачевски ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев

Новоизбраниот претседател на Владата, Димитар Ковачевски, денеска ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев. Премиерот во заминување,...

Досие