Спорт
Азар ќе добие една третина од годишната плата
Еден Азар го напушти Реал Мадрид на една година пред истекот на договорот. Белгиецот е најскапото засилување во историјата на Реал. За неговиот трансфер од Челси, во 2019 година, клубот плати 115.000.000 евра. Четири години подоцна едногласно е мислењето дека Азар е најлошото засилување во клупската историја.
Азар во периодот 2019-2023, одигра само 76 натпревари, постигна седум гола и забележа 12 асистенции. Особено тажна за него е штотуку завршената сезона, во која одигра помалку од 400 минути.
Белгиецот имаше договор со шпанскиот гигант и за следната сезона, но сфати дека нема смисла само да седи и да зема плата. Тој не сакал клубот да му ја исплати последната година од договорот, станува збор за бруто плата од 28 милиони евра.
Реал на неговиот џентлменски потег одговори со иста таков потег. Наместо да ја прифатат неговата понуда да си замине без обештетување, мадридскиот гигант ќе му исплати на Азар третина од договорената плата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(ВИДЕО) Серхио Рамос си даде автогол, Барса ја победи Севилја

Барселона оствари минимален успех над Севилја славејќи со 1-0. По ова каталонскиот тим се наоѓа на врвот на табелата со бод предност пред Џирона.
Барселона долго се обидуваше да го скрши отпорот на Андалузијците, а во 76.минута автогол си постигна Серхио Рамос. Тој сакаше да блокира, а топката заврши во мрежата на Севилја.
Спорт
(ВИДЕО) Борусија Дортмунд го победи Хофенхајм

Борусија Дортмунд оствари триумф на гости против Хофенхајм со 1:3 и се искачи на првата позиција на табелата во Бундеслигата.
Никлас Фулкруг во 18.минута донесе предност за „милионерите“, но израмни Андреј Крамариќ од пенал само седум минути подоцна.
Сепак, Борусија Дортмунд замина на одмор со водство од 1:2 откако во 45.минута погоди Марко Ројс.
Во финишот од мечот, во судиското продолжение, Џулијан Риерсон го постави конечниот епилог на овој меч.
Спорт
Лисандро Мартинез ја обнови повредата, го чека долга пауза

Аргентинскиот фудбалер Лисандро Мартинез долго време ќе отсуствува од фудбалските терени.
Веста ја потврди неговиот клуб Манчестер јунајтед на официјалниот сајт.
„Лисандро Мартинез ќе паузира подолг период поради влошување на повредата на стапалото која го мачи од април, а која ја обнови на неодамнешниот натпревар против Арсенал. Сега му треба одреден период на рехабилитација и ќе отсуствува подолг период“.
И покрај повредата на мечот со Арсенал, Аргентинецот сепак ги одигра натпреварите против Баерн и Брајтон, а според англиските медиуми сега го очекува пауза од најмалку два месеци.
Јунајтед ќе биде и без бекот Серхио Регилон за саботниот натпревар против Кристал Палас на „Олд Трафорд“.
Сепак, кај него не се работи за сериозна повреда и наскоро ќе му биде на располагање на Ерик тен Хаг.