Спорт
Барса ќе добие големо обесштетување од ФИФА за повредата на Гави

Барселона вчера ја потврди тешката повреда на 19.годишниот Гави. Фудбалерот ги скина лигаментите во десното коло на квалификацискиот натпревар за ЕП меѓу Шпанија и Грузија.
Гави беше на дополнителни лекарски прегледи, а од клубот соопштија дека фудбалерот оваа недела ќе оди на операција и ќе го пропушти остатокот од сезоната и Европското првенство.
Иако Барселона не објави кога го очекува неговото враќање, овие повреди бараат опоравување од најмалку шест месеци, а често и подолго. Секој ден од неговото отсуство Барселона ќе го наплати од ФИФА.
Според своите правила, ФИФА на Барселона ќе и плаќа по 20.548 евра секој ден, доколку тоа отсуство е подолго од 28 дена. Отштетата на Барса ќе почне да и се исплаќа на 16 декември.
Доколку Гави паузира шест месеци, Барселона ќе добие 3.000.0000 евра, а доколку не е подготвен да игра осум месеци, ќе добие 4.315.000 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Петмина од Наполи во идеалниот тим во Серија А, Спалети најдобар тренер, Кварацхелија најдобар играч

Фудбалерите на Наполи доминираат во тимот на годината во Серија А, во изборот на Асоцијацијата на фудбалерите (АИЦ).
На свечената церемонија, која има традиција од 1968 година, беа доделени и награди за најдобар тренер и играч.
Очекувано, Лучијано Спалети го предводеше Наполи до титулата и ја освои наградата за тренер на годината, а играч на годината во Грузиецот Хвича Кварацхелија.
Избран е и најдобриот тим во календарската 2023 година. Интересно најдобриот тим е составен од фудбалери на три клуба. Најмногу претставници, пет, има Наполи, а по три Милан и Интер.
Тим на годината во Серија А, формација 4-3-3:
Мајк Мењан (Милан) – Џовани Ди Лоренцо (Наполи), Ким Мин-Јае (Наполи), Алесандро Бастони (Интер), Тео Хернандез (Милан) – Станислав Лоботка (Наполи), Хакан Чалханоглу (Интер) – Николо Барела (Интер) – Хвича Кварацхелија(Наполи), Виктор Осимен (Наполи), Рафаел Леао (Милан).
#GGDC2023 ✨
La #Top11 della #SerieA Maschile 2022/23#GranGalàDelCalcio pic.twitter.com/zmJjSasHjJ— Gran Galà del Calcio AIC (@GranGalaAIC) December 4, 2023
Спорт
Ас: ПСЖ има свои адути со кои ќе се обиде да го убеди Мбапе да остане

За помалку од еден месец, Килијан Мбапе ќе може слободно да преговара со заинтересираните клубовите. Тоа значи дека ПСЖ има помалку од еден месец да го обезбеди неговиот потпис за продолжување на договорот или барем да го избегне ризикот големата ѕвезда на светскиот фудбал да го напушти клубот на крајот од сезоната без шбесштетување.
Мбапе веќе еднаш беше во слична ситуација, поголемиот дел од светските медиуми го преселија во Реал, но тогаш доби нестварна понуда од клубот да остане во Париз.
Според „Тајмс“, Мбапе добил 125 милиони евра како бонус за потпис на договорот и 250 милиони евра за тригодиешн договор.
Во Париз повторно се надеваат дека ќе успеат со таков план, а покрај огромната сума пари имаат, како што пишува „АС“, имаат и два адути во ракавот со кои ќе се обидат да го убедат Мбапе да остане во клубот.
Првиот адут е Олимпијадата во Париз, а другиот е можноста да стане најдобар стрелец на францускиот шампионат на сите времиња.
Мбапе е роден во Париз, а пораснал во блискиот Бонди и дека Олимписките игри ќе се одржат во Париз следната година. Мбапе на тој начин би можел да настапи на домашен терен како еден од тројцата играчи над 23 години.
Со голот што го постигна завчера против Ле Авр, Мбапе стигна до 179 гола во Лига 1, на 230 одиграни натпревари. 16 постигна за Монако, а останатите за ПСЖ на 189 натпревари. Рекордер е Делио Онис, кој постигна 299 гола на 449 натпревари во периодот од 1971 до 1986 година.
Спорт
Навивачите на Динамо во притвор ќе останат уште најмалку шест месеци
Навивачите на фудбалскиот клуб Динамо од Загреб ќе останат во грчките затвори уште најмалку шест месеци, објави денеска Вечерњи лист, повикувајќи се на изјавите на адвокатите.
Првата група навивачи, во понеделникот , дадоа изјава пред судот во Атина.
„Следната одлука што ја чекаме е кој ќе излезе од истражен притвор и кој ќе одговара и кој ќе оди на судење, а кој на слобода“, рече адвокатот.
Дотогаш ќе помине најмалку половина од максималниот истражен рок од 18 месеци, наведува Вечерњи лист.
Вкупно 102 хрватски навивачи се во затворите ширум Грција, каде што беа уапсени во август поради нереди ден пред натпреварот од квалификациите за Лигата на шампионите против АЕК, во кој беше убиен навивач на грчкиот клуб.
Грчкиот адвокат на мнозинството навивачи на Динамо, Атанасиос Каименакис, некогашен член на навивачката група на Панатинаикос „Гејт 13“, по завршувањето на распитот на неговите клиенти изјави дека за 60 од 90-те што тој ги застапува нема материјални докази, нема видеа, нема примероци од ДНК врз основа на кои се задржани во истражен затвор.
„Нашата одбрана е цврста, апелирам до семејствата на моите клиенти да останат смирени. Кога ги посетив Бед Блу Бојс во затворите, чуварите ми рекоа дека се крајно дисциплинирани и добро се однесуваат. Многу сум горд на нив“, изјави Каимеакис.
Меѓутоа, кога навивачите беа донесени во судот од полициската станица, тие извикуваа пцовки кон луѓето што беа собрани пред судот, пренесе Хина.
Неофицијално се дознава дека читањето на приговорите би можело да трае околу 15 дена, на што ќе работат бројни преведувачи. Пред судијата ќе се појават уште 44 членови на Бед Блу Бојс, додека останатите ќе дадат изјави во среда.