Контакт

Спорт

Баерн и Севиља во борба за првиот трофеј во сезоната

Објавено пред

Баерн Минхен и Севиља вечерва во Будимпешта ќе се борат за првиот трофеј во новата сезона. Шампионот во Лигата на шампионите и освојувачот на лига Европа ќе го одиграат финалниот натпрева во Суперкупот на УЕФА.

Натпреварот е посебен бидејќи е првиот, во организација на УЕФА, од почетокот на пандемијата на коронавирусот кој ќе се игра пред публика. УЕФА дозволи на „Пушкаш арена“ да бидат присутни 20.000 навивачи.

Сепак оваа бројка ќе биде помала бидејќи поради растот на бројот на заразени во Унгарија, особено во Будимпешта, навивачите на Баерн и Севиља ги вратиле своите билето.

Тимовите за овој меч добија по 3.000 билети, а според информациите од Севиља вратиле 2.500, а од Баерн околу 2.000 влезници.

Натпреварот во Суперкупот на УЕФА ќе започне во 21 часот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Нема договор помеѓу Баерн и Алаба

Објавено пред

Уште една рунда од преговорите на релација Баерн Минхен-Давид Алаба завршила неуспешно. Според „Бил“, преговорите се одржале минатата недела. Договорот на Алаба со Баерн истекува по завршувањето на сезоната, според правилот Босман, тој во јануари ќе може да стапи во преговори со други клубови.

Плата на Алаба и провизијата за менаџерот Пини Захави ги прават преговорите неуспешни.

Алаба, од клубот, бара речиси 400.000 евра неделна плата, а менаџерот како провизија, доколку Алаба го продолжи договорот, сака да извлече од Баерн 20.000.000 евра.

Давид Алаба е играч на Баерн од 2008 година. Медиумите шпекулираат дека интерес за него има кај Барселона, Реал, Манчестер сити и Јувентус.

Прикажи повеќе...

Спорт

Супер лигата ќе стартува во 2022 година со 18 екипи

Објавено пред

Супер лигата ќе стане реалност во 2022 година. Идејата е најдобрите или најбогатите европски клубови, по урнекот на НБА, да се натпреваруваат во една лига. Финансиската конструкција би изнесувала 6.000.000.000 долари. Парите треба да ги обезбеди американската банка Џеј Пи Морган. Поради тоа идејата за едно вакво натпреварување потекнала од Ливерпул и Манчестер Јунајтед, клубови чии сопственици се Американци.

Дека Супер лигата е реалност потврди синоќа и Џозеп Марија Бартомеу. Тој вчера си поднесе оставка на претседателската функција во Барселона, а на заминување изјавил дека го пријавил клубот за новото натпреварување.

Идејата е во Супер лигата да учествуваат 18 екипи, по четири од Англија, Шпанија и Италија и по три од Франција и Германија.

Покрај Манчестер Јунајтед и Ливерпул, од Англија би учествувале Челси и Манчестер сити, додека на своите места ќе чекаат Тотенхем и Арсенал.

Кандидати од Шпанија се Барселона, Реал, Атлетико и Севилја, а од Италија се шпекулира со имињата на Јувентус, Интер, Милан и Наполи.

Покрај ПСЖ, Франција би ја преставувале Марсеј и Лион, од Германија „сигурни“ се Баерн и Борусија Дортмунд.

Формирањето на една ваква лига во целост би ја урнала Лигата на шампионите, поради што првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, рекол дека тоа би било „себично натпреварување кое не ги почитува фудбалските вредности“.

Прикажи повеќе...

Спорт

ЛШ: Дербито е во Торино

Објавено пред

Вечерва, со натпреварите во групите Е, Ф, Г и Х, ќе биде комплетирано второто коло во Лигата на шампионите. Дербито ќе се одигра во Торино, каде што Јувентус без Кристијано Роналдо ќе ја пречека Барселона. Интересен може да и натпреварот помеѓу Манчестер јунајтед и лидерот во Бундеслигата, Лајпциг.

Вечерашните пресметки ќе почнат во 18.55 часот со дуелите помеѓу Башакшехир и ПСЖ, односно Краснодар и Челси. Другите шест натпревари на програмата се во 21 часот.

Јувентус и Барселона имаат проблем со формата, клубот од Торино двапати играше нерешено во Серија А, а во ЛШ го победи Динамо во Киев, Барса исто така влезе со победа над Ференцваротш во новата сезона во ЛШ, но во Ла Лига врза два пораза.

Фудбалските фанови нема да го видат дуелот на Роналдо и Меси бидејќи Португалецот сè уште е позитивен на коронавирусот.

Група Е:

Краснодар-Челси 18.55 ч
Севилја-Рен 21 ч

Табела: Краснодар 1, Рен 1, Севилја 1, Челси 1

Група Ф:

Клуб Бриж-Лацио 21 ч
Борусија Дортмунд-Зенит 21 ч

Табела: Лацио 3, Бриж 3, Зенит 0, Борусија 0

Група Г:

Ференцварош-Динамо Киев 21 ч
Јувентус-Барселона 21 ч

Табела: Барселона 3, Јувентус 3, Динамо 0, Ференцварош 0

Група Х:

Башакшехир-ПСЖ 18.55 ч
Манчестер јунајтед-Лајпциг 21 ч

Табела: Лајпциг 3, Манчестер јунајтед 3, ПСЖ 0, Башакшехир 0.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

Пожарникарите протестираа пред канцеларијата на Шилегов

Пожарникарите на мирниот протест пред канцеларијата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, порачаа дека не се откажуваат од своето барање...

Македонија50 минути

Поранешениот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, осуден на шест години затвор

Поранешениот шеф на кабинетот на ексдиректорот во УБК, Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, е осуден на шестгодишна затворска казна во случајот...

Македонија56 минути

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – совет во учебник по македонски за шесто одделение

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – ова е совет во учебник по македонски за шесто одделение....

Македонија2 часа

Советот за безбедност ќе одржи седница за состојбата со коронавирусот

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, утре, 29 октомври, со почеток во 11 часот, ќе се одржи...

Свет2 часа

Куба ја регистрира својата втора вакцина против коронавирусот

Куба официјално регистрира втора вакцина против Ковид-19, а испитувањата се очекува да почнат набргу, објави „Агенсија Кубана де нотисијас“ (АКН)....

Македонија3 часа

Мицкоски: Бремените жени да се ослободат од работа поради загадувањето и пандемијата

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на Ковид-19, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во...

Свет4 часа

(Видео) Меланија Трамп: Медиумите од мојот сопруг направија личност што не је препознавам

Првата дама на САД, Меланија Трамп, вчера одржа говор на предизборен митинг во Пенсилванија – тоа беше нејзино прво соло...

Македонија5 часа

Митко Јанчев повикува на протест за смена на Мицкоски

Митко Јанчев повикува на протест за смена на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.   Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен...

Свет5 часа

Блумберг донира уште 15 милиони долари за кампања на Бајден

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг донира дополнителни 15 милиони долари за претседателската кампања на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден во Охајо...

Свет5 часа

Од коронавирус во светот заразени повеќе од 44.155.000 лица

Повеќе од 44.155.000 лица се заразени од коронавирус во светот, според најновите статистички податоци што ги одржува специјализираната страница worldometers.info....

Свет6 часа

Русија ја поднесе својата вакцина во СЗО за забрзана регистрација

Русија поднесе барање до Светската здравствена организација (СЗО) за забрзана за регистрација и претквалификација на својата прва вакцина против новиот...

Европа6 часа

Ватикан најави божикна прослава на папата на интернет

Божикната прослава на папата Франциско ќе се емитува преку интернет оваа година без лично присуство на јавноста поради пандемијата на...

Свет16 часа

СЗО: Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела

Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела, соопшти Светската здравствена организација (СЗО)....

Македонија17 часа

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, позитивна на Ковид-19

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, објави дека е позитивна на Ковид-19. Таа вели дека нема симптоми и дека се чувствува...

Европа19 часа

Во Италија рекордни 21.994 новозаболени и 221 починат од коронавирус

Во изминатите 24 часа во Италија се регистрирани 21.994 нови случаи на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство. Ова е...

Македонија20 часа

Во Македонија 628 нови случаи на коронавирус и 15 починати

Во последните 24 часа во Македонија потврдени се 628 нови случаи на коронавирус, починаа 15 пациенти, соопшти Министерството за здравство....

Македонија20 часа

Собранието ги верифицира мандатите на четворицата нови пратеници

Собранието на денешната седница ги верифицираше мандатите на новите чет ворицатапратеници Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ, Рина Ајдари од ДУИ, Мирослав...

Македонија21 час

Одобрена набавката на лекот „ремдесивир“, државата ќе потроши 67,5 милиони денари

Владата одобри набавка на лекот „ремдесивир“ за третман на пациенти со коронавирус. За испорака на овој лек во следните пет...

Спорт23 часа

Нови заразени во Вардар, одложен е натпреварот со ПСЖ

Ракометниот клуб Вардар 1961 потврди дека е одложен натпреварот против ПСЖ, во Лигата на шампионите. Вардар, во рамките на 6....

Свет23 часа

Во Русија од утре маските се задолжителни во јавниот превоз, парковите и во лифтовите

Русија од утре воведува задолжително носење маски поради зголемувањето на бројот на случаи со коронавирус. Според уредбата објавена на веб-страницата...

Досие