Спорт
Артета: Премиер лигата повторно започна
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, по поразот од Манчестер Сити изјави дека шампионската трка се врати на почеток.
Со натпревар повеќе од „граѓаните“, тимот од Лондон има три бода повеќе, на пет кола до крајот.
Тимот на Пеп Гвардиола ја заврши најважната работа во овој дел од сезоната во недела попладне, го победија својот директен конкурент за титулата и ќе водат речиси рамноправна трка за тронот до крајот.
„Топџиите“ го добија најтешкиот удар врз нивните шампионски аспирации на „Етихад“, а вистинската драма допрва доаѓа.
„Направивме многу работи како што треба за да го однесеме натпреварот таму каде што сакавме. Имавме подобри шанси, но не ги искористивме и тоа е реалноста“, рече тренерот на Арсенал, Артета.
Сепак играчите дека Арсенал веруваат дека трката за трофејот ќе биде со среќен крај за Арсенал, тврди Шпанецот.
За промената на пристапот:
„Секој натпревар е различен пристап. Потребно е да се процени состојбата на тимот. Ни недостасуваат некои големи играчи. Ни требаат назад што е можно поскоро затоа што мора да бидеме посилни и подобри“.
Трката за шампионатот е повторно жива.
„Премиер лигата речиси повторно започнува. Тие имаат натпревар помалку, ние водиме со три бода, имаме уште пет натпревари“.
Foto/ EPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Менди ќе отсуствува една година
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Ферланд Менди, наводно ќе отсуствува повеќе од една година поради неговата последна сериозна повреда.
30-годишникот беше принуден да го напушти теренот по само 14 минути од победата на Реал Мадрид од 2:0 над Еспањол минатиот викенд. Првичните извештаи сугерираа дека тој ќе отсуствува околу пет месеци по операцијата, но повредата се чини дека е полоша отколку што првично се мислеше.
Според новинарот на „COPE“, Мигел Анхел Дијаз, оваа последна повреда значи дека Менди веројатно ќе отсуствува повеќе од една година.
Во извештајот се наведува дека неговата повреда е многу посериозна отколку што првично се веруваше и дека станува збор за кинење на тетива со раздвојување на коските.
Некои медиуми во Шпанија одат чекор понатаму и пишуваат дека е доведено во прашање и продолжувањето на неговата кариера, бидејќи во последно време имал многу проблеми со повредите.
Менди пропушти повеќе од 50 натпревари во претходните две години поради повреди. Оваа сезона, тој запиша само осум натпревари. Проблемот со телото очигледно постои, па затоа пишувањата на медиумите за крајот на неговата кариера не се без основа.
Досега, Реал Мадрид и францускиот фудбалер не се огласија, па затоа сè уште нема официјална потврда.
Foto/ Depositphotos
Спорт
Вардар 1961 го декласира Еурофарм Пелистер и ја обезбеди шампионската титула
Вардар 1961, вечерва во својот дом, стави крај на три годишната доминација на Еурофарм Пелистер во македонскиот ракомет. Црвено-црните го декласираа најголемиот ривал, во рамките на 29-то коло со 34-19 (18:12), со што во голем стил ставија печат на 17-та титула во клупската историја.
Вардар 1961 го декласира Еурофарм Пелистер како ретко кога, во играта не се почувствува заморото од исрпувачкиот натпревар со Монпелје пред 48 часа. Прашањето околу конечниот победник не беше во прашање во ниту еден момент.
Имаа црвено-црните шест гола предност по првиот дел, а натпртеварот го завршија на 20 минути до крајот кога стекнаа двоцифрена предност.
Митровиќ со седум и Малус со пест гола го предводеа Вардар 1961.
Инаку, Вардар 1961 ја комплетира двојната круна, откако претходно против ГРК Охрид го освои и Купот на Македонија.
Foto/ rkvardar.com.mk
Спорт
Ал-Келаифи: Луис Енрике е мојата најдобра одлука во ПСЖ
Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, не штедеше пофалби за Луис Енрике по новиот пласман на тимот во финалето на Лигата на шампионите.
Првиот човек на францускиот гигант, го означи шпанскиот стручњак како најдобар тренер во светот и призна дека неговото доаѓање во Париз била најдобрата одлука откако го води клубот.
„Луис Енрике е нашиот најголем адут. Тој е мојата најдобра одлука“, рече Ал-Келаифи во интервју за „CBS Sports Golazo“, додавајќи дека го сакал поранешниот тренер на Барселона во ПСЖ со години.
По пристигнувањето во Париз, Енрике го промени изгледот на тимот. ПСЖ повеќе не е само тим составен од големи ѕвезди, туку тим со јасен идентитет, поголема тактичка дисциплина и посилно чувство за заедништво.
Според Ал-Келаифи, ова е токму најголемата промена што Шпанецот ја донесе во соблекувалната.
„Неверојатно е како тој ја управува секојдневната работа во клубот, играчите, медиумите и сите околу него. За мене, тој е најдобриот тренер во светот“, додаде претседателот на ПСЖ.
Парижаните со победата против Баерн изборија ново финале во Лигата на шампионите, а Ал-Келаифи по успехот истакна дека тимот под водство на Енрике станал вистинско семејство.
„Начинот на кој работат заедно, како живеат заедно и како се борат еден за друг, тоа е она што најмногу го сакам кај овој тим“, рече тој.
Foto/ EPA
