Контакт

Спорт

Барди решил да си замине од Леванте

Објавено пред

Македонскиот репрезентативец Енис Барди до крајот на преодниот рок ќе го напушти Леванте. „Супердепорте“ тврди дека од почетокот на месецот Барди имал неколку средби со претседателот на клубот Кико Каталан, на кои ја изразил желбата да замине од клубот.

dobivaj vesti na viber

Енис Барди имал желба да замине и во летниот преоден рок, но на крајот, остана во тимот. Неговиот договор истекува на крајот од сезоната, што значи дека клубот мора да го продаде доколку сака да заработи од неговото заминување.

Вчера, „Ел Чингирито“ објави дека европскиот великан Милан понудил 5.000.000 евра за Барди. Интерес за фудбалерот од редот за врска покажал и Торино, односно Реал Сосиедад, но намерата на овие два клуба е да го донесат по завршувањето на сезоната, кога тој ќе биде слободен играч.

Евентуалниот трансфер на Барди во Милан ќе му помогне на Леванте да го намали долгот од 15.000.000 евра.

Енис Барди во 2017 година од Ујпешт пристигна во Леванте. Клубот тогаш за неговиот трансфер издвои 1.700.000 евра.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Трајковски го одигра 300 натпревар во кариерата

Објавено пред

Александар Трајковски, вчера прослави убав јубилеј. Натпреварот што го одигра за Ал Фехја, против Ал Шабаб (1:2), беше 300.  кариерата на Трајковски.

dobivaj vesti na viber

Трајковски, пред Ал Фехја го носеше дресот на Цементарница, Интер Запрешиќ, Зулте Варегем, Мехелен, Палермо, Мајорка и Олборг.

Александар Трајковски за Македонија одиграл 81 натпревар и постигнал 20 голови.

Прикажи повеќе...

Спорт

Пораз за Феникс Санс во Австралија

Објавено пред

Феникс Санс загуби од Аделаида (124:134) во претсезонски натпревар, со што стана првиот НБА тим од 2015 година што загубил во претсезоната натпревар од неамерикански тим. Во 2015 година, Фенербахче го победи Бруклин Нетс.

dobivaj vesti na viber

Најдобар во триумфот на Аделаида беше Крег Рендал со 35 поени (9-17 за три), а го следеше Роберт Франкс со 32 поени (6-10 за три) и 7 скока, додека Антониус Кливленд постигна 22 поени.

Стрелците кај Санс ги предводеше Камерон Пејн со 23 поени (8-19 од поле), 22 поени постигнаа Деандре Ајтон (11-14 од поле, 6ск) и Микал Бриџис (8- 12 од играта, 7ск ). Девин Букер постигна 13 поени (5-8 од поле за 22 минути), а Крис Пол запиша 6 поени и 12 асистенции.

Сезоната во НБА лигата ќе започне на 18.октомври.

Прикажи повеќе...

Спорт

Монологот на шокираниот Рој Кин е хит на социјалните мрежи

Објавено пред

Дебаклот на Манчестер јунајтед во градското дерби го шокираше поранешниот капитен на клубот од „Олд Трафорд“, Рој Кин. Јунајтед беше поразен со 6:3 од градскиот ривал Сити, што е добар резултат со оглед на она што се случуваше на теренот на „Етихад“.

dobivaj vesti na viber

Во последните пет минути гостите со двата гола на Ентони Марсијал успеаја максимално да го ублажат понижувањето од страна на „граѓаните“. Сити го „скрши“ Јунајтед веќе во првите 45 минути кога дојде до водство од 4:0.

Поранешниот капитен, кој за време на неговите играчки денови беше олицетворение на борбеноста и го предводеше Јунајтед до седум титули во Премиер лигата, четири во ФА купот и една Лига на шампиони, откако одигра 472 натпревари, беше шокиран од играта на својот поранешен тим.

„Не можам да верувам што гледам. Јунајтед е мизерен во одбраната, очајно додава, насекаде имаат дупки. Фред и Ериксен како играчи од средниот ред ги развлекоа насекаде по теренот, се носат лоши одлуки… И можеше да заврши и полошо. Пред тренерот е огромна работа. Мора сега да излезе со се што има. Тој води голем клуб, тоа е Манчестер јунајтед, тој не може да дозволи ваков срам…“ изјави Кин како коментатор на „Скај спорт“.

„Не ми се верува колку е лош Јунајтед.. . Гордост, личност… Ништо од тоа не покажуваат“.

Монологот на запрепастениот Кин стана вирален. Поради начинот на кој го кажа, како и поради изразот на лицето додека со гадење зборуваше за играчите кои го резилат клубот на неговиот живот.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 минути

Си-Ен-Ен: Времето на Путин истекува и тој тоа го знае

Времето на рускиот претседател Владимир Путин истекува и тој тоа го знае. Во меѓувреме, неговиот бомбастичен настап продолжува – објавувајќи...

Македонија11 минута

Без струја утрово во скопски Карпош, граѓаните во страв дека рестрикциите се започнати

Жители на Карпош 1,2,3 и 4 утрово пријавуваат дека останале без струја. Речиси еден час траел прекинот, а од ЕВН...

Свет2 часа

Бројот на загинати од ураганот Ијан се искачи на повеќе од 80, штетата е проценета на десетици милијарди евра

Бројот на загинати од ураганот Иан во САД се искачи на повеќе од 80, бидејќи жителите на Флорида и Јужна...

Свет2 часа

Саливан вети дополнителна американска поддршка за Украина

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан вчера во Истанбул се сретна со Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот...

Свет2 часа

Руски гувернер: Половина од мобилизираните во регионот вратени дома, командантот разрешен

Командантот на руската област Хабаровск е сменет од должност откако половина од мобилизираните мажи биле испратени дома бидејќи не ги...

Европа2 часа

Карл Нехамер: Ако ЕУ не дејствува, самите ќе треба да се заштитиме од илегалната миграција

Сè додека ЕУ не презема ефективни мерки, ние мора да дејствуваме самите, и затоа Австрија прави се за да се...

Свет2 часа

Поранешниот шеф на ЦИА Дејвид Петреус испрати предупредување до Русија

Соединетите Американски Држави и нивните сојузници ќе ги уништат руските војници и опрема во Украина и ќе ја потопат нејзината...

Свет3 часа

Најмалку седум лица починаа од колера на Хаити поради недостаток на чиста вода за пиење

Најмалку седум лица починаа од колера на Хаити, откако болеста ненадејно се врати поради недостаток на гориво и чиста вода...

Регион12 часа

Петков го призна поразот, нема да коалицира со ГЕРБ на Борисов

Коалицијата ГЕРБ-СДС преводена од Бојко Борисов победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија. Излезните анкети на бугарските агенции предвидуваат освојување на...

Топ13 часа

Девет земји меѓу кои и Македонија го поддржаа членството на Украина во НАТО, Зеленски им се заблагодари

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска на Твитер објави дека девет земји од Централна и Источна Европа го поддржуваат членството на...

Свет17 часа

НАТО: Украинците го ослободија Лиман благодарение на храброста, но и на американското оружје

Украинското ослободување на градот Лиман докажува дека украинската армија напредува и може да ги потисне руските сили, изјави денеска за...

Македонија19 часа

ЛДП го предлага Пенов за нов министер за локална самоуправа

Централниот одбор на ЛДП на синоќешната седница ја разгледа оставката на министерот за локална самоуправа Горан Милевски, и го прифати...

Македонија22 часа

Радев: Бугарија е подготвена да го зголеми извозот на струја во Северна Македонија

Бугарија е главен извозник на струја во регионот и подготвени сме да го зголемиме извозот во Северна Македонија, изјави бугарскиот...

Македонија23 часа

Лефков: Аферата „Броило“ покажува како Ковачевски и неговиот кум свртеле 26 милиони евра

Фирми основани од Димитар Ковачевски и негови семејни врски вртат милионски суми во енергетскиот бизнис, и тоа додека Македонија е...

Македонија23 часа

Пендаровски и уште осум претседатели на членки на НАТО: „Русија веднаш да се повлече од окупираните територии“

Претседатели на дел од земјите-членки на НАТО од централна и источна Европа, меѓу кои и Стево Пендаровски, во заедничка изјава...

Регион1 ден

Бугарите гласаат на четвртите избори за помалку од две години

Бугарите денес гласаат на четвртите национални избори за помалку од две години, со мала надеж дека ќе се појави стабилна...

Свет1 ден

САД за украинското заземање на Лиман: Сега ќе им биде потешко на Русите

Американскиот секретар за одбрана го поздрави украинското заземање на Лиман, клучното руско упориште во источна Украина. „Многу сме охрабрени од...

Македонија2 дена

Фон дер Лајен го поздрави позитивниот моментум меѓу Бугарија и Македонија

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен го поздрави позитивниот моментум меѓу Бугарија и Македонија, по денешните состаноци...

Свет2 дена

Русија објави дека ја повлекла војската од Лиман

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека ги повлекла руските војници од стратешкиот град Лиман во источна Украина. Како што...

Регион2 дена

Интерконекторот со Грција е во функција, Бугарија сега добива гас од Азербејџан

Проектот за интерконектор е на агендата на ЕУ веќе 10 години. Започна во 2009 година, кога Бугарија беше многу силно...