Контакт

Спорт

Бартомеу: Ништо од Нејмар и Лаутаро ова лето

Објавено пред

Претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу ги потврди шпекулациите дека клубот нема да се обиде да го врати Нејмар на „Ноу Камп“, ниту да го донесе Лаутаро Мартинез од Интер поради финансиското влијание на корона кризата.

Нејмар беше блиску до враќање во Каталонија минатата година, кога Лионел Меси јавно побара да се одвојат средства за Бразилецот, но тоа не се оствари, и сега Бартомеу признава дека големите зделки ќе почекаат друго време.

„Во оваа ситуација, тоа е неостварливо. Ниту ПСЖ сакаат да го продадат, бидејќи е еден од најдобрите на светот, ниту постојат средства. Минатото лето беше многу тешко, но овојпат нема да се обидеме. Ситуацијата е јасна – клубот загуби 200 милиони евра од март до јуни, а во 2020/21 очекувавме приход од 1.1 милијарди евра, но оваа сума ќе биде намалена за најмалку 30 отсто. Ако ситуацијата со пандемијата не стане подобра, нема да има публика, музеј, продавници и ќе продолжат загубите. Мораме да се адаптираме“, вели Бартомеу во интервју со каталонскиот весник „Спорт“.

Барса нема пари – Бартомеу ги прекинал преговорите со Интер за Лаутаро



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

ЛШ: Нант и Лазаров со голема победа во Кил, Веспрем го уништи Загреб

Објавено пред

Нант на Кирил Лазаров стигна до импресивна и помалку неочекувана 27:35 победа на гостувањето кај Кил за прва победа во второто коло од групата Б во ЕХФ Лигата на шампионите, каде што Веспрем се промовира во прв фаворит со убедливиот 37:25 триумф над Загреб.

По првите десетина минути на израмнета игра, Нант од 6:6 стигна до 10:6 водство, кое потоа не го испушти до крајот на мечот. Валеро Ривера беше апсолутно фантастичен за Нант со 10 постигнати гола, Фигуераш додаде шест, а македонскиот капитен Лазаров имаше два постигнати гола. За нерасположениот Кил, Хендрик Пекелер и Сандер Сагосен постигнаа по четири гола.

Во Унгарија, пак, Веспрем не му даде ниту мала шанса на Загреб, кој овој пат загуби со 12 гола разлика откако во првото коло Кил го победи дома со 10 гола разлика. Фати Омар имаше шест гола за унгарскиот клуб, Петар Ненадиќ додаде пет, а за „плинарите“ најефикасен беше Матеј Хрстиќ со шест гола.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ, 2. КОЛО

Веспрем – ППД Загреб 37:25 (18:12)

Кил – Нант 27:35 (12:15)

Прикажи повеќе...

Спорт

Навивачка на Рома се разбудила од кома со помош на Тоти

Објавено пред

Од Италија доаѓа навистина неверојатна приказна – една навивачка на Рома се разбудила од кома кога добила видеопорака од легендата на клубот, Франческо Тоти, јавува весникот „Ла Република“.

19-годишната Иленија Матили имала страшна сообраќајна несреќа со удар во дрво во декември, во која животот го загубила пријателката на Иленија, Мартина Оро, која била возач. Иленија, страстен навивач на Рома, но фудбалерка на јуниорската школа на Лацио, веднаш била однесена во клиниката „Гемели“ во Рим.

Таа добила страшна повреда на главата и била поставена во медицински индуцирана кома девет месеци, а нејзините родители честопати ѝ ја пуштале химната на Рома и, чудесно, пораката од нејзиниот идол Тоти.

„Твојот фантастичен глас, заедно со страста, љубовта што Иленија секогаш ја имала за Рома, помогна таа да се разбуди, да ја врати насмевката и очите да ѝ бидат полни со радост и светлост“, вели таткото на Иленија за „Ла Република“.

Семејството на Иленија сака да се сретне во живо со Тоти за да му се заблагодарат.

Прикажи повеќе...

Спорт

Направена ждрепката за Ролан Гарос – Мареј веднаш на Вавринка, Тим стартува против Чилиќ!

Објавено пред

Енди Мареј ќе се сретне со уште еден тенисер со три гренд слем титули зад него, Стен Вавринка во првото коло на Ролан Гарос откако беше одредена ждрепката на францускиот гренд слем. Британците немаа многу среќа во ждрепката – нивната најдоброрангирана тенисерка, Џоана Конта во првото коло ќе игра со американската тинејџерка Коко Гоф.

33-годишниот Мареј се враќа на Франција опен првпат откако имаше две операции на колкот, а интересно негов последен меч на терените во Париз беше токму против Вавринка, кога загуби во полуфиналето во пет сета.

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ во првото коло ќе се судри со Швеѓанецот Елијас Имер, а најинтересниот дуел во првото коло несомнено ќе биде тој на актуелнио шампион од САД опен, Доминик Тим против поранешниот шампион од Њујорк, Марин Чилиќ. Рафаел Надал е во половината на ждрепката каде што е и Тим, и почнува против Русинот Егор Герасимов.

Серена Вилијамс го започнува турнирот против сонародничката Кристи Ен, додека светската тенисерка број 2, Симона Халеп игра против Шпанката Сара Сорибес Тормо.

Турнирот пред ждрепката потврди дека се повлекле Канаѓанецот Милош Раонич и Швајцарката Белинда Бенчич.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Гутереш: Вирусот се шири во сите правци, потфрли заедничката соработка

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска изјави дека светот не успеал да соработува во борбата против пандемијата на Ковид-19....

Топ3 часа

(Видео) Во Визбегово пронајдена мини лабораторија за масло од канабис, уапсени три лица

Попладнево, околу 15 часот, Единицата за недозволена трговија со дрога извршила претреси во скопско Визбегово, при што пронајдена била мини...

Европа4 часа

Додека Навални закрепнуваше во Берлин, во Русија му го заплениле станот

Сметките на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални се замрзнати, а неговиот стан во Москва е одземен додека тој во болница во...

Македонија5 часа

Двајца починати и 152 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаја на...

Македонија6 часа

Владата ќе го разгледа барањето за продложување на породилното отсуство

Владата ќе ги разгледа барањата на родителите кои предлагаат времено продолжување на породилното отсуство за месец или два и ќе...

Свет7 часа

Ниту едно вакцинирано лице во Москва немало компликации

Не се забележани компликации кај ниту едно од 3.000 лица кои биле вакцинирани против коронавирусот во Москва како дел од...

Македонија8 часа

Врховниот суд ја потврди 4-годишната казна за Сеад Кочан

Врховниот суд ја потврди 4,8-годишната казна на Сеад Кочан за случајот „Труст“, која од Апелација му ја намали од изречените...

Македонија8 часа

Рангелова: Ја докажав правдата и слободно можам да се пресметам со тие кои ме обвинуваа

Експратеничката Даниела Рангелова, која е ослободена во предметот „Насилство во Центар“, по судењето, на сведоците кои лажно сведочеле против неа...

Македонија9 часа

Царовска на средба со наставниците: Важно е наставата да почне и покрај сите предизвици

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, и заменик-министерот Арафат Шабани со градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, и претседателот...

Свет9 часа

(Видео) Насилни протести во САД поради случајот со Бреона Тејлор, ранети се двајца полицајци

Двајца полицајци од Луисвил, во американската држава Кентаки, беа застрелани во средата вечерта во центарот на тој град среде масовни...

Регион11 час

Земјотреси во Албанија и во Грција

Во Албанија утрово е регистриран земјотрес со јчина од 4,3 степени според Рихеривата скала, а земјотрес од 4,1 степен ја...

Топ11 час

Маж загина по пад од покрив

Педесет и шестгодишен маж од село Злетово почина во болница, откако претходно паднал од покривот на куќата додека го чистел...

Македонија11 час

Николоски: Заев нема да ме замолчи да зборувам за „Рекет“, денес ме тужеше, а не дојде на суд

Денес најмоќниот човек во државата, премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, ме тужи за клевета, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар...

Македонија11 час

Фетаи ја ослободи Рангелова во „Насилство во Центар“

По три и пол години судења, обвинителката Фатиме Фетаи го повлече обвинението против експратеничката Даниела Рангелова, но и против Борче...

Македонија12 часа

Судењето за случајот „Меѓународен сојуз“ одложено за во октомври

Судењето за случајот познат во јавноста како „Меѓународен сојуз“ се одложува за во октомври. Како што соопшти кривичниот суд, главната...

Европа13 часа

Грците осудија двајца Руси на по 300 години затвор

Двајца Руси се осудени во Грција на по 300 години затвор за нелегален транспорт на мигранти, изјави потпретседателот на Комитетот...

Македонија14 часа

Комплетиран владиниот кабинет, избрани 16 заменик-министри

На предлог на претседателот на Владата, Зоран Заев, Собранието ги именуваше заменик-министри во Владата. Башким Хасани е избран за заменик...

Европа14 часа

Британската полиција заплени еден тон кокаин вреден 128 милиони долари

Британската полиција заплени речиси еден тон кокаин скриен во гајби со овошје од Јужна Америка и уапси двајца мажи. Вредноста...

Свет14 часа

Фаучи: Нормален живот на крајот на наредната година

Во Италија расте бројот на заразени со Ковид-19, па во последните 24 часа откриени се 1.670 нови случаи на инфекција,...

Свет1 ден

Уапсен германски лекар кој снимил силување на пациентка

Уапсен е болнички лекар од евангелистичката клиника „Бетел“ во Билефелд под сомнение дека им давал седативи на жени што доаѓале...

Досие