Спорт
Барса и Сити ќе одиграат пријателски меч во хуманитарни цели
Барселона и Манчестер сити вечерва ќе одиграат пријателски натпревар во хуманитарни цели. Имено, поранешниот голман и тренер на Барселона, Хуан Карлос Унзуе, успеа да договори меч меѓу два европски титани, а целиот приход ќе оди во истражувачкиот центар за амиотрофична латерална склероза (АЛС).
Пред две години Унзуе се разболе од оваа тешка болест и сега се обидува на секој начин да му помогне на истражувачкиот центар да добие што е можно повеќе пари за да може да продолжи со својата работа во борбата против болеста за која нема лек.
„Конечно дојде овој момент и мислам дека ќе биде многу добро, ќе уживаме“, го најави натпреварот Унзуе, кој во понеделникот го постели тренинг-кампот на Манчестер сити во Џирона. Таму се сретнал со тренерот на Сити. Потоа имал разговори со тренерот на Барса, Чави Ернандез и играчите Роберто Левандовски и Серхи Роберто.
„Серхи Роберто ја загуби мајка си од АЛС и е силно вклучен во помагањето во истражувањето на болеста“, откри Унзуе.
„Многу сум возбуден бидејќи беше тешко да се организира овој натпревар. Двата клуба, особено Барселона, имаат многу работа, но посветеноста на оваа цел е пред сè. Барса има многу проблеми, но тие веднаш ја прифатија понудата. Ви благодариме“, рече Унзуе.
Хуан Карлос Унзуе е поранешен голман, кој остави најголем белег во Севилја од 1990 до 1997 година, а интересно, претходно бранеше за Барса, од 1998 до 1990 година во „златната ера“ на Јохан Кројф, но беше резервен голман.
Кога ја заврши кариерата, Унзуе се вработи како тренер на голманите во 2003 година кога Жоан Лапорта првпат стана претседател на Барселона. Унзуе беше тренер на голманите во ерата на Франк Рајкард и Пеп Гвардиола, но имаше уште поголемо влијание како помошник на Луис Енрике од 2014 до 2017 година.
Барса со него во стручниот штаб во овој век освои четири ЛШ, по една со Рајкард и Луис Енрике и две со Пеп Гвардиола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Навивачите на Челси бараат клубот да го отпушти Покетино
Лошата сезона на Челзи кулминација доживеа синоќа на „Емирати“. Челси беше прегазен со 5:0 од градскиот ривал Арсенал.
Медиумите, а по нив и навивачите, за дебаклот го обвинија менаџерот Маурисио Покетино.
Револтираните навивачи на „сините“, како што пренесува „Фудбал инсајдер“, бараат аргентинскиот стручњак под итно да добие отказ.
Челси, досега има 13 победи, односно победи во една третина од натпреварите во Премиер лигата, премалку со оглед на вложувањата пред стартот на првенството.
Спорт
Судот одлучува за фантомскиот гол на Јамал? Лапорта ќе поднесе тужба против РФЕФ
Барселона ќе ја тужи Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) поради, како што смета, неправдата на Ел Класико.
Ова значи дека судот треба да пресуди дали топката по ударот на Ламине Јамал ја минала гол-линијата.
Барселона, во неделата, доживеа пораз во Мадрид од Реал (3:2).
Фантомскиот гол на Ламине Јамал се уште е тема на шпанските медиуми, но и ситуација од која не се откажуваат во канцелариите на „Камп Ноу“.
Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта фи побара од РЕФЕ снимките од ВАР собата (видео и аудио комуникацијата). п
Федерацијата го одби барањето и соопшти дека нема да направи исклучок за Барселона. Сега Барселона сака да добие дозвола видео-записот да му го предаде судот. Лапорта побара и да се повтори Ел Класико.
Во шпанскиот шампионат нема гол-технологија, а ВАР сметаше дека топката не ја минала линијата со полн волумен.
Спорт
Капитенот реши да си замине од Атлетик Билбао
Икер Муниаин реши да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната.
Легендарниот офанзивец по освојувањето на Купот на кралот сфати дека тоа е најдобриот момент да се збогува со својот сакан клуб, по цели 20 години.
Муниаин е секако дете на клубот, а во академијата на Атлетико пристигна како 11-годишник и ќе замине втор на листата на одиграни натпревари, досега 557, но нема да го престигне недопирливиот Ќоп Ирибара, кој одигра 614.
Но, Муниан реши да си замине во вистински момент, има 31 година, конечно го освои Копа дел Реј, претходно Суперкупот на Шпанија во 2015 и 2021 година.
Нема намера да остане во Шпанија, голема е веројатноста да ја напушти и Европа, иако се уште нема донесено конечна одлука за тоа.
Својата одлука Муниаин веќе им ја соопштил на соиграчите и раководството на клубот, за до крајот на сезоната достојно да се збогуваат од навивачите и од „Сан Мамеш“.
Инаку, Муниан дебитираше за првиот тим уште на 30 јули 2009 година против Јанг Бојс и постигна 75 гола за Атлетик.
Погледнете го неговото емотивно видео кое го најавува неговото заминување од Атлетик Билбао…