Спорт
Артур: Сум играл со големи фудбалери, но сон e да играм со Кристијано Роналдо
Артур Мело денеска беше претставен како нов фудбалер на Јувентус по „трампата“ со Барселона за Миралем Пјаниќ, по што изјави дека е вистинско остварување на неговиот сон да игра покрај Кристијано Роналдо, јасно ставајќи на чија страна е во дискусијата за најдобриот на сите времиња, бидејќи на „Ноу Камп“ играше покрај Лео Меси.
„Ова е многу важен ден за мене, и се заблагодарувам на семејството, на менаџерите, на Фабио Паратичи и на тие кои ми посакаа добредојде. Имав привилегија да играм со многу големи играчи во кареирата, но да се игра со Роналдо е вистинско остварување на сонот. Проектот ме убеди, бидејќи Јувентус се клуб со големи амбиции“, изјави Артур.
Во уште еден последен удар кон Барса, тој се заблагодари на клубот, но изјави дека во Јувентус има поголеми шанси за трофеј од Лигата на шампионите.
„Можам да се заблагодарам на Барселона, кои покажаа голема љубов и ме третираа добро. Но, ова е нов чекор во мојата кариера и една од главните причини поради која прифатив да дојдам во Јувентус е Лигата на шампионите“, додава Бразилецот.
Benvenuto in spogliatoio, @arthurhromelo ❤ pic.twitter.com/SSUrtqQ7KN
— JuventusFC (@juventusfc) September 2, 2020
Arthur ?: "I have the opportunity to play at a great team, close to a champion like Ronaldo. It's a dream realised, I have a lot of enthusiasm."
(@juvefcdotcom) pic.twitter.com/1UEQ9tOyOj
— TeamCRonaldo (@TeamCRonaldo) September 2, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Премиер лигата им забрани на собирачите на топки да ја враќаат топката во игра
Премиер лигата воведе ново правило кое се однесува на момчињата кои ги собираат топките, пишуваат англиските медиуми. Тие повеќе нема да смеат да им ги фрлаат топките на играчите, туку ќе мора да ги ставаат на одредени места до теренот. Оваа измена е воведена за домашните екипи да не имаат неправедна предност.
Во последниве години, тренерите почнаа да им придаваат се поголемо значење на собирачите на топки, некои од нив дури лично да им даваат инструкции како да ја вршат својата работа.
Најчесто акцентот се ставаше на побрзо фрлање на топката кон играчите за да се забрза играта во обид да се изненади противникот. Исто така, собирачите на топки знаеја да прават мали опструкции кога нивниот тим ја има предноста.
Со воведувањето на оваа промена, Премиер лигата се обидува да создаде еднакви услови и за домашните и за гостинските екипи.
Спорт
Чаби Алонсо ги одби гигантите ќе остане во Леверкузен
Чаби Алонсо потврди дека и наредната сезона ќе го предводи Баер Леверкузен. Шпанецот со „фармацевтите“ е на добра пат да ја освои првата Бундес лигата во клупската историја. Неговиот тим, во сите натпреварувања од почетокот на сезоната, нема доживеано ниту еден пораз.
Чаби Алонсо долго време се поврзуваше со Ливерпул и Баерн Минен, клубови за кои играше во кариерата, но денес стави крај на тие шпекулации.
„Имав многу добри разговори со челниците на клубот и им кажав дека сакам да останам во Баер. Ова е најдоброто место за мене “, изјави Чаби Алонсо и продолжи:
„Нема да коментирам за Ливерпул или Баерн. Тие се големи клубови и јас сум поврзан со нив. Сепак, сега сум таму каде што сакам да бидам. Сега не е време да зборувам за иднината, сакам да се развивам понатаму во Баер. Веќе им ја соопштив одлуката на играчите “, рече 42-годишниот тренер.
Алонсо го презеде Леверкузен во октомври 2022 година, а пред тоа го тренираше вториот тим на Реал Сосиедад.
Спорт
Шекил: Сакам Симонс да ме научи како за 55 натпревари заработи 80 милиони долари
Изјавата на Шекил О’Нил во еден подкаст, во пресрет на почетокот на плеј-офот во НБА лигата, привлече големо внимание во САД.
Еден од најдобрите центри во историјата на кошарката, саркастично одговори на прашањето за кои играчи би платил карта да ги гледа во живо.
„Бен Симонс, затоа што сакам да научам како можеш да заработиш 80 милиони, а да одиграш само 55 натпревари. Научи ме човеку. Научи ме како можеш да одиграш 55 натпревари во три сезони и да добиеш 30 милиони, 40 милиони и уште 40 милиони само за да рекол дека го боли грбот“, рече четирикратниот шампион во НБА.
Симонс во 2016 година беше прв пик на драфтот, го избра Филалделфија, во чии редови беше до 2022 година кога се пресели во Бруклин Нетс. За Бруклин во првата сезона одигра 40 натпревари, а оваа само 15.