Спорт
Барса уште ги отплаќа Кутињо и Пјаниќ – должат 115 милиони евра за трансфери

Барселона уште им должи 115 милиони евра на разни клубови за трансфери на фудбалери во последните неколку години и покрај тоа што успеала да ги намали долговите кон клубовите за 28,4 проценти, тврдат шпанските медиуми.
Претседателот Жоан Лапорта и генералниот директор Фран Ревертер в среда ќе ги објават деталите по последната финансиска проверка на клубот, но ова е детаљ што наводно е обелоденет во јавноста.
Според овој клуб, Барса должи 39 милиони евра на Јувентус за Миралем Пјаниќ, 32 милиона евра на Ајакс за Френки де Јонг, дополнителни 16 милиони евра на Ајакс за Сержињо Дест и 13 милиони евра на Ливерпул за Филипе Кутињо. Ова е вообичаено за големите клубови, кои големите трансфери ги исплаќаат на рати, но проблемот кај Барса е височината на сумата.
Барселона има загуба од 481 милион евра за сезоната 2020/2021, а буџетот за новата сезона е намален од предвидените 1.047 милиони евра на 765 милиони евра. И покрај тоа што ја намали сумата што ја дава за плати за 24 отсто, на 470 милиони евра, загубата во последните две години е 578 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Баерн Минхен го претстави Жоао Кансело

Португалскиот репрезентативец Жoao Кансело е нов фудбалер на Баерн Минхен. Тој дојде од Манчестер Сити на позајмица до крајот на сезоната.
До неодамна Кансело беше исклучително важен играч во тимот на тренерот Пеп Гвардиола, но дојде до незадоволство кај фудбалерот откако беше резерва во тимот во изминатите неколку седмици.
Кансело има и откупна клаузула од 70 милиони евра која Германците ќе треба да ја платат доколку сакаат да го задржат и по завршувањето на сезоната.
🔴⚪ Hier mag euch jemand 𝓢𝓮𝓻𝓿𝓾𝓼 sagen! 👀✌️ #ServusJoão
🔗 https://t.co/Zl8900o30p#MiaSanMia #FCBayern pic.twitter.com/OppwjX5TW6
— FC Bayern München (@FCBayern) January 31, 2023
Спорт
РФМ ги донираше финансиските средства од хуманитарниот меч „Сите ѕвезди“ во СОС Детско село

Челниците на Ракометна федерација на Македонија, претседателот Живко Мукаетов и генералниот секретар Филип Милошевски го посетија СОС Детско село. Ветувањето е остварено, донацијата од настанот „Сите ѕвезди“ ќе заврши кај оние што им е најпотребна.
„Вкупниот износ кој е собран од продажбата на билети за хуманитарниот ракометно музички спектакл одржан на 3 јануари 2023 година во организација на Ракометната федерација на Македонија, изнесува 1,372,550 денари, која сума ќе биде донирана на организацијата „СОС Детско село“.
„Сите Ѕвезди за СОС Детско село“ го славеше ракометот, го славеше спортот. Победи човечноста и хуманоста. Заедно покажавме дека македонската нација е хумана, а спортот има посебна моќ да нѐ вивне во височините и да ни пружи уникатна доза на среќа.
Сакајте го и негувајте го македонскиот спорт“, потенцираа од РФМ.
Спорт
Данска ги пречека ракометните херои

Данска ги пречека ракометарите кои направија неверојатен успех откако третпат по ред ја освоија светската круна. Тоа предизвика голема еуфорија во центарот на Копенхаген каде повеќе од 20.000 фанови се собраа да им оддадат признание за големиот успех.
Данска ја победи Франција во финалето на Светското првенство, а селекторот Николај Јакобсен и ракометарите добија овации на пречекот.
„Ова е најголемиот момент во мојот живот. Ова не се опишува со зборови. Благодарност до сите што ни приредија ваков пречек, а ние ќе се трудиме и во иднина да ве радуваме“, изјави голманот Никлас Ландин.
Young guns 💪🏻
🎥: @TV2SPORTdk #handball pic.twitter.com/BFSrIszoB8— Rasmus Boysen (@RasmusBoysen92) January 30, 2023