Контакт

Спорт

Барса има најголем буџет во Евролигата, Црвена звезда најмал

Објавено пред

Кошаркарската секција на Барселона го има најголемиот буџет во Евролигата. Барселона за оваа сезона има буџет од 41 милион евра, што е речиси петпати повеќе од буџетот што го има Црвена звезда.

Буџетот на каталонскиот клуб е зголемен кога летово беа реализирани трансферите на Никола Миротиќ, Малком Дилејни, Алекс Абринес и Брендон Дејвис.

Зад Барселона, според буџетот, е ЦСКА Москва (40 милиони евра), колку што има и Реал Мадрид, а во топ-5 уште се Химки (33,3) и Олимпија Милано (31).

На дното на оваа листа е Црвена звезда, чиј буџет за сезоната 2019/2020 изнесува 8,3 милиони евра. Шампионот на АБА-лигата е единствениот клуб чиј буџет е помал од 10 милиони евра.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Нејмар првпат по шест години го пропушта карневалот!

Објавено пред

Овој пат нема да има луди забави и улични паради за Нејмар, откако бразилскиот ас на Пари Сен-Жермен потврди дека првпат по шест години ќе ги пропушти карневалите во Бразил.

Со карневалот се прославуваат последните денови пред стартот на велигденските пости, а во Рио де Жанеиро се прославува со спектакуларни улични танци и претходно Нејмар не го пропушташе. Лани на пример, тој имаше повреда на стапалото, и во Рио беше во друштво со популарната бразилска пејачка Анита.

Овој пат, пред реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд, каде што ПСЖ ќе брка 2:1 негатива, Нејмар има поважни работи.

„Со голема среќа, објавувам дека сум надвород Карневалот во 2020. Тоа е тоа. Овој пат нема да има контроверзи. Имате убав Карнавал“, објави Нејмар на официјалниот инстаграм-профил.

Прикажи повеќе...

Спорт

Ботас предводеше 1-2 на Мерцедес за крај на првиот тест

Објавено пред

Валтери Ботас го заврши првиот зимски тест од новата Ф1 сезона како најбрз возач, откако со „Ц5“ гумите постави време од 1:15.732 на патеката „Каталуња“ покрај Барселона, најдобро време во триете дена тестирање и за 0.7 секунди зад својот клупски колега, шампионот Луис Хамилтон.

Со ова Мерцедес прати јасна порака до ривалите дека не планира да ја предаде шампионската титула и засега е апсолутен фаворит на стартот на сезоната во Мелбурн следниот месец.

Естебан Окон беше трет со Рено РС20 болидот, поставувајќи време од 1:17.102, додека неговиот колега Даниел Рикардо имаше проблеми со болидот и заврши како седми. Ленс Строл беше четврти за Рејсинг поинт со 1.6 секунди заостанување во болид кој според многумина е „копија“ на минатогодишниот болид на Мерцедес.

Ред бул можеа да се пофалат само со осмо место за Макс Ферстапен и деветто на Пјер Гасли, додека Карлос Саинс беше 11. за Мекларен. Денот не беше посебно добар за Ферари – Себастијан Фетел ја прекина утринската сесија, со што беше ограничен на под 100 круга тестирање и со само 13-то најдобро време.

Тестирањето продолжува следната среда со уште три дена на „Каталуња“.

Прикажи повеќе...

Спорт

Халеп во финалето во Дубаи со расположената Рибакина

Објавено пред

Првата носителка, Симона Халеп се пласираше во своето прво финале во 2020 година, доминирајќи над американската квалификантка Џенифер Брејди со 6:2/6:0 во полуфиналето на Дубаи шампионатот.

Халеп, која е шампионка од Дубаи од 2015 година, претходно ги доби двата дуели со Брејди, но двапати се намачи против Американката, но овојпат апсолутно доминираше – имаше 16 директни победнички топки и сам 8 неизнудени грешки во меч кој траеше само 62 минути.

Следна за Романката е Казахстанката Елена Рибакина, која стигна до неверојатното четврто финале оваа година со 7:6(5)/7:6(2) победа над Хрватката Петра Мартиќ. Рибакина победи во Хобарт минатиот месец и загуби во финалињата во Шенжен и Санкт Петерсбург и има 19 победи во 2020, најмногу од сите тенисерки, за да скокне на 19. место на ВТА листата.

„Се надевам дека ќе продолжам вака и во остатокот од годината“, вели 20-годишната Рибакина.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

(Видео) Сеопфатното сексуaлно образование ќе превенира и скандали како „Јавна соба“

Порнографските материјали на малолетници дистрибуирани преку групата „Јавна соба“ на апликацијата „Телеграм“, бременост кај малолетнички, насилство базирано кон оние со...

Македонија3 часа

Спасовски: Владата разгледува две можни решенија за надминување на кризата со пасошите

Владата разгледува две можни решенија за надминување на пасошката криза, односно „Веридос“ што е можно побрзо да ги испорача обрасцирте...

Македонија3 часа

(Видео) Коалиција Села – Гаши: Ќе го победиме Ахмети, ние стоиме на зборот за разлика од ДУИ

Под мотото „Држава за сите“, Алијанса за Албанците на Зијадин Села и Алтернатива на Африм Гаши ќе настапат заедно на...

Македонија4 часа

Мицкоски: Идната коалиција ќе биде на база на програма, а не на победник со победник

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања најави дека доколку ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите, тоа не мора да...

Економија4 часа

Запленети 113 килограми тутун и 415 кутии цигари во Скопје и Тетово

Царинската управа во соработка со Државниот пазарен инспекторат, денеска во две акции во Скопје и Тетово заплени 113 килограми тутун...

Топ5 часа

Шверцери на мигранти признаа вина, условно се казнети и ќе бидат протерани од земјава

По поднесен обвинителен акт од страна на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за предметот во кој...

Македонија6 часа

(Видео) Падна пресуда за „Змиско око“ – четворица вработени на патарините починале за време на историското судење

По 13 години низ судските лавиринти, денеска падна првостепената пресуда за веќе историскиот случај „Змиско око“. Претходно, во два наврата...

Македонија7 часа

Работниците од Кина што влегоа во државата немаат коронавирус, но ќе поминат 14 дена во карантин

Двете лица од Кина, кои се работно ангажирани од кинеската компанија „Синохидро“, а кои вчера пристигнаа во државата, немаат симптоми...

Македонија8 часа

(Видео) Русковска: Адвокатите на обвинетите за организирање на 27 април предлагаат по 300 сведоци

Шефицата на Основното јавно обвинителство за организиран криминал, Вилма Русковска, по денешното рочиште за судење на организаторите на 27 април,...

Македонија9 часа

Судење за „Монструм“: Ахмети имал информации дека момчињата не биле само убиени, туку масакрирани

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, го почна своето денешно сведочење во случајот „Монструм“ претставувајќи се како пратеник. „За овој грозоморен...

Забава9 часа

Ѓоковиќ објави екстремен предизвик на „Инстаграм“

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ објави нов предизвик на „Инстаграм“ по капењето во ледена река.   View this post on Instagram...

Свет10 часа

Дуња Мијатовиќ е против екстрадицијата на Асанж во САД

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, не треба да биде екстрадиран во САД затоа што тоа би имало ужасен ефект врз...

Регион10 часа

Јамајка демантира дека го признала Косово

Министерката за надворешни работи на Јамајка, Камина Џонсон Смит, ја демантира изјавата на косовскиот претседател Хашим Тачи дека државата ја признала...

Свет11 час

Нови 889 случаи на заразени од коронавирус во Кина

Во Кина се забележани 889 новопотврдени случаи на заразени од коронавирус и 118 починати. Од смртните случаи, 115 се во...

Свет11 час

Во април почнуваат клиничките тестирања на вакцината против коронавирусот

Кон крајот на април ќе почнат клиничките испитувања на вакцината против коронавирусот, од кој во Кина починаа повеќе од 2.000...

Свет11 час

(Видео) Украинци пречекани со камења дома кога беа евакуирани од Кина

Украинци евакуирани од кинескиот град Вухан биле пречекани од револтираните мештани, кои со камења мавале по автобусите што се упатиле...

Македонија21 час

Истрага за две лица по акцијата во која беше запленет кокаин во Сарај

Заврши распитот на лицата што вчера вечерта беа приведени во акцијата во селото Крушопек, Општина Сарај, по добиени сознанија за...

Топ1 ден

Момче прободено со нож, уапсена девојка осомничена за обид за убиство

Дваесет и тригодишен државјанин на Турција синоќа бил пронајден на излез од Гостивар, на магистралниот пат кон Тетово, со повреда од...

Топ1 ден

(Видео) Кокаинот од Колумбија бил скриен во банани, приведени се четири лица

МВР соопшти детали за запленетиот килограм кокаин по потекло од Колумбија, кој беше запленет во полициска акција во селото Крушопек...

Македонија1 ден

Јовановски до Русковска: Не се дери, ти ги знаеме гласовните способности

Половина час пред судот, првообвинетиот за „Рекет“, Бојан Јовановски, образложува зошто треба да му биде заменета мерката притвор со домашен....

Досие