Контакт

Спорт

Баерн суверено владее со Германија – преку Лајпциг до двојната круна (видео)

Објавено пред

Првата сезона на Нико Ковач на клупата на Баерн Минхен ја донесе и првата двојна титула за гигантот од Баварија, откако во финалето на ДФБ купот со 3:0 го победија тимот на РБ Лајпциг за да покажат дека во моментов се најдобриот германски клуб.

Роберт Левандовски не згреши во 29. минута за да им донесе водство на Баерн, а двете одлични шанси на Лајпциг ги „заврши“ фантастичниот Мануел Нојер на голот. Кога притисокот се зголемуваше, Кингсли Коман во 78. минута зголеми на 2:0, за Левандовски да го постигне својот втор гол во 85. минута, кога го лобуваше голманот Петер Гулач.

Мечот беше и збогување на многубројните навивачи на Баерн во Берлин со своите херои Арјен Робен и Франк Рибери кои го одиграа последниот меч за својот клуб.

Спорт

УЕФА ја објави листата на најбрзите играчи во ЛШ

Објавено пред

Европската фудбалска унија (УЕФА) во својот годишен извештај ја објави листата на најбрзите фудбалери во минатото сезонското издание на Лигата на шампионите.

Најголема брзина во еден момент на некој натпревар развил напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе. Францускиот репрезентативец во финалето против Баерн Минхен трчал со брзина од 33,98 километри на час.

Следуваат двата бека – Лукас Клостерман од Лајпциг (33,89 км/ч) и Ханс Хатебур од Аталната (33,71 км/ч).

За споредба, најбрзиот човек во историјата, Јусејн Болт, кога го поставил светскиот рекорд (9,58 секунди), во еден дел од тргата развил брзина од 44,64 км/ч.

Прикажи повеќе...

Спорт

Јуве без Роналдо ќе ја пречека Барселона

Објавено пред

Вечерва, со натпреварите во групите А,Б, Ц и Д почнува второто коло во Лигата на шампионите. Актуелниот шампион Баерн ќе гостува во Москва, а во дербито Јувентус ќе ја пречека Барселона.

Јувентус и Барселона во новата сезона влегоа со нови тренери, Андреа Пирло и Роналд Куман, а и на двајцата не им оди најдобро. Јувентус нема пораз од почетокот на сезоната, но двапати играше нерешено против послеби противници (Кротоне и Верона). Барселона по добриот почеток, врза два пораза од Хетафе и Реал.

Кристијано Роналдо ќе го пропушти натпреварот, тој сè уште е позитивен на коронавирусот. Неговото отсуство значи дека фудбалските фанови ќе почекаат да видат нов дуел помеѓу него и Лео Меси. Последен пат еден против друг играа пред речиси две и пол години.

Во Б-групата фаворитите Реал и Интер немаат право на грешка. Реал, по поразот од Шахтјор, ќе гостува во Менхенгладбах, а Шахтјор ќе го пречека.

Внимание во оваа рунда привлекува и мечот во Бергамо помеѓу Аталанта и Ајакс.

Лига на шампионите, 2. коло:

Група А:

Локомотив Москва-Баерн Минхен 18.55
Атлетико Мадрид-Салцбург 21.00

Табела: Баерн 3, Локомотив 1, Салцбург 1, Атлетико 0

Група Б:

Шахтјор-Интер 18.55
Борусија Менхенгладбах-Реал Мадрид 21.00

Табела: Шахтјор 3, Интер 1, Борусија 1, Реал 0

Група Ц:

Порто-Олимпијакос 21.00
Марсеј-Манчестер сити 21.00

Табела: Манчестер сити 3, Олимпијакос 3, Марсеј 0, Порто 0

Група Д.

Ливерпул-Митјиланд 21.00
Аталанта-Ајакс 21.00

Табела: Аталанта 3, Ливерпул 3, Ајакс 0, Митјиланд 0

Прикажи повеќе...

Спорт

ВАР: Нема пенал врз Рамос

Објавено пред

Медиумите од Каталонија не може да се помират со поразот на Барселона од Реал (1:3). Согласни се дека мечот го решил пеналот што судијата Мунуера го досуди за Реал. Највлијателниот спортски медиум во Каталонија, „Спорт“, тврди дека судијата од ВАР-собата добил сугестија да не досуди пенал за Реал бидејќи Рамос прв го фаулирал Клеман Ленгле.

Овој извор тврди дека Барселона ќе го побара аудиозаписот од разговорот помеѓу главниот судија Хозе Мартинез Мунуера и ВАР-асистентот Хозе Марија Санчез Мартинез.

На „Камп ноу“ се уверени дека против клубот се води кампања на чело со Веласко Карбаљо, кој е одговорен за делегирање на судиите во Ла Лига.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет17 минути

(Видео) Муслиманскиот свет го претстави Макрон како сатанист

Францускиот претседател Емануел Макрон се најде на мета на демонстрантите во исламскиот свет по изјавата по повод објавувањето на карикатурата...

Македонија17 минути

Позитивни на Ковид-19 биле 24% од тестираните во текот на изминатата недела

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од минатата недела...

Наука2 часа

Научниците предупредуваат: нема мраз на Арктикот

Научниците предупредуваат дека поголемиот дел од Арктикот сè уште не почнал да замрзнува, иако е крајот на октомври, што е...

Македонија2 часа

ИЈЗ дневно ќе прави до 1.000 теста, од денеска ќе функционираат две одделенија

Во Институтот за јавно здравје од денеска, покрај постојното приемно одделение, ќе функционира уште едно одделение за прием со лаборант...

Македонија3 часа

„Фронт 21/42“: Експанзијата на мали хидроцентрали се заканува трајно да ги уништи нашите реки

„Фронт 21/42“ се приклучува кон манифестот потпишан од над 150 европски невладини организации, со кој се бара од Европската Унија,...

Македонија3 часа

Мицкоски: Поради пандемијата и загаденостa, хронично болните да се ослободат од работа

„Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од #COVID апелирам до Владата, министерот за здравство, Филипче, и до политичката...

Македонија4 часа

МОН: Помалку од еден процент од учениците и наставниците се позитивни на Ковид-19

Министерството за образование и наука информира дека помалку од еден процент од учениците и кадарот во основните и средните училишта...

Регион4 часа

Коронавирус и во детското одделение во болница во Хрватска

Коронавирус има и во Хрватска на одделот за рехабилитација на деца во Специјалната болница за медицинска рехабилитација во Крапинска Топлица...

Регион5 часа

Во Бугарија 1.948 лекари се заразиле со Ковид-19

Во последните 24 часа во Бугарија се потврдени 2.243 нови случаи на коронавирус, што е највисок дневен биланс од почетокот...

Свет5 часа

Норвешка воведува нови ограничувања на јавни собири и божикни забави

Норвешка воведе ограничување на јавни собири од 50 лица далеку под претходниот максимум од 200 лица, а во исто време...

Свет5 часа

Кина воведува санкции за американските компании

Кина одлучи да воведе санкции за неколку американски компании поради нивната улога во продажба на оружје на Тајван. Портпаролот на...

Европа6 часа

Чешка воведува седумдневен полициски час

Чешката влада одлучи од утре да воведе седумдневен полициски час во земјата, од 21 до 5 часот наутро, и дополнително...

Македонија14 часа

Министерот Спасовски позитивен на коронавирус

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вечерва на социјалните мрежи објави дека добил позитивен тест на Ковид-19. „Би сакал да...

Свет17 часа

СЗО: Луѓето се уморни, но не смееме да се откажеме

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејсус, денеска изјави дека човештвото не смее да се откаже од борбата...

Европа18 часа

Во Белгија се бара заразени лекари да продолжат со работа за да го спасат системот од колапс

Од докторите заразени со коронавирус во белгискиот град Лиеж е побарано да продолжат да работат за да се избегне колапс...

Македонија19 часа

15 починати и 247 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 737 тестирања, а регистрирани се 247 нови случаи на...

Македонија23 часа

Филипче: Коморбидитетите и доцното доаѓање во болница се причина за зголемената смртност

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека зголемениот процент на смртност од Ковид-19 се должи на коморбидитетите и доцното доаѓање...

Македонија24 часа

Караџовски: Ја разгледувавме и опцијата да се прават тестови преку Фондот во приватните лаборатории

Комисијата за заразни болести ја разгледува одлуката граѓаните да може да се тестираат на Ковид-19 во приватните лаборатории, а на...

Европа1 ден

Австриски инфектолог: Секој од нас, порано или подоцна, ќе се зарази со коронавирус

Австрискиот инфектолог Франц Алербергер не верува дека коронавирусот ќе се искорени и верува дека секој од нас ќе се зарази...

Свет1 ден

Во Мелбурн нема нови случаи на коронавирус по повеќе од четири месеци

По повеќе од четири месеци во Мелбурн денес не се пријавени нови случаи на коронавирус. Владата на австралиската држава Викторија...

Досие