Спорт
Австралиецот е прв геј активен професионален фудбалер
Австралискиот фудбалер Џош Кавало стана првиот активен професионален фудбалер кој откри дека е хомосексуалец, барајќи промена за приемот на сексуалноста во фудбалот и добивајќи поддршка од повеќе клубови и фудбалери.
21-годишниот фудбалер од среден ред на Аделаида јунајтед, вели дека е „исцрпен“ од водењето на двоен живот во кариерата.
„Јас сум фудбалер и сум геј. Сакам да играм фудбал и да ме третираат еднакво. Исцрпен сум од тоа да го давам максимумот на теренот и да го живеам овој двоен живот. Мислев дека луѓето ќе реагираат поинаку кон ако откријам. Дека ќе почнат да кажуваат лоши работи или да се потсмеваат со мене. Не е така, дури добив поголем респект“, вели Кавало во видео објавено на социјалните мрежи на клубот.
— Josh Cavallo (@JoshuaCavallo) October 27, 2021
Кавало, кој пристигна во Аделаида во февруари, вели дека се надева дека ќе ја инспирира следната генерација на фудбалери од ЛГБТ заедницата.
„Се борам со мојата сексуалност шест години, и сега сум помирен. Луѓето кои ме познаваат лично, знаат колку ја ценам приватноста. Бев засрамен што не можам да го правам тоа што го сакам и да бидам геј“, изјави Кавало.
Неговата објава беше поздравена од голем број на фудбалери и фудбалски клубови, меѓу кои и Жерард Пике: „Немам задоволство да те познавам лично, но сакам да ти заблагодарам за чекорот кој го направи. Фудбалот заостанува и ти помогна да одиме напред“.
Досега многу малку поранешни фудбалери објавија дека се хомосексуалци, како поранешниот фудбалер на Лидс јунајтед, Роби Роџерс, како и поранешниот фудбалер од средиот ред а Астон вила, Томас Хицлшпергер.
Hey @JoshuaCavallo, I don’t have the pleasure to know you personally but I want to thank you for this step that you take. The world of football is far behind and you are helping us move forward. https://t.co/pe8xdJl15i
— Gerard Piqué (@3gerardpique) October 27, 2021
Proud of you @JoshuaCavallo ✊?❤️ pic.twitter.com/VRU5Dda0s8
— Antoine Griezmann (@AntoGriezmann) October 27, 2021
THANK YOU, @JoshuaCavallo, for taking a huge step forward! Your courage contributes to normalizing diversity in the world of sports. ?️? https://t.co/5HvCnwy8PI
— FC Barcelona (@FCBarcelona) October 27, 2021
Proud of you, Josh! ?? #DifferencesMakeTheDifference https://t.co/lQpyUJRmST
— JuventusFC (@juventusfcen) October 27, 2021
Thank you @JoshuaCavallo for your strength and bravery…
?️? You are an inspiration to millions
?️⚧️ Everyone deserves the right to be themselvesThe world of football is a better place today, because of you ❤️ https://t.co/bdUtBpzmHv
— Arsenal (@Arsenal) October 27, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Куртоа се враќа до крајот на сезоната
Tренерот на Реал, Карло Анчелоти денеска изјави дека голманот Тибо Куртоа треба да се врати во тренажен процес за десет дена, пренесуваат шпанските медиуми.
На 20 март Куртоа беше опериран поради скинат менискус на десното колено. Шпанските медиуми потсетуваат дека белгискиот голман требаше да паузира до крајот на сезоната, но Анчелоти тврди дека Куртоа успешно се опоравува.
„Куртоа добро закрепнува, би можел да биде во тимот против Кадиз“, изјави Анчелоти.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Куртоа сигурно ќе го пропушти натпреварот против Реал Сосиедад во Ла Лига, како и првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Баерн.
Натпреварот од 34. коло во шпанското првенство помеѓу Реал и Кадиз ќе се одигра на четврти мај во Мадрид.
Спорт
Евролигата нема да го толерира однесувањето на Атаман
Кошаркарската Евролигата се огласи по бурната реакција и изјава на Ергин Атаман по поразот на Панатинаикос од Макаби, во Атина на стартот од четвртфиналната серија.
Во соопштението на веб-страницата на елитното натпреварување, се нагласува дека е недозволиво Атаман да ги етикетира судиите, дека таков приситсок нема да биде толериран и дека е покрената дисциплинска постапка против тренерот на Панатинаикос.
За потсетување, Атаман веднаш по натпреварот потенцираше дека судиите му доделиле шест поени на Балдивин, бидејќи досудиле два непостоечки, смешни фаули при шут за три поени, но во исто време нагласи дека ПАО продолжува понатаму, до завршниот турнир во Берлин.
Атаман на прес-конференцијата отиде чекор понатаму, велејќи дека ќе го напушти Панатинаикос доколку не избори пласман на завршниот турнир.
Макаби води во четвртфиналната серија со 1-0, вториот меч се игра вечерва повторно во Атина, а потоа следуваат два натпревари во Белград – 30 април и 2 мај, а евентуалната мајсторка ќе се игра на 8 мај во Атина.
Спорт
Гвардиола за Жоао Кансело: Ќе видиме на крајот на сезоната
Жоао Кансело е член на Манчестер Сити, а моментално е на позајмица во Барселона до крајот на сезоната. Прашање е дали Барселона сака да го отткупи неговиот договор, откако Португалецот беше означен како еден од главните виновници за елиминацијата од ПСЖ од Лигата на шампионите и поразот од Реал во Ел Класико.
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека на крајот на сезоната ќе одлучи дали Кансело ќе се врати во клубот, пренесуваат британските медиуми.
„Се уште не сме разговарале за иднината на Кансело во нашиот клуб. Ќе разговараме на крајот на сезоната“, изјави Гвардиола.
Кансело (29) е член на Манчестер Сити од 2019 година. Тој има договор со англискиот клуб до 30 јуни 2027 година.
Вториот дел од минатата сезона Кансело го мина на позајмица во Баерн, а потоа Манчестер Сити го испрати португалскиот фудбалер на едногодишна позајмица во Барселона.
Кансело оваа сезона одигра 36 натпревари за Барселона и постигна четири гола.