Контакт

Спорт

Барса имаат намера да платат 111 милиони евра за Лаутаро

Објавено пред

Барселона ќе се обидат во летниот преоден рок да го донесат напаѓачот на Интер Лаутаро Мартинез. Сепак Барса ќе имаат голема конкуренција бидејќи интерес за Аргентинецот покажале уште неколку други клубови.

Лаутаро Мартинез зад себе има одлична сезона. Досега одиграл 26 натпревар на кои постигнал 16 голови.

Интересот за него е голем бидејќи во договорот има клаузула според која од 1 до 15 јули е достапен за 111 милиони евра.

Челниците на Барселона биле убедени дека тој би можел да биде вистинската замена за Луис Суарез. Важно е и што Лионел Меси има само пофални зборови за својот колега од националниот тим.

Медиумите во Шпанија шпекулираат дека вечниот ривал на Барса, Реал Мадрид, сериозно ќе влезе во трката за неговиот потпис.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Меси: Чудни работи се случуваат во Барселона

Објавено пред

Лионел Меси прв пат по расправијата со спортскиот директор Ерик Абидал се огласи во медиумите. Аргентинецот одговарал на прашањата на новинарот на „Мундо Депортиво“. Тој на почетокот потенцирал дека нема намера да ја напушта Барселона, сѐ додека клубот го сака.

„Ако клубот сака да останам секако дека ќе останам. Не размислувам да ја напуштам Барселона. Сакам повторно да ја освојам Лигата на шампионите“, изјавил Меси на почетокот.

Голема прашина се крена во јавноста, а особено во Барселона, кога Абидал изјави дека некои играчи го саботирале тренерот Ернесто Валверде, поради што клубот морал да му врачи отказ.

„Не знам што му се случи на тој човек, но морав да му одговорам, почувствува дека не напаѓа. Не се чувствував така само јас, туку и целиот тим. Се зборува дека јас носам играчи, менувам тренери, дека сум моќен…Секако дека имам проблем кога тоа го мисли и спортскиот директор. Неодговорно е да се каже дека играчите го смениле тренерот. Абидал е директор и тој мора да ја преземе одговорноста, тој ги носи одлуките. Не можев да дозволам да ме напаѓа. Абидал со тие зборови ме повреди мене како личност, но и капитен на овој тим. Лично ме повреди тоа што се мисли дека ја ги носам одлуките, дека јас командувам, а тоа не е вистина“, рекол Меси.

„Не знам зошто се вртат такви муабети. Ми се случуваше тоа и во Аргентина. Ме обвинуваа дека сум ги бирал селекторите, дека играат моите пријатели во репрезентацијата. Веројатно е тоа така бидејќи долго време сум на истото место. Верувајте многу пари се случувало јас да имам едно мислење, а клубот да го направи спротивното“.

Деновиве нов скандал ја тресе Барселона. Наводно претседателот Џозеп Марија Бартомеу ангажирал ПР-агенција која била задолжена да го руши угледот на Меси, Пике, Чави, Иниеста, Гвардиола и многу други луѓе поврзани со Барселона, бидејќи ја критикувале неговата работа.

Бартомеу тие обвинувања ги демантираше, а потоа имал и состанок со играчите за да ги убеди дека тоа нема врска со вистината.

„Бев малку изненаден. Претседателот ни го кажа истото она што го кажа и во медиумите. Дека не го направил тоа. Вистината е дека гледам некои чудни работи во клубот, но тие ветија дека ќе излезат и со докази. Ќе почекаме да видиме дали е тоа вистина или не. Дотогаш не можеме да коментираме. Но се согласувам дека ова е чудна тема“.

Најдобриот светски фудбалер говорел и за тековната сезона во Лигата на шампионите и се потсетил на неверојатните порази што Барселона ги доживеа во изминатите две сезони, од Рома и Ливерпул.

„Тоа се уште не можам да си го објаснам, особено она во Ливерпул. Рома се случува само еднаш, се случува да ве изненадат, но доколку тоа се случи и наредната година, тогаш за такво нешто не постои објаснување“, рекол Меси и ги посочил фаворитите за титулата во Лигата на шампионите.

„Сите противници се тешки. ПСЖ загуби во Дортмунд, Ливерпул во Мадрид од Атлетико. Мислам дека Ливерпул, Јувентус, ПСЖ и Реал Мадрид се главни фаворити сезонава“, заклучил Меси без да ја спомене Барселона во групата на фаворити.

Прикажи повеќе...

Спорт

Мурињо: Па не загубивме со 10:0

Објавено пред

Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, во свој стил го коментирал поразот од Лајпциг (0:1) во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите.

Мурињо може да биде задоволен што неговиот тим доживеа пораз од само еден гол, но и од играта што ја прикажаа неговите играчи во последните 20 минути од натпреварот.

„Ве молам, што сакате да кажете со тоа ‘вистинските Спарс’? Ајде, ајде“, одговорил Мурињо на прашањето дали неговата екипа играла добро во последниот дел од натпреварот и продолжил.

„Да бидеме поштени кон нашите момци и да кажеме дека дадоа сѐ од себе“.

Португалецот верува дека Тотенхем може да направи пресврт во реваншот во Германија.

„1:0 е 1:0, не е 10:0. Натпреварот е отворен. Нема да бидеме првиот тим што загубил дома 1:0, а потоа победил како гостин. Зошто не би го направиле тоа?“

Инаку, Тотенхем има големи проблеми во нападот. Поради повреди, до крајот на сеозната во тимот ќе ги нема Кејн и Сон поради што во врвот на нападот мора да игра Лукас Моура.

Реваншот во Лајпциг на програмата е на 10 март.

Прикажи повеќе...

Спорт

Обидот за убиство на Ковачевиќ е поврзан со местење натпревари?

Објавено пред

Шпанската полиција има нови докази за нападот врз поранешниот српски фудбалер Дарко Ковачевиќ. Шпанскиот „Ел Конфиденсијал“ објави резултати од истрагата на полицијата, кои покажува дека обидот за убиство врз Ковачевиќ било поврзано со наместени натпревари во Кипар.

Шпанската полиција корупцијата ја открила на ист начин како што го открила местењето натпревари во Ла Лига. Во таа акција биле уапсени 50-ина менаџери, играчи и судии.

Сето тоа се верува дека било поврзано со вооружен напад и обид за убиство на Ковачевиќ.

За потсетување, еден напаѓач испукал неколку куршуми во Ковачевиќ пред неговиот дом во Атина.

„Ел Конфиденсијал“ посочува дека врската помеѓу Кипар и Шпанија во целата оваа приказна бил поранешниот играч на Атлетико Мадрид и АЕК Ларнака, Хорхе Ларена.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Заев и Ципрас добитници на Меѓународна награда за мир за Преспанскиот договор

Поранешните премиери на Северна Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, се овогодишни добитници на Меѓународната награда за...

Регион52 минути

(Видео) Пријава за Јосипа Лисац поради лоша изведба на хрватската химна

Адвокатот Бошко Жупановиќ поднесе пријава против хрватската пејачка Јосипа Лисац за нејзината изведба на хрватската химна на инаугурацијата на новоизбраниот,...

Европа1 час

Детали за масакрот во Германија – напаѓачот бил екстремен десничар

Германскиот весник „Билд“ објави дека напаѓачот кој во градот Ханау во Германија синоќа со огнено оружје уби девет луѓе е...

Свет1 час

Трамп му понудил помилување на Асанж под еден услов

Американскиот претседател, Доналд Трамп, му понудил помилување на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, ако каже дека Русија немала врска со...

Економија2 часа

Пад на побарувачката за нови автомобили во Европа

Измената на даночниот систем во некои земји, нешто послабата глобална економија и неизвесноста поврзана со брегзит доведе до пад на...

Свет3 часа

Трамп го назначи амбасадорот Гренел за шеф на американското разузнавање

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го назначи Ричард Гренел, американски амбасадор во Германија и специјален пратеник за Србија и Косово, за...

Спорт12 часа

Аталанта го живее сонот со „уништувањето“ на Валенсија, Ред бул кошмар за Мурињо и Тотенхем (видео)

Аталанта пишува историја за своите фанови. Клубот од Бергамо во својот прв настап во Лигата на шампиони успеа да стигне...

Свет14 часа

(Видео) Пациентка свири виолина за време на операција на мозокот

Хирурзите во болницата „Кингс колеџ“ во Лондон отстраниле тумор од мозокот на една жена која во текот на операцијата свирела...

Регион14 часа

Црногорски државјанин евакуиран од Хубеи

Црногорски државјанин денеска беше евакуиран од провинцијата Хубеи во Кина, каде што се појави коронавирусот, со специјален лет на Владата...

Регион16 часа

Државниот обвинител на Хрватска даде оставка поради членство во масонска ложа

Главниот државен обвинител на Хрватска, Дражен Јелениќ, поднесе оставка поради членство во масонска ложа. „Се појавија инсинуации во врска со...

Топ16 часа

Полициска акција за заплена на кокаин во Сарај

Полицијата врши претреси на повеќе локации во Крушопек, село во општина Сарај, по добиени сознанија за трговија со кокаин. „Министерството...

Македонија18 часа

Владата: Решенијата на Чулев се поништени законски

Владата ја демантира изјавата на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев дека одлуката за поништување на решенијата и наредбите...

Македонија18 часа

(Видео) Обвинет во „Монструм“: Тодоровски ми даде да потпишам изјава, но не ме малтретирал

Обвинетиот во „Монструм“ Хаки Азири на денешното рочиште рече дека никогаш не кажал дека бил под тортура од ексдиректорот на...

Топ19 часа

Вработен во ПИОМ подигал пари од пензија на почината жена

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.М.(45) од с.Вејце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија20 часа

(Видео) Чулев го обвини Спасовски за фалсификат, поништил 124 решенија во МВР, без одлука на Владата

Премиерот Оливер Спасовски со фалсификат во „Службен весник“ поништил 124 решенија за распоредување во МВР оти за нив немало одлука...

Македонија21 час

„Телеком“ презел безбедносни мерки за повиците од непознати дестинации

„Македонски телеком“ ја информира јавноста дека во текот на денешниот ден се регистрирани повици од непознати дестинации кон наши корисници,...

Македонија21 час

(Видео) Има уште 3.400 пасоши, МВР формира комсија која ќе одобрува издавање само на итни случаи

Граѓаните што имаат интна потреба од пасош треба да поднесат барање за ургенција заедно со барањето за пасош. Комисија од...

Македонија21 час

Јанкулоска и Јанакиески разговараат за „Монструм“: Аматерски е што „опелот“ не е запален или фрлен во ендек

Дел од разговор меѓу Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, кој е доказ во „Монстру“, а набавен од нелегално снимените разговори,...

Свет21 час

Поранешен рагби-играч и неговото семејство изгореа во автомобил во Австралија

Поранешен рагби-играч, неговата сопруга и нивните три деца починаа во автомобил, кој беше запален во австралискиот град Бризбејн. Роуан Бакстер...

Македонија23 часа

(Видео) Јанкулоска за „Монструм“: Имаше многу шпекулации дека е криминална пресметка, но и дека се работи за имотен спор

Ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, пред судот, на рочиштето за „Монструм“, рече дека во првите моменти по убиството на...

Досие