Спорт
Барнли и Лидс се закануваат со тужба против Премиер лигата и Евертон

Борбата за опстанок во Премиер лигата добива поинаква димензија пред последниот викенд откако Лидс јунајтед и Барнли, двата клуба што уште немаат сигурен опстанок, најавија тужба пртив Премиер лигата и Евертон поради сериозно нарушување на финансиските правила од клубот во Ливерпул.
Британските медиуми откриваат дека Барнли и Лидс со писмо ги известиле Премиер лигата и Евертон дека го задржуваат правото за легална битка барајќи истрага за тоа како Евертон дозволил последните три години да работат со загуба од фантастични 371,8 милион фунти.
Според сегашните правила во Премиер лигата, клубовите смее да одат во минус 105 милиони фунти во период од три години и во спротивност може да бидат казнети со одземање поени. Парите загубени поради пандемијата на Ковид-19 не се сметаат во овие загуби, но Лидс и Барнли тврдат дека Евертон има тројно поголема загуба од просечен премиерлигаш.
Инаку, Евертон вчера успеа да обезбеди опстанок во Премиер лигата, а Лидс и Барнли влегуват во последното коло со ист број поени, а Лидс има подобра гол-разлика.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Дорси се сели кај Дончиќ во Далас маверикс

Тајлер Дорси, еден од најдобрите играчи на Олимпијакос, ги известил клупските челници дека има намера да се врати во НБА-лигата.
Дорси играше во НБА од 2017 до 2019 година за Атланта хокс и Мемфис гризлис, но добар дел од своето време помина и во развојната „Џи лига“.
Се пресели во Европа во 2019 година кога потпиша договор со Макаби Тел Авив. Две сезони играше во Израел, а минатото лето се пристигна во Олимпијакос.
Во изминатата сезона, Дорси, 41. пик на драфтот во НБА во 2017 година, забележа 12,8 поени и две асистенции по натпревар.
Грчките медиуми тврдат дека Дорси има конкретна понуда од Далас маверикс и дека таму ќе ја продолжи кариерата.
Спорт
Ајакс ја одбиле понудата на Јунајтед

Ајакс ја одбиле првата понуда од Манчестер за крилниот напаѓач Ентони. Манчестер јунајтед за Бразилецот понудил 60.000.000 евра.
Ентони, 22-годишникот од Сао Паоло, постигна 17 гола со 12 асистенции за Ајакс откако во 2020 година пристигна од Бразил за 16.000.000 евра. Тој во Ајакс стана и стандарден репрезентативец на својата земја.
Ајакс за младиот Бразилец бара 85.000.000 евра.
Спорт
Левандовски: Вака ми се заблагодаруваат бидејќи со години играв повреден и болен за Баерн
По 375 натпревари, 344 гола, 72 асистенции и освојување на сите трофеи, Роберт Левандовски се обидува да го напушти Баерн Минхен. Не крие дека сака да се пресели во Барселона.
Баерн ќе го пушти само доколку Барселона плати 50 милиони евра и тоа веднаш. Левандовски и Барселона сметаат дека со оглед на неговата возраст (наскоро ќе наполни 34 години), неговите заслуги во Баерн и фактот што договорот му завршува следното лето, тој заслужил да замине за симболична оштета.
Пред една недела Баерн ја одби третата официјална понуда на Барселона, иако таа беше повисока од претходните две. Сепак, 40 милиони евра фиксни, но на рати, и пет милиони евра преку разни бонуси не ги задоволија челниците на клубот од Минхен.
Левандовски не крие дека е револтиран и разочаран од односот на Баерн.
„Откако поминав толку години во клубот и секогаш бев подготвен и достапен, играв болен и повреден, и секогаш го давав максимумот, единствената вистинска работа би било да се најде решение за двете страни, а не да се инсистира на еднострано решавање на проблемот. Едноставно нема смисла, не после сите овие години. Би разбрал ако бев во Баерн две или четири години, но по толку трофејни години во кои помогнав клубот да победува, почитта и лојалноста треба да бидат поважни од бизнисот“, изајвил полскиот напаѓач.