Спорт
Барса сè уште не ги регистрирала Кеси и Кристенсен

Франк Кеси и Андреас Кристенсен пред неполни 48 часа официјално беа претставени како нови играчи на Барселона. На „Камп Ноу“, овие двајца дојдоа како слободни играчи, односно клубот не плати ништо за нивните трансфери.
Кеси и Кристенсен ја задолжија опремата на Барселона, но тие сè уште не се регистрирани како играчи на славниот клуб. Причината е позната, поради финансиските проблеми Барселона мора да продава играчи или уште еднаш да ги им ги намали платите фудбалерите за да може да ги регистрира оние што ќе дојдат во клубот. Слични проблеми клубот имаше и минатото лето.
Намалувањето на платите ѝ овозможи на Барса да регистрира нови играчи минатата година, но тешко е да се очекува дека тоа ќе ги спаси и овој пат. Поради тоа се очекува Барса да продаде неколку играчи, чија цена на фудбалскиот пазар не е поголема од 10 милиони евра и еден играч чија вредност се проценува на повеќе од 60 милиони евра, најверојатно тоа ќе биде Френки де Јонг.
Сè додека не го направи тоа, Барселона нема да може да регистрира нови засилувања, како што веќе е случајот со дуото кое оваа недела пристигна на „Камп Ноу“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Шкупи со победа ја започна одбраната на титулата

Актуелниот шампион на Македонија, Шкупи, со победа ја запона одбраната на титулата. Првиот меч во новата сезона, поради европските обврски, Шкупи го одигра во рамките на второто коло.
Избраниците на Гоце Седлоски, славеа победа од 2.1 против Македонија ЃП.
Фудбалерите на Шкупи во интервал од три минути, во второто полувреме ја обезбедија победата.
Трпановски го постигна првиот гол во 67., а Цефас вториот во 70.минута.
Единствениот гол за Македонија ЃП го постигна Скендери.
Шкупи сега ќе му се посвети на натпреварот со Балкани, во плејофот во Конференциската лига.
Фото/facebook.com/fcshkupi1927
Спорт
Еспањол во 98.минута освои бод во Виго

Фудбалерите на Селта и Еспањол одиграа нерешено 2:2 во вториот натпревар оод првото коло во Примера.
Тимот од Виго беше блиску до победа, но гостите изедначија од пенал во осмата минута од судиското надополнување.
Капитенот на Селта, Јаго Аспас, му донесе водство на својот тим во судиското надополнување на првото полувреме, кога од тешка позиција ја погоди малата мрежа.
Предноста на Селта ја зголеми Пасиенса во 63. минута, кога го реализираше центаршутот на Галан.
Експозито ја врати надежта кај гостите со голот во 72. минута, а Хоселу на дебито за новиот клуб рутински реализираше пенал во 98. минута.
Спорт
Резил на Манчестер јунајтед во западен Лондон

Кошмарот на Манчестер Јунајтед продолжи и на дуелот со Брентфорд. „Црвените ѓаволи“ по првото полувреме, на гостувањето во западен Лондон имаат негатива од четири гола.
Избраниците на Ерик тен Хаг не знаат што ги снајде, а само чудо може да ги спаси од нов пораз, по воведниот против Брајтон (1:2).
Како ќе се одвива првото полувреме покажа 10.минута, кога Дасилва шутираше, а топката на му мина низ рацете на Де Хеа и заврши во мрежата.
Во 18. минута шпанскиот голман непотребно му ја додаде топката на Ериксен, кој беше во својот шеснаесетник со играчот на грб. Го загуби дуелот, а Јенсен набрзо ја удвои предноста на домашните.
Очајниот половина час на Јунајтед го „запечати“ Бен Ми во 30. минута, кога погоди по корнер.
Четвртиот гол Брентфорд го постигна во 35. минута, кога Мбеумо погоди по контранапад.