Спорт
Барди се повредил, ги пропушта Словенија и Полска
Македонскиот репрезентативец Енис Барди се соочува со три неделна пауза поради повреда. Барди го повредил бутниот мускул на последниот тренинг на Леванте.
Тренерот на Леванте, Пако Лопез, потврдил дека Барди почувствувал болка во пределот на мускулот, лекарите потврдиле дека ќе мора да отсуствува три недели.
Повредата на Барди му предизвикува проблеми и на селекторот на Македонија, Игор Англеовски. Македонија на 1о октомври ќе ја пречека Словенија, а на 13 октомври ќе гостува во Полска, во рамките на квалификациите за пласман на ЕУРО 2020.
Исто така Барди ќе ги пропушти дуелите што Левенте ќе ги одигра против Бетис во Севилја (вечерва, 20 часот) и против Осасуна (недела, 18.30 часот).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Сезонава Ф1 сепак ќе се вози во Џеда
Поранешниот возач на Формула 1 и амбасадор на трки во Абу Даби, Роберт Дорнбос, наговести дека неодамна откажаната Голема награда на Саудиска Арабија сè уште може да се врати во календарот и да се одржи подоцна во текот на годината.
Да потсетиме дека трката во Бахреин беше планирана за 12 април, додека Саудиска Арабија требаше да биде домаќин на караванот на Формула 1 на 19 април. Сепак, обете трки беа откажани поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.
Поради ова, има невообичаено долга пауза во сезоната од дури пет недели помеѓу Големата награда на Јапонија (29 март) и следната трка во Мајами (3 мај).
По откажувањето на овие две трки, календарот за сезоната 2026 сега има 22 трки наместо првично планираните 24, со претходно соопштение дека откажаните трки нема да бидат надоместени во текот на април.
Сепак, Дорнбос ги поттикна шпекулациите дека трката во Џеда може да се врати во распоредот. Според него, постои можност Големата награда на Саудиска Арабија да се одржи на 6 декември, додека крајот на сезоната во Абу Даби би се поместил на 13 декември.
„Слушнав различни информации. Знаеме колку е важен Арамко како спонзор на Формула 1 и колку инвестира во промоцијата на трката во Џеда. Постои реална шанса трката да се врати во календарот оваа година“, рече Дорнбос.
Арамко, државната нафтена компанија на Саудиска Арабија, е еден од клучните партнери на Формула 1 и значаен финансиер на големи спортски настани низ целиот свет.
Според овие изјави, крајот на шампионатот би можел да изгледа значително поинаку, дури четири последователни трки: Лас Вегас, Катар, Саудиска Арабија и Абу Даби.
Во моментов, Големата награда на Абу Даби е закажана за периодот од 3 до 6 декември на патеката „Јас Марина“, каде што традиционално се одлучува за шампионот. Сепак, доколку има промени во календарот, постои можност оваа трка да се помести за една недела подоцна.
Foto/ Depositphotos
Спорт
Рој Кин: Керик не е тренер за Манчестер Јунајтед
Легендата на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, го критикуваше Мајкл Карик по поразот од Лидс.
Иако резултатот беше во сенка на судиските одлуки, Рој Кин жестоко ја критикуваше играта Јунајтед и вели дека била под просекот.
Кин досега беше еден од најголемите критичари на Мајкл Карик, синоќешниот пораз му овозможи повтороно да „удри“ по тренерот.
„Како што реков претходно и ќе продолжам да велам – Карик не е вистинскиот човек за оваа работа. Луѓето мислат дека сум премногу строг, го кажувам сето ова од некои други причини, но што повеќе треба да се случи за да го да видат тоа? Имаа 24 дена да се подготват за натпреварот на „Олд Трафорд“ против Лидс, и она беше нивната игра? Средниот ред не постоеше, особено во првото полувреме, играа без енергија и интензитет. Кога толку лошо ќе го започнете натпреварот, потешко е да го подигнете тимот и да се опоравите подоцна. Јунајтед не изгледаше како тим кој знае што да прави и да одговори на тоа. И кога го кажувам гласно го кажувам тоа, луѓето велат дека сум негативен. Овој клуб бара стандарди, а тие стандарди под Мајкл Керик се далеку.“
Јунајтед е сè уште трет на табелата со 55 бода, колку што има и Астон Вила, додека Ливерпул сега има само три помалку.
Foto/ Depositphotos
Спорт
Газдата на Наполи сака радикални промени во фудбалот
Аурелио Де Лаурентис, 76-годишниот контроверзен сопственик на Наполи, во интервју за „Њујорк тајмс“, презентираше радикални идеи за модернизација на фудбалот.
Според Де лаурентис, фокусот треба да биде на младите генерации.
„Фудбалот ќе ја изгуби помладата генерација. Натпреварите се предолги, децата немаат концентрација за 90 минути фудбал“, рече Лаурентис и додаде:
„Замислете ја таа глупава пауза од 15 минути на полувремето! Дали мислите дека мојот шестгодишен внук, кој знае сè за фудбалот од PlayStation, ќе се врати по 15 минути? Никогаш. Ќе избега од нас. Ќе оди во својата соба да игра ФИФА.“
Неговото решение е драстично.
„Би го скратил полувремето од 45 минути на 25 минути“, рече тој, истакнувајќи дека ќе се мери само времето кога топката е во игра, што би ставило крај на „крадењето на времето“.
„Не можеш да се тркалаш по теренот како глумец. Ахххх! Нема шанси! Што друго би направил? Би ги укинал црвените и жолтите картони. Наместо тоа, излегуваш пет минути за жолт картон и 20 минути за црвен.“
Целта на сите промени е поатрактивна игра со повеќе голови.
„Има премалку голови, играта не е спектакуларна. Мора да има повеќе, а за да ги имаме, мора да ги промениме правилата. Не можеш да поништиш гол поради неколку милиметри. Тоа правило за офсајд мора да се промени, доста е. Новите генерации се наше злато. Ако не ги задоволиме – ќе умреме“, заклучи Де Лаурентис.
