Спорт
Австралија ги намачи, но Аргентинците закажаа дуел со Холандија

Аргентина е во четврт-финалето на Светското првенство и ќе игра против Холандија. „Гаучосите“ успеаја да ја победат Австралија со 2:1, која скапо ја продаде кожата и ги намачи Лео Меси и друштвото. Посебно во финишот, кога тргна по израмнување, а голманот Емилијано Мартинез ја сочува мрежата во седмата минута од судиското продолжение.
Лионел Меси во 35.минута постигна гол на својот голем јубилеј, илјадитиот натпревар во кариерата.
Во вториот дел, Хулијан Алварез ја искористи големата грешка на австралискиот голман Метју Рајан, кој дриблаше во петерецот, му ја одзема топката и зголеми на 2:0 во 57.минута.
Но, Австралија не се предаде, во 77.минута намали, откако Гудвин шутираше, а топката по блокот на Енцо Фернандез заврши во мрежата.
Аргентина имаше убави шанси за трет гол преку Лаутаро Мартинез и Лео Меси, но во финишот се закани и Австралија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Дрес на Леброн продаден за речиси 4.000.000 долари

Дресот на Леброн Џејмс, во кој со Мајами ја освои титулата во НБА лигата во 2013 година, беше продаден синоќа на аукција во Њујорк за 3,7 милиони долари.
Ова го направи третиот најскап дрес продаден на аукција во Сотби.
Мајами до шампионскиот прстен стигна по победата против Сан Антонио во седмиот, решавачки натпревар, а Џејмс на тој меч постигна 37 поени со 12 скока.
Со постигнатата цена дресот на Џејмс од тој натпревар се уште не е најскапиот што е продаден.
Највисока цена постигна дресот на Мајкл Џордан од финалето на НБА во 1998 година, кој беше продаден за 10,91 милиони долари, втор на листата е дресот што го носеше Диего Марадона на Светското првенство во 1986 година, продаден за 9,28 милиони долари.
LeBron James’ 2013 NBA Finals Game 7 jersey has sold at auction for $3.68 million.
It’s Sotheby's 3rd-most expensive NBA jersey ever sold, and a record for any LeBron jersey. pic.twitter.com/WWmXVD9cNB
— Front Office Sports (@FOS) January 27, 2023
Спорт
Навас се сели кај „шумарите“

Кејлор Навас во финишот на преодниот рок ќе го засили Нотингем Форест.
„Шумарите“ се во потрага по голман, откако Дин Хендерсон се повреди и не е познато кога би можел да се врати во тимот. Дел од медиумите шпекулираат дека за него оваа сезона е завршена.
Навас целосно падна во втор план кај новиот тренер на ПСЖ, Кристоф Галтие, прв голма на „светците“ е Џиџи Донарума.
Претходно се шпекулираше дека Навас би можел да премине во Ал-Наср., но голманот ја одби таа можност.
Спорт
Мартинез ја „натера“ ФИФА да смени едно правило
Контроверзното однесување и психолошките игри на Емилијано Мартинез, во пенал сериите на Сп во Катар, кои ги имаше Аргентина против Холандија во четвртфиналето и Франција во финалето, ја натераа ФИФА да направи промена во правилата.
Новото правило ќе биде донесено на конгресот на ФИФА во март, пишуваат англиските медиуми.
На голманите, на гол-линијата, ќе им биде забрането да им се обраќаат на фудбалерите кои изведуваат пенали, да гестикулираат кон нив, да ги деконцентрираат пред да го шутираат пеналот и да прават други психолошки игри при изведувањето на пеналите.
Новото правило кога ќе биде усвоено ќе започне да се применува од наредната сезона.