Спорт
Атлетик: Челзи пред мечот со Динамо донел одлука да го смени Тухел
Томас Тухел доби отказ од Челзи по поразот од Динамо со 1-0 во првото коло од Лигата на шампионите. Поразот од аутсајдерот во Загреб не влијален врз одлуката на газдата на Челси да го смени тренерот, тврди новинарот на „Атлетик“, Дејвид Орнштајн. Според него одлуката за смена на тренеорт во Челси била донесено од претходно.
Малку е чудно што Орнштајн пишува дека Челзи нема подготвена замена, што би било нормално кога веќе била донесена одлука за смена на тренерот.
Новинарот на „Атлетик“ додава дека лондонскиот клуб ќе се обиде да назначи нов тренер пред натпреварот в сабота против Фулам.
49-годишниот Германец Тухел пристигна во Челзи во јануари минатата година и изненадувачки ја освои Лигата на шампионите во првата сезона.
На 100 натпревари на клупата на Челзи оствари 60 победи, а поразот од Динамо на стартот од новата сезона во Лигата на шампионите му беше 16. откако е во Лондон.
Пред Челзи ги водеше Мајнц, Борусија Дортмунд и ПСЖ. Минатата година УЕФА го избра за тренер на сезоната.
Греем Потер од Брајтон, односно Маурицио Покетино, Зинедин Зидан и Марсело Биелса кои се без работа се првите имиња кои се споменуваат како можни наследници на Тухел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Реал го обнови интересот за Де Хеа
Поранешниот голман на Манчестер јунајтед, Давид Де Хеа повторно е во плановите на Реал Мадрид. Искусниот 33-годишен голман, кој е без тим од минатото лето кога му истече договорот со „црвените ѓаволи“, повторно се поврзува со Реал, кој сака да го донесе во своите редови, пишува „Релево“.
Де Хеа требаше да дојде во Реал минатото лето, по повредата на Тибо Куртоа, но на крајот клубот на општо изненадување реши да го позајми Кепа Аризабалега од Челзи.
Сепак, тој не успеа да ги импресионира клупските челници, по завршувањето на сезоната ќе се врати во Челси, а се очекува да си замине и Андриј Лунин, кој сезонава брани во врвна форма.
Луни бара нов клуб каде што ќе биде прва опција, бидејќи не сака да му биде резерва на Куртоа. Прашање е дали Де Хеа ќе се согласи да биде резервен голман.
Спорт
Ларкин од еден се сели во друг крај на Истанбул
Шејн Ларкин е еден од кошаракрите чии договор истекува на крајот од сезоната.
Американецот, пет сезони го носи дресот на Ефес. Со овој клуб освои две титули во Евролигата.
Ларкин ја има најголемата плата во Евролигата. Годишно тој заработува четири милиони евра.
Прашање е дали Ефес ќе му понуди нов договор на 31-годишниот Американец.
Наводно, целата ситуација внимателно ја следат од другиот крај на Истанбул. Фенербахче е заинтересиран да го донесе Ларкин од наредната сезона.
Фенербахче не е единствениот клуб кој покажува интерес за Ларкин, но според медиумите води во трката за неговиот потпис.
Оваа сезона Ларкин има 17 поени по натпревар, 5,2 асистенции, три скока и 1,1 украдена топка.
Спорт
Ѓоковиќ: Горан е член на семејството, пријател
Ден по веста дека Новак Ѓоковиќ и Горан Иванишевиќ ја прекинаа соработката, српскиот тенисер тренираше во Белград, во Кошутњак со Ненад Зимоњиќ.
Хрватските медиуми во Белград, се обидоа да добијат дополнителни одговори, зошто тенисерот и тренерот ја прекинаа соработката.
Ѓоковиќ се подготвува за Мастерсот во Монте Карло.
Српскиот ас не сакаше да дава дополнителни коментари на актуелната тема, но љубезно им се заблагодари на сплитските новинари.
„Сега не можам ништо да коментирам, извинете што нема да ви го дадам тоа што го барате, но ви благодарам што дојдовте. Добредојдени сте да останете овде, но јас и Горан ја завршивме нашата соработка. Ја видовте објавата, така што…“, рече Ѓоковиќ и додаде.
„Горан е член на семејството, пријател засекогаш и така ќе биде. Професионално едноставно се разделивме, направивме историски резултат – најтрофејниот играч и тренер досега, па мислам дека се е кажано во тоа смисла“.