Спорт
Баер Леверкузен ги откажа тренинзите по големата експлозија
Бундеслигашот Баер Леверкузен го откажа тренингот по огромната експлозија во локалната хемиска индустрија во Леверкузен, во која еден човек го загуби животот, четири луѓе беа повредени, а жителите добија советување да не ги отвораат прозорците.
Складиштето „Хемпарк“ е во сопственост на хемискиот гигант „Баер“, а клубот Баер е формиран од вработени во компанијата. Експлозијата се случила во 9.40 часот утрото по што избувнал пожар на складиштето предизвикувајќи повреди кај вработените.
„Поради експлозијата во Леверкузен и лошиот квалитет на воздухот, денешниот тренинг е поместен и ќе се одржи на затворено“, објавија од клубот.
Huge blast at Chempark Leverkusen. Something exploded at Bayer pic.twitter.com/1bTrMzncnZ
— The Entertainer (De Goede Volger) (@haverkamp_wiebe) July 27, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Удинезе и Рома го завршија прекинатиот натпревар, славеа гостите
Фудбалерите на Удинезе и Рома го завршија прекинатиот натпревар од 32. коло во италијанската Серија А. Гостите од Рим славеа со гол во судиското надополнување со 1:2.
Натпреварот кој се играше на 14 април беше прекинат во 72. минута, откако дефанзивецот на Рома, Еван Ендика колабираше на теренот. Вечерва се одиграа преостанатите 18 минути.
Од 72.минута дуелот продолжи со резултат 1:1. Рома забележа значајна победа со голот на Брајан Кристанте во судиското надополнување, на асистенција на Пауло Дибала.
На двете екипи им беа неопходни бодови, Удинезе бидејќи се бори за опстанок, Рома е во трака за место Лигата на шампионите. Рома е петта на табелата со 58 бодови, четири помалку од Болоња на четвртото место. Удинезе е на 17. место со 28 бодови, колку шт има и Фросиноне.
Спорт
„Де Брујне подобар од Лампард, Сколс и Џерард“
Кевин Де Брујне, „мозокот“ на Манчестер Сити е најдобриот офанзивен играч за врска во Премиер лигата, смета поранешниот англиски репрезентативец и поранешен играч на Вест Хем, Челзи и Ливерпул, Џо Кол.
Според Кол, Де Брујне не е најдобар само во оваа ера, туку и воопшто, подобар дури и од големите англиски ѕвезди и легенди на Челзи, Манчестер Јунајтед и Ливерпул.
„Тој е главниот кум меѓу офанзивните играчи од средниот ред во светскиот фудбал. И понатаму мислам дека тој е најдобар во моментов. Кевин Де Брујне е над секој играч од средниот ред во историјата на Премиер лигата. Навистина го мислам тоа. Тука ги вклучувам Френк Лампард, Пол Сколс, Стивен Џерард и сите останати“, изјави Џо Кол и предизвика мал земјотрес меѓу навивачите на овие клубови.
Нема потреба да се споменува што значи Френк Лампард за навивачите на Челзи, колку е ценет Пол Сколс на „Олд Трафорд“ и каква икона е Стивен Џерард на „Енфилд“.
Тешко е да се каже дали Кевин Де Брујн е најдобриот на сите времиња, но неговите настапи во дресот на Манчестер Сити се потврда дека тој секако е еден од најголемите.
Спорт
Куртоа се враќа до крајот на сезоната
Tренерот на Реал, Карло Анчелоти денеска изјави дека голманот Тибо Куртоа треба да се врати во тренажен процес за десет дена, пренесуваат шпанските медиуми.
На 20 март Куртоа беше опериран поради скинат менискус на десното колено. Шпанските медиуми потсетуваат дека белгискиот голман требаше да паузира до крајот на сезоната, но Анчелоти тврди дека Куртоа успешно се опоравува.
„Куртоа добро закрепнува, би можел да биде во тимот против Кадиз“, изјави Анчелоти.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Куртоа сигурно ќе го пропушти натпреварот против Реал Сосиедад во Ла Лига, како и првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Баерн.
Натпреварот од 34. коло во шпанското првенство помеѓу Реал и Кадиз ќе се одигра на четврти мај во Мадрид.