Спорт
Барса именуваше в.д. тренер
Фудбалскиот клуб Барселона објави дека Серхи Бархуан ќе го наследи Роналд Куман. Поранешниот играч на Барселона е тренер на Б-тимот.
„Серхи Бархуан, актуелниот тренер на Барса Б, привремено ќе ја преземе одговорноста и ќе го води првиот тим. Ангажманот ќе му заврши кога клубот ќе потпише договор со новиот тренер“, соопшти Барселона.
Серхи ќе дебитира во сабота притив Алавес, а веројатно ќе го предводи тимот и против Динамо Киев, односно Селта.
Роналд Куман доби отказ по поразот од Рајо Ваљекано (1:0). Овој пораз е четврти на последните шест натпревари, во сите натпреварувања.
Каталонските медиуми тврдат дека новиот тренер на Барселона ќе биде Чави. Според нив, тој ќе го преземе клубот во текот на репрезентативната пауза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Орсато ќе го суди натпреварот во Манчестер
Италијанскиот судија Даниеле Орсато ќе ја дели правдата на реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите меѓу Манчестер сити и Реал Мадрид.
Првата средба меѓу овие две екипи на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ заврши со резултат 3:3.
УЕФА повторно му го додели дуелот на овие два тима на искусниот Италијанец, кој судел многу големи натпревари во кариерата. Еден од најзначајните е оној од 2020 година кога го судеше финалето во Лигата на шампионите.
Интересно е што Орсато беше главен судија во 2022 година, кога ја делеше правдата на дуелот меѓу истите ривали во Мадрид, кога Реал помина во наредната фаза по победата од 3:1.
Спорт
Раул Гарсија ќе се пензионира на крајот од сезоната
Атлетик Билбао објави дека Раул Гарсија ќе се пензионира на крајот од сезоната.
Фудбалерот од Навара ќе ја заврши својата долгогодишна кариера со 602 одиграни натпревари во Примера, во дресот на Осасуна (101), Атлетико Мадрид (216) и Атлетик Билбао (285), пишува „Марка“.
„Се има крај“, вели тој во прошталното видео, во кое дресовите на трите клуба ги става во плакарот.
Тој е еден од четворицата капитени на Атлетик Билбао и ќе ја носи капитенската лента до крајот од сезоната како признание од соиграчите.
Фудбалерот роден во Навара ќе наполни 38 години во јули и е многу омилен во соблекувалната, а тренерите и соиграчите ја фалат неговата посветеност и пожртвуваност.
Раул Гарсија, во професионалниот фудбал од неговото деби за Осасуна во 2004 година, зад себе остава успешна кариера. Купот (2024) со Атлетико ќе остане последна титула на кариерата.
Го освои и Суперкупот (2021) во Билбао, додека со Атлетико ја освои Ла Лига (2014), Купот (2013), Суперкупот (2014), Европа Лига (2010 и 2012) и Суперкупот на Европа (2010 и 2012).
Спорт
Ларкин одбил три милиони долари по сезона од Ефес
Еден од најдобрите кошаркари во Европа, iграчот на Анадолу Ефес, Шејн Ларкин на крајот од сезоната ќе стане слободен играч.
Намерата на клубот е да го задржи Американецот, но барем засега преговорите не одат во посакуваната насока.
Имено, турскиот клуб му понудил двегодишен договор со плата од 3.000.000 долари по сезона. Ларкин оваа понуда ја одбил, сакал подолгорочен договор, на три или повеќе сезони, бидејќи го сака животот во Турција и клубот за кој настапува.