Спорт
Атланта го прекина победничкиот чекор на Денвер, ЛА Лејкерс подобар од Милвоки

Кошаркарите на Атланта Хокс го совладаа Денвер Нагетс со 117:109 и го прекинаа победничкиот чекор на гостите. На Денвер не му помогна ниту добрата игра на Никола Јокиќ со 24 поени (10/15 од поле, 3/6 за тројки, 1/4 слободни фрлања), 10 скока и осум асистенции. Тој беше блиску до нов трипл-дабл ефект но неговата игра не беше доволна за Нагетс да ја забележат петтата последовна победа во НБА лигата.
Во редовите на победничкиот тим најдобар беше Дижонте Мареј со 34 поени и осум асистенции или Еј Џеј Грифин со 24 поени. Клинт Капела забележа дабл-дабл, 12 поени и 11 асистенции.
Лос Анџелес Лејкерс го победи Милвоки на гости со 129:133. Блескаше Ентони Дејвис со 44 поени и 10 скока, а Јанис Адетокумбо кај Милвоки постигна 40 кошеви.
Мајами Хит по продолжение во „ТД Гарден“ го совлада Бостон Селтикс со 116:120. Бем Адебајо со 28 поени и Тајлер Хироу со 26 поени беа најзаслужни за триумфот на „жешките“. Џејлен Браун од Бостон со 37 поени беше најефикасен на мечот.
Феникс, кој е првопласиран на Западот, загуби дома од Хјустон со 121:122. Џелен Грин уфрли 30 поени за победничкиот тим, а на Феникс не му помогна ниту Девин Букер кој беше расположен и постигна 41 поен.
НБА, резултати: Шарлот – Вашингтон 117:116, Атланта – Денвер 117:109, Бостон – Мајами 116:120, Бруклин – Торонто 114:105, Кливленд – Орландо 107:96, Миволки – ЛА Лејкерс 129:133, Мемфис – Филаделфија 117:109, Сан Антонио – Њу Орлеанс 99:117, Феникс – Хјустон 121:122, Јута – Индијана 139:119, Голден Стејт – Чикаго 119:111.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Писмо со куршум и закана за претседателите на Сампдорија

Ситуацијата во Сампдорија станува уште потензична, откако весникот „Ил секоло 20“ објави дека полицијата пронашла заканувачко писмо со куршум кон Масимо Фереро и Едоардо Гароне, кое пристигнало во просториите на клубот.
Поранешниот претседател и газда на клубот, Фереро се повлече од позицијата во декември 2021 откако беше уапсен за активности кои немаат врска со фудбалскиот клуб. Тој се противи на продажбата на клубот доколку не му донесе профит. Неговиот претходник Гароне, пак, е омразен кај навивачите поради тоа што го продаде клубот на бизнисменот од Рим, Фереро.
Ситуацијата на теренот е исто така критична – тимот е во зоната за испаѓање и со наводен долг од 150 милиони евра.
#Sampdoria, tensione altissima: un bossolo in una busta per Ferrero e l’ex n. 1 Garrone https://t.co/o9Ce2gAO5K
— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) January 30, 2023
Спорт
Валенсија се „раздели“ со Џенаро Гатузо

Џенаро Гатузо веќе не е тренер на Валенсија, потврдија од шпанскиот клуб, по долгиот состанок на италијанскиот тренер со претседателот на клубот, Лахјун Чен, во кој уште еднаш Гатузо се пожалил на слабата поддршка со засилувања, поради што „лилјаците“ повторно се и во резултатска криза.
45-годишниот Гатузо беше именуван како тренер на Валенсија минатото лето, но не успеа да го крене нивото на клубот, оставајќи го на 14. место на табелата со само пет победи во првите 18 кола.
„Клубот сака да му се заблагодари на тренерот за посветеноста и напорната работа и му посакува среќа во иднина“, се вели во објавата на клубот.
Воро Гонзалез, по неверојатен осми пат ќе стане преоден тренер на клубот. Во следното коло, Валенсија гостува кај Реал Мадрид веќе во четврток.
COMUNICADO OFICIAL | Gennaro Gattuso
— Valencia CF (@valenciacf) January 30, 2023
Спорт
Челси со мега-понуда од 105 милиони фунти за Фернандез, Бенфика подготвена за договор

Тренерот на Бенфика, Германецот Роџер Шмит признава дека клубот нема да може да го заддржо Енцо Фернандез во тимот ако Челси ја плати откупната клаузула, откако „сините“ според „Телеграф“ дале понуда од 105 милиони фунти, што би било најголем британски трансфер во историјата.
Ако овие вести се покажат како вистинити, тоа значи дека Челси во последните два преодни рока ќе потроши над 500 милиони фунти, но исто така дека се очајни да се склучи договор за 22-годишниот Аргентинец, кој беше прогласен за најдобар млад фудбалер на СП во Катар. Претходно, Бенфика одби прва понуда од 75 милиони фунти и втора понуда од 112 милиони фунти, но на три рати.
„Додека е отворен преодниот рок, ние сме подготвени. Сите знаеме за ситуацијата со Енцо, тој има откупна клаузула и ако клуб ја плати, тоа се многу пари и не можеме да го спречиме. Ќе бараме друго решени“, изјави Шмит за „А бола“.
Според „Телеграф“, луѓето на Челси утре ќе се сретнат со официјалните претставници на Бенфика во Лисабон во обид да го комплетираат договрот.