Спорт
Барса го мина и данскиот тест, Веспрем го уништи Кил

Барселона се намачи, но стигна до 35:32 победа кај најголемото изненадување во ЕХФ Лигата на шампионите оваа сезона, данскиот Алборг, за да го задржи совршениот скор од 8 победи во 8 меча оваа сезона.
Каталонскиот тим направи предност од четири гола на полувремето, што ја одржуваше до последните 10 минути од мечот кога Алборг успеа да израмни и да најави ново изненадување, како победата над Веспрем. Сепак, каталонскиот гигант се созеде во финишот и стигна до нова победа. Арон Палмарсон уфрли 6 гола, Лука Циндриќ и Тимоти Н’Гесан имаа по пет, а Николај Кристенсен за Алборг имаше дури 10 гола.
Веспрем, пак, се врати на победите со 41:33 триумф над Кил кога на полувремето беше израмнето (19:19). Петар Ненадиќ со 10 гола беше најдобар кај унгарскиот тим, а Никлас Екберг имаше 8 за Кил.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ, ГРУПА Б
Алборг – Барселона 32:35 (15:19)
Веспрем – Кил 41:33 (19:19)
Табела: 1. Барселона 16, 2. Веспрем 13, 3. Алборг 10, 4. Кил 7, 5. Нант 4, 6. Мотор 4, 7. Целје 2, 8. Загреб 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Црвена звезда и Лече го договориле трансферот на Фалко

Италијанскиот напаѓач Филипо Фалко до крајот на оваа недела ќе потпише договор со Црвена звезда. „Скај Спорт Италија“, објави дека српскиот шампион на Лече, за услугите на Фалко, ќе им плати 1.500.000 евра.
Според овој извор, Црвена звезда и Лече се договориле, трансферот на Фалко, да биде платен во две рати.
Овој 28-годишен фудбалер, во актуелниот преоден рок имал понуди од Парма и Сасуоло. Понудите на клубовите кои играат во Серија ги одбил бидејќи не му гарантирале дека ќе биде стартер.
Фалко, во кариерата, бил играч на Болоња, Реџина, Јуве Стабија, Трапани, Чезена, Беневенто и Перуџа.
Спорт
Зидан: Јас сум виновен за поразот

Зинедин Зидан ја задржа присебноста и покрај сензационалната елиминација на Реал Мадрид од Купот на Шпанија. „Кралскиот клуб“, синоќа, со играч повеќе, во дополнителните 30 минути, беше поразен од членот на Третата лига, Алкојано со 2:1.
По овој шокатнтен пораз сериозно е разнишана позицијата на Зидан во Реал. Реал, против Алкојано, излезе со респектибилиен тим, од стартерите на теренот ги немаше Куртоа, Варан, Рамос, Модриќ и Карвахал, а во второто полувреме на теренот влегоа Азар, Бензема, Крос и Марко Асенсио.
„Мирен сум, мислам дека момците сакаа да победат. Мислам дека играчите се уште ми веруваат. Да почекаме, да видиме што ќе се случи во наредните неколку дена. Направивме неколку добри работи од почетокот на сезоната, за жал тоа не е така во последно време“, рекол Зидан по натпреварот.
„Ја прифаќам вината. Како тренер, јас сум одговорен“.
Спорт
Бруклин Нетс немоќни пред Секстон, брилијантна партија на Капела, Дончиќ со трипл-дабл

Бруклин Нетс, од формирањето на големата тројка, Харден-Дурент-Ирвинг, го доживеа првиот пораз. Нест се поразени од Кливленд Кавалирс со 147:135. Кливленд до победата го предводеше Колин Секстон со рекордни во кариерата 42 поени.
Големата тројка на Бруклин ја предводеше Дурент со 38 поени, 12 скокови и 8 асистенции, Харден забележа трипл-дабл (21 поен, 10 скока, 12 асистенции), а Ирвинг во првиот меч по паузата од четири натпревари постигна 37 поени.
Лука Дончиќ и Далас ја забележаа седмата победа во сезоната. Пред Маверикс падна Индијана Пејсерс (124:112). Дончиќ мечот го заврши со 13 поени и по 12 скока и асистенции. Најефикасен кај Далас беше Прозингинс со 27 поени, Кај Индијана се истакнаа Бронгдон со 26 и Сабонис со 26 поени.
Изминатата ноќ неколку кошаркари имаа неверојатни индивидуални остварувања.
Џоел Ембид постигна 42 поени, забележа и 10 скока во победата на Филалдлефија над Бостон 117:109.
Атланта, по едно продолжение, запиша триумф над Детроит 125:113.
Тре Јанг имаше 38 поени и 10 асистенции, брилијантен меч одигра Клинт Капела со 27 поени и 26 скокаови. Кај Детроит со 32 поени се истакна Џереми Грент.
Орландо со тројка во последната секунда дојдоа до победата над Минесота 97:96. Орландо го предводеше Црногорецот Никола Вучевиќ со 28 поени и 8 скока.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот